Ми монтираа инвертер клима уред пред некој ден ама не ме грееше задоволително (да не речам воопшто... на надворешни 7-8 степени едвај имав 18-19 во салон, над тоа немаше шанса да крене ни на подесени 30 степени на фул брзина вентилатор). Барајќи низ нет, наидов на препорака да се отвори капакот и да се остави да работи така за да се забележи промена - и оп промена, почна да грее. Изгледа баш како што се сомневав, уредот е монтиран премногу блиску до плафон, безмалку залепен, па немало доволно струење на воздухот. Од тогаш капакот го држам отворен постојано и си ја користам климата, ама се плашам да не и направам некоја штета со ваквиот начин на користење.
Прашањето ми е дали можам да и направам некаква штета со користење со отворен капак, барем додека не дојдат да ми ја ремонтираат следнава недела? И дали да се надевам дека би се подобрило (за малку барем) греењето откако ќе се спушти подолу уредот и затвори капакот или исто би останало греењето или да заборавам на тоа - волку загрева климава?
Кој ми ја монтирал и каков клима уред небитно засега