изгледа нема институција што не настрада.
Гордан Николов: Она што го затекнав во Музејот на Македонија беше ноќна мора
Тоа што го затекнав како в.д. директор е ноќна мора на секој менаџер од областа на музејската дејност пред сè. Прво, Галеријата на икони (прогласена за културно наследство од особено значење) беше во катастрофална состојба, бидејќи претходното раководство четири месеци криело од јавноста дека е паднат дел од таваницата, а иконите беа симнати и оставени на подот и потпрени по ѕидовите и стаклата во галеријата, оставени без соодветни микроклиматски услови. Влезот во просториите пред документацијата беше поплавуван од водата од кровот 10 години поради несоодветно инсталирање на системите за вентилација. Истата вода пробива и до влезот на музејот во административната зграда во приземјето, така што кога врне, во службениот дел треба да се влегува низ вода.
Голем дел од стаклата во изложбените сали беа искршени од земјотресот од септември 2016 и беа оставени како такви. Затекнав околу 100.000 различни сувенири од проектот Скопје 2014 за кои се потрошени преку 300.000 евра, кои зафаќаат 25% од изложбените сали на музејот бидејќи истите се пренаменети во магацини.
Галеријата на икони како што веќе наведов беше во катастрофална состојба, односно иконите беа оставени во целосно несоодветни услови, што претставува целосно вулгаризирање на нивната културно историска вредност со тенденција целата ситуација со нив да се заташка, односно затскрие.
Би сакал да напоменам дека е во тек санација на дел од покривот над документацијата кој протекуваше и ја загрозуваше целокупната документација на музејот