Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.513
Се додека има народ што плаќа, инвеститорите ќе бараат висока цена, а еве и покрај толку многу градби и таков хаос каков што е направен зграда до зграда без никакви зелени површини, со катастрофа улици каде од паркирани возила не можеш да поминеш и без места за прошетка, имаш луѓе спремни да искешираат над 1000 евра за метар квадратен. Пишаа и погоре, толку е се пропаднато и несигурно, што единствено каков таков постабилен начин за влог на парите останаа недвижностите (ова важи за Скопје), за помалите градови со исклучок на Тетово, Охрид, Гостивар и пазарот на недвижности е катастрофа.
Втор фактор ти е што се е стационирано во Скопје, па сакал или не тој што останал да работи после факултет во Скопје, ќе мора да купи и стан, за нијанса е поголема ратата за кредит од она што треба да го плати како месечна кирија, само што ова ќе му остане откако ќе го исплати.