Редовна војска повторно?

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.263
Ја стојам зад тоа дека конзервите месни беа од 71-ва и 70-та. Бев великодушен кон досадното човече и му понудив чак и сведок за тоа.
Ти го крстиш тој ти прди :facepalm:
Добро ајде нека ти биди дрнчот е мешавина на сите јадења од цела недела собрани во едно буре и затоплени така малце а конзервите се од 1970 па нагоре.[DOUBLEPOST=1511126506][/DOUBLEPOST]
Епа размисли малку што би можело да биде кога деца од 18 години од двете страни би имале достсапно оружје.Колку и да се глуми соживот се знае дека има голема омраза.
Нема јас што да размислувам , сум бил , сум служел и знам како е.
Ти имаш служено па вака што си сигурен или си претпоставуваш од многу филмови гледање.[DOUBLEPOST=1511126792][/DOUBLEPOST]
Врска немате ниеден.
Имам служено во Илинден и ќе ви кажам следно.
Конзерви месни нарезаци и паштети се дава регуларно за поручек/вечера или кога си на терен. Беа со ознака на самата метална конзерва од долна страна за телешко/свиснко. Да нема забуни кај муслимани и христијани.
А добро што му зборам јас цело време ?
Дрнчот што го спомнувате не е ни од збираници ни од незнам што. Се работи за класично војничко јадење со прав назив. Босански лонец. Главна состојка беше зелка, пиперки патлиџани и уште незнам што. Месо не ставаа него се беше така ситно исецкано и имаше чуден вкус така што многумина го избегнуваа да го јадат.
Исто и за ова, во конзерви идеше готово полузготвено од се и сешто во него од зеленчук само немаше месо. Шо викаме ние бучкуруш.
Ама ете запнале тоа било па тоа и шо ке му прајш. На чоек со сила можеш само да му земиш, да му дајш неможиш. Дајму ке го фрли :(
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Моментално Армијата на Република Македонија нема доволно ресурси за да работи со редовна војска.

Како прво единствено место за обука е во касарната Алексо Демниевски - Бауман во Велес и кој бил таму знае колку е максималниот капацитет на војници нека земе нека ја спореди таа бројка со колку лица годишно полнат 18 години и се ќе ви биде јасно,а идеа за отварање на нова касарна можете слободно да ја забравите бидејќи тоа кошта многу повеќе него годишниот буџет на МО и повторно отварање на старите касарни излегува од прозорец бидејки се продадни.
Понатаму имаме недостаток од опрема,а во МО се врти идејата дека униформите и чизмите се инвестиција,а не потрошен материјал и се додека така се размислува ќе немаме доволно за сите војници.Рачунајте 1 војник треба да има задолжено минимум 2 пара униформи и 1 пар чизми кои имаат релативно мал работен век (со новиот "квалитет") тие униформи ќе траат 1 генерација со што ќе треба да се набави нова униформа,а АРМ нема набавено нова опрема со години наназад и изгледа не разбираат дека тоа е константна обврска.
Да продолжам со другите проблеми е тоа што униформите и постелнините не се перат додека служиш воен рок бидејќи воената перална не работи на некои генерации после 1 месец им ги сменија униформите и постелнините со други од магацин,а старите ги враќаат назад другите генерации целиот месец во Велес остануваа-остануваат со никакви униформи потоа кога одат на стража кога ги пуштаат за викенд МОЖЕБИ ќе им одобрат да изнесат воена опрема надвор од касарна за дома да ги исперат.
Последно за воениот рок да е успешен треба војската да се подели според род и да има посебна обука,а не секој да ја има истата обука како што е моментално додатно на тоа за едно лице да е комплетен војник треба да има минимум 9 месеци обука каде што спаѓа практично работење за тоа лице во случај на војна да знае што треба да работи,а не да му е потреба обука.

Нема да има никакви проблеми од етничка основа бидејќи војникот ќе биде уморен и оптеретен со други обврски нема да има време да размислува за тоа него ќе гледа каде може да одмори да јаде или кривина да фати... нели не си војник ако не фаќаш кривина.

Во последните години сите што имаат завршено воен рок едино нешто што знаат е да бидат стражари и НИШТО повеќе тоа не е навреда туку тоа е чиста вистина бидејќи за ништо друго не се обучени.

Можам да напишам книга за проблемите кои ги имаме и како е моментално во однос на како треба да биде.


ДА ЖИВЕЕ АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Не дај боже избие војна. Кој ќе ја брани оваа држава?
Војска имаме 0 (нула). 30/40% се Албанци.

А треба нови да се примаат и тоа Македонци.
Веќе изгледа стана тренд да се појачува војската, да се појачува оружје во светот и тн.
Србија веќе се засили, Хрватска и Албанија исто. Косово ќе прави војска.
Ние зошто дремеме?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Не дај боже избие војна. Кој ќе ја брани оваа држава?
Војска имаме 0 (нула). 30/40% се Албанци.

А треба нови да се примаат и тоа Македонци.
Веќе изгледа стана тренд да се појачува војската, да се појачува оружје во светот и тн.
Србија веќе се засили, Хрватска и Албанија исто. Косово ќе прави војска.
Ние зошто дремеме?
Војна овде? Во ова време? Секако.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.307
Поени од реакции
7.033
можеш да опстаниш без имунитет ?? дали една САД може да се развие само на трговија и иноваторство на ниво на империја ?? или Русија без имунитет да ги ползува своите огромни ресурси на руди,нафта и гас ??

одговорот е прост, туку ние одамна веќе не сме држава и не планираме да го градиме и браниме ова граѓанско општество кое ни го креираа арамиите
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
можеш да опстаниш без имунитет ?? дали една САД може да се развие само на трговија и иноваторство на ниво на империја ?? или Русија без имунитет да ги ползува своите огромни ресурси на руди,нафта и гас ??

одговорот е прост, туку ние одамна веќе не сме држава и не планираме да го градиме и браниме ова граѓанско општество кое ни го креираа арамиите
Русија и САД се империи/колонизатори/ватевр. Ние сме држава. Редовната војска освен финансиски минус нема да ни донесе ништо.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.638
Поени од реакции
42.182
Професионална војска е доволно, само штета што професионални војници се само волците, а оние другине колку да идат на работа.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Професионални војници се тие што ги вршат работните обврски што би ги вршеле војници кои служат воен рок.

Професионален војник е војник кој држи 1 од 3 чинови десетар,разводник и помлад војник тие се испод подофицерите и се на најниското скалило во структурата на АРМ.

Целата збрка поради кое е измислено тоа Професионален Војник е затоа што ние уште имаме доброволен воен рок и неможе да се прави дистинкција измеѓу тие што служат и тие што работат како војници.

Доколку сакаме да имаме вистинска професионална армија НЕ ТРЕБА да има никаков воен рок и не треба да има предуслов служење на воен рок за да се отиде на конкурс бидејќи ништо не се учи таму, друго тие што ќе поминат на конкурс повторно се исто учат на ново,а трето професионална војска не работи на тој систем.

Волците се професионални војници,подофицeри и офицeри.

Волците се професионалци во креирање на контролиран хаос и делување во него со извонредни резултати.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.263
Нека воведат повторно барем некоја година, да се допотрошат конзервите од ратни резерви. Мислам дека до кај 1987 стигнаја. Уба берба беше тоа, свинчињата трчани, јунчињата товени. Абе милина. Е сега на тој што ке му падни од 1989 -90 го јаде брутот ама немате гајле, ќе ве вакцинират.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Нема стари конзерви не пишувајте неточни информации.
Повеќето конзерви што се даваат на војската се производсво на Мик Свети Николе кои произведуваат посебни продукти стриктно за употреба на МО и не се достапни за цивилното населени другите конзерви туна и слично се од други фирми кои се релативно нови и на сите лименки има втиснато датум на производство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom