Излишни се дебативе за капацитетите и профилите на лидерите и партиите. Овој е тој што е аминуван од Кале за нов лидер и они ќе решат дали, кога и како ќе дојде на позиција премиер, исто како што решија за Груевски и како што решија за Заев, без разлика на илузиите дека некој бутнал режим со пенкало.
Груевски беше човек со харизма на леш- па фино си истера 10 години, Заев има појава на продавач од бувљак па еве го, памтам, кога дојде на чело на СДСМ му се смееше цела бихаќка, ама го фатија го исшлифаа, го поднаучија по нешто и еве го.... има по некоја трага од стариот Зоки во облик на “закукуљено замумуљено'' и слични архаизми, ама тоа не е битно кога он е избраниот.
Овој Мицковски е донесен да го амортизира и тој минимален отпор што би се појавил во ВМРО од тековнава распродажба и размонтирање на државава ( во СДС отпор нормално дека нема) и да одработи за намалена казна или слобода за Груевски.
После силувањето, Груевски ќе биде тој што се борел до последно за Македонија, Заев ќе биде тој што не внел во некој од сојузите, Мицковски тој што ќе го наследи откако ќе му пушти вода Калето на Заев како на говно у шоља.
Се ќе си се поклопи, сите среќни и задоволни... само ние од нација ќе станеме заедница.