Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Фиром е референца бе труп, името на државата е Македонија.
ТРУП , тоа сакам да и го објаснам нa набањативе кои се фатиле дека ќе се продавало име.
Убаво им напишав дека ФИРОМ е референца која не кочи многу, на сите настани на кои учествува Македонија сме претставени како Фиромјани.
Во кошарката на дресовите ни името го немавме како сите други земји, затоа и напишав што подобро се спасиме од ФИРОМ толку подобро.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.898
Поени од реакции
23.299

Како ти фаќа умот на пример за Румелија или да бидам попрецизен Република Румелија.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Нека не примат под ФИРОМ, што се комплицира толку?
Нејќат ни така.А веќе сме во ОН така, 22 годинк со 'привремена референца'.
Веројатно РОМот им е крив.Па нешто со додавка, ако воопшто и така им е 'по желба'.
И за целосна употреба и дома и на гости.И да се викаме Новомакедонци, Горномакедонци, Северномакедонци...со новомакедонски/северномакедонски јазик.

И ова менете го името за ЕУ и НАТО, класична уцена во нормален свет, ама ние (и комшииве) не сме ич, па ајде некој попаметен.За потврда дека не е до никакви реални услови и критериуми.Да не вртиме стари плочи Бугарија, Романија...па и Словачка, дел балтички делумно.Каква економија и општп услови имале.Уствари сите од тој кош, ама ете ние немаме спонзор, поддршка за влез.Наместо јака, упорна дипломатија, 27 години се замарале само каква кола службена ќе возат и колку проценти.

На крај, каква гаранција имаме ние дека нешто ќе е точно од нивните ветувања?
А и да се, само колку целосно да избегаме по Европа со наш пасош после, досега одиме на малку потежок начин.

Ги фатило бес комшииве и ај сега на карта иредентизам и територијални претензии.Малку е смешно да се плашат од нас како за земја со прва или втора најголема армија на Балканов.
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Како ти фаќа умот на пример за Румелија или да бидам попрецизен Република Румелија.
Јас само сакам да се реши спорот со Грција и да почнаат да не нарекуваат Македонци и да ја снема референцата Фиром.
Желба ми е кога на меѓународни настани ќе не претставуваат како Македонци а не како Фиромјани.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.898
Поени од реакции
23.299
Јас само сакам да се реши спорот со Грција и да почнаат да не нарекуваат Македонци и да ја снема референцата Фиром.
Желба ми е кога на меѓународни сцени ќе не претставуваат како Македонци а не како Фиромјани.
А му кажа на Дедо Мраз што сакаш за нова година? Побрзај оти ене кај е 1 Јануару, ќе нема време да ти ја исполни желбата.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Јас само сакам да се реши спорот со Грција и да почнаат да не нарекуваат Македонци и да ја снема референцата Фиром.
Желба ми е кога на меѓународни настани ќе не претставуваат како Македонци а не како Фиромјани.
Од увек ми биле чудни фаци како тебе што само на спортски натпревари носат знамиња и стануваат на македонска химна.....некоја неостварена желба да се покаже патриотизам што у реален живот не се може и не се сака....крајно изопачено а феномен кај повеќе од пола македонци.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.410
Поени од реакции
7.866
Викај ме како сакаш!
Бранко Тричковски

Референдумот е демократски институт кој во средините што не се политички, културно и социоекономски консолидирани над нивото на флотантната маса на залудени и заблудени поединци, може да биде акцелератор на самораспаѓачката деструкција. Опасна авантура. Фактор на општиот хаос. Независно од благородноста на целите или во тесна поврзаност со целите што разорната моќ на општеството ја прават правопропорционална на благородноста на идеите за кои се гласа.

Тоа е првата мисла што ми дојде на ум откако во растојание од неколку денови имав можност да се запознаам со заложбите на министерот за надворешни работи Димитров и на портпаролот на Владата, Бошњаковски, во прилог на идејата да се организира референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за можните промени на името на државата. Еве ги и другите тези што ги закачувам на вратата на црквата во „Слободен печат“.

Македонското општество е разорено, физички е разорено на лутачки поединци, ментално е разорено на обездуховени субјекти, културно е сјебано толку што не знае да го разликува говното во Музејот на смртта, од Микеланѓело во Сикстинската капела, политички е располовено во еуфоријата од крахот на заробената држава и разочарувачките почетоци на слободата, обезидентитетирано е до мера што нема претстава на што, всушност, ќе треба да одговара на тој факинг референдум, самото на себе си ја има одземено деловната способност, пишував за тоа пред некој број, не е во состојба да носи рационални одлуки за себе и за своите.

Името како територијалната поделба

Дали, можеби, претерувам? Не, се разбира, дури ми се чини дека сум преблаг. Општествените дискурси, резони и интереси се формираат на начин што се стреми да го држи општеството десубјективизрано, односно заробено, со тенденција општата боја и букето во заедничката чаша да ја даваат најнеписмените и најглупавите, најподложните на ефтина корупција, најприемчивите за евтините прикаски на разните популисти, шовинисти и фашисти, работа што беше овозможена со дезелитизацијата на општеството и со присуството на најопшто достапните медиумски платформи на социјалните мрежи и евтините телевизии. Впрочем, нели беше така што ние на референдуми го биравме злото, толку години!? Мене ми се чини дека промените во општествата го дисквалификуваат референдумот за капиталните прашања, какво што беше прашањето за излегувањето на Британија од Европската Унија, да речеме, или референдумите во Инџиково и во Штип против мигрантите! Хахаха! Или елементите на закоравеноста, на непроменливоста, како кога властите во Манаус би организирале референдум со прашањето дали амазонското племе што се вика Ма Ке Дунија, сака да му се инсталира кабловска телевизија и апликација на македонскиот здравствен и пензиски систем!

Политичкиот пораз на злосторничкото здружување на ВМРО-ДПМНЕ е голем подвиг кој, веројатно, говори во прилог на идејата за референдумот, но не треба да се заборави дека општествената и менталната инсталација на злото е жива и дека таа инсталација, таквите прилики, каква што е референдумот, нема да пропушти да ја искористи за нова агресија врз општите работи и за своја политичка рехабилитација. Името овој пат ќе биде тоа што пред 13 години беше територијалната поделба. Со други зборови, ние немаме само луѓе и структури што се против промена на името, тоа е сосема легитимен став, туку имаме непријателска терористичка организација која во камионот на референдумот ќе сака да прошиша низ Македонија како оној лудак низ крајбрежното шеталиште во Ница.

Искуствата со референдумите се предупредувачки. Оној од 1990 година ја легитимираше политичката волја за независна држава, но во формулацијата на самото прашање мораше да се одговара на предизвиците на политичката култура кои го доведуваа во прашање позитивниот исход на сенародното изјаснување.

Референдумот против територијалната поделба од 2004 година не успеа поради ниската излезност на граѓаните, резултат што беше остварен, се сеќаваме, со помош и на интервенција на Соединетите Држави во форма на признавање на уставното име. На крилата на тој референдум зрееше самоубиствениот нагон на општеството кој четири години подоцна, на бранот на антиалбанизмот и антиевропеизмот, ќе ги донесе злосторниците од ВМРО-ДПМНЕ и нивната програма за заробување и деструкција на државата и на заедницата на власт.

Ние сме општество кое на очиглед на сите злосторства што му ги направи злосторничкото здружување на ВМРО-ДПМНЕ во текот на последните единаесет години, најмногу гласови и пратенички мандати на последните парламентарни избори и даде на инсталацијата која му ја беше затегнала јамката околу вратот. Тоа што на локалните избори направи апсолутен отклон од злото, не ја релативизира, уште помалку ја преиначува горната забелешка, туку ја потврдува опасноста на која општеството е спремно да се изложи самото себе. Зошто власта мисли дека таква маса може да има свест за себе во темата за името!?

Корумпирање на злото

Не верувам дека Македонецот ќе прифати државата да му се вика Јужен Нил или Нова Македонија, што значи дека референдумот би имал смисла само ако ја овластува државата да постапува спротивно на волјата на граѓаните. Тоа е генерален проблем на вакви интимизирани средини: напредокот може да се оствари само како акт против луѓето во тековната димензија на нивните плитки интереси и на преблиските хоризонти. Референдумот ја нагласува епската важност на едно, во суштина, техничко прашање. Тој ја нагласува причината поради која потонавме во овие говна, а не добитната комбинација која се состои од релаксирање на важноста на прашањето и од прашањето.

Но, што да се прави кога се уште не е измислено подобро решение од референдумот? Ако е тоа стандард на кој ќе инсистира меѓународната заедница, а не само нашиот патетичен дух, тогаш е важно да се кажат неколку работи. Мора да се тргне во акција за морално, политичко и културно рехабилитирање на општеството. Меѓу другото на начин кој ќе му покаже дека неговата модерна конституција не зависи од чувањето на името и од слични тралалајки на кои го навлекоа корумпираните елити, туку во ослободување од тие срања. Тоа, пак, мора да биде само еден аспект на вкупните културолошки промени, промени во саморазбирачкиот код, во имагинариумот на овој народ, похрабро, поослободено, поркерски... Не гледам таква активност и ориентација во рамките на концептите и доктрините на новата власт, односно, не гледам концепти и доктрини...

Без тоа референдумот е опасна алатка.Второ, ако веќе се оди на референдум, мора да се обезбеди неговите резултати да бидат ослободени од елементите на политичката корупција. Македонија не смее да си дозволи да го корумпира злото за да добие посакувани референдумски резултати! Таа не смее да биде резултат на корупцијата. Таа мора да го совлада злото без остаток. Инаку, може да се вика како сака!
Дефинитивно единствени автентични левичари, доследни на идеологијата се овие нашиве, ниту Сириза ниту Комунистичката Партија на Грција не може да се токми со нив.
Како бе нема некој грчки политичар од лева идеолошка провиниенција, ете од позиција на Вицепремиер да даде изјава дека ние македонците се народ, постојат и дека треба да бидеме признаени како такви? Ако ништ одруго дека не постои релана опасност од наша страна во наредниот милениум. Не се начитани изгледа како нашите.

Сигурно Заев има поголема индоктринација од Ципрас, подобро е идеолошки поткован.

Како нема во Бугарија исто левица доследна на идеологијата, туку се инсистираше на еден така шовинистички договор према македонското малцинство таму?

Проблем е за едноклеточните партиски подлизурковци голата вистина, како пеницилин им делува, а тие пак алергични се на него и паѓаат во анафилактички шок, тоа ти е кога на вмровец ќе му кажеш дека Бранко Црвенковски од позиција Претседател на РМ, 2008 стави вето на еден помалку амбициозен закон за употреба на јазици од сегашниов, претходно договорен со најголемите патриоти шо оделе по земјата македонска.
Од друга страна истите ликови кои во 2004 тврдеа дека ништо не се губи со територијалната реорганизација, сега истото го тврдат за законот за албанизација.

Уште да има некој стискавец јавно да каже новото име е ерга омнес, јазик и националност исто така се менува во пакет.
Комисија за ревизија исто како со Бугарија повеќе од сигурно.

Може еден Референдум за членство во НАТО со прашање:

Дали прифаќате членство во НАТО под услов да:
Се откажеме од постоењето на македонско малцинство во Бугарија, редифинираме во јазична федерација и на крај промена на Уставно име и кој знае уште што, па да видиме дали ќе помини.

НАТО постои од 1949, ние веројатно сме нешто постари, а сме преживеале баеги полошо како народ.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099

tl;dr
`nekoi prasanja ne zasluzuvaat odgovor` pt.2?
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
interesno, koga gi detektiravme i rugavme vmrovskite vmroni ondak bese `kul` i `avantgardno`
sea koga gi detektirame i rugame sdsmovskite vmroni, ondak e nesoodvetna sodrzina i se brise?
bravo
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom