Економска политика на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
И парите преку брз трансфер ќе се даночат, па докажувај после дека се поклон од вујко во Америка.

Нема веќе криење преку вестерн унион, Брзиот трансфер на пари ќе мора да се пријавува во УЈП
Пари кои се на приватна трансакциона, значи евидентирани и на нив не е можно да не е платен данок или се ослободени од истиот преку спречување на двојно оданочување, ако се префрлат на некого исто на приватна транскциона сметка , не гледам зошто би се даночеле. Друго е ако се плаќа фактурирана услуга .Тогаш си оди по свој даночен пат кај издавачот на фактурата. Вака само набацено не е јасно колку кратно е персоналното даночење???
 
Последно уредено:
И парите преку брз трансфер ќе се даночат, па докажувај после дека се поклон од вујко во Америка.

Нема веќе криење преку вестерн унион, Брзиот трансфер на пари ќе мора да се пријавува во УЈП
Е тоа е држава и живот се осеќам ко да сум во Шведска. Се има Изговор данок и се е регулирано...спремени сме за у ЕУ. :D
 
Прашање на време кога ќе се воведе данок за дишење воздух. Замисли па ако го средат во Скопје воздухот, има одма да има 100% покачување.
 
Тоа се вика кредитирање на сметка на народот, без да има трошок државата за тоа.
Ти зема твои пари, си работи со нив, после 14 месеци ќе почне да ти ги враќа БЕЗ да добиеш камата, а ќе изгубиш од вредноста поради инфлација, плус божем добри биле што ти ги вратиле :pos:

Ама економски сме необразовани, плус кротки јагниња, па 180.000 паразити нека живеат, има народ пари, знаат политичарите ;)

sigurno ke gi vrakaat... a ako slucajno zaboravat toj sto ke gi potseti ke dobie gratis inspekcii i kazni vo nekolku kratna vrednost od ona sto mu se duzi
 
Многу ми се интересни коментарите за гасификација, па и тие што поверувале дека тоа ќе се завршело во мандатот на Шилегов,
прво дали знете колку пари би чинело тоа, се кажуваат бројки од 300 до милијарда (колку и да е точно не е битно во моментот),
друго дали сте свесни дека за да се постави таа гасификација ќе треба да се преораат сите улици низ градот, сега пресметајте дали сите улици во градот се направени и колку време им било потребно за тоа ако се направени, одговорот е 50+ години,
трето и најважно, колку би чинело тоа за граѓаните, приклучок од 1-2к евра и најскап гас во Европа во моментот (последни сме на цевката).

Незнам да ги ставете и Коце и Шилегов и Грујо и Зајко, заедно за градоначалник пак нема да направат целосна гасификација на Скопје, а па да не зборуваме и за остатокот на Македонија.

Малку за идеите што ги бараше Шилогов,
чекај сега, дали на изборите се излезе со ветување дека ќе има чист воздух, кога веќе се ветува за такво нешто, очекувано е Шилегов (и останатие градоначалници) да имале некаква стратегија 3 месеци пред изборите, а не да бараат идеи 3 месеци по изборите, излегува дека немале поим како ќе се справат со загадувањето, туку барале само гласови (не дека ние нешто друго помисливме, се разбира освен сендвичите).
 
Ne znam sto im trebase vlast na ovie, podobro se snaogaa vo opozicija, si imaa insajderi za da plukaat po vlasta super Im bese, sto im trebase vlast da se brukaat ko prvoodelenci.
Не смееше да дозволиме да продолжи твојот газда. СДСМ се најдоа тука, па ги поставвме.
Реално, можеше и улични кучиња да стаиме на власт, помалку штета ќе и нанесеа на земјава од твојот сопственик.
 
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...-60-000-evra-za-zashtita-na-zhivotna-sredina/

Многу повеќе пари се предвидени во програмата за спорт и рекреација и тоа околу 660.000 евра од кои 490.000 евра ќе бидат дадени за кошаркарскиот клуб „Работнички“.

:aplauz::aplauz: се боље и боље :lolzz:

Според програмите кои се објавени на веб страната на Општината во документот за заштита на животната средина наведено е дека ќе се потрошат околу 100.000 денари за брошури и промотивни материјали, 500.000 денари за консултантски услуги за изработка на катастар на загадувачи и за консултанти за мерење на бучавата и чадни гасови...

:masa: консултантски услуги и за флаери :aplauz:

Ете како ефективно се трошат парите од даноци и комуналии без реални придобивки
 
Парното ќе се наплаќа според потрошеното, а не според квадрат

Граѓаните ќе плаќаат парно колку што потрошиле, а не по квадратура. Ова го предвидува новиот Закон за енергетика. Експертите објаснуваат дека со ова домаќинствата сами ќе регулираат дали сите радијатори ќе им бидат вклучени и на која температура.

parnoto_ke_se_naplakja.jpg

Но сепак недостаток на законското решение е тоа што домаќинствата сами ќе треба да ги купат уредите и дополнително ќе се оптовари семејниот буџет.

-Граѓаните ќе треба сами да си платат... на секој радијатор по околу 50 евра, вели Константин Димитров МАЦЕФ

Со новиот закон ќе се дозволи домаќинствата сами да произведуваат струја и за тоа нема да им треба лиценца.

-На пример ако сум произвел повеќе од 10 киловат-часови, ги пласирам во мрежата, па после мрежата барем во ноќен период нека ми врати 10 киловат- часови макар да е таа цена односно вредност на електричната енергија двојно помала, вели Димитров.

Димитров како експерт на полето на енергетиката не може да гарантира дека воведувањето на целосната либерализација на пазарот нема да доведе до поскапување на струјата. Државата може да ја регулира давачката што треба да се плати на сопственикот на мрежата и оној кој што ќе работи во неа. Но не може да се регулира цената по којшто ќе се продава струјата на слободниот пазар.

http://skopjeinfo.mk/parnoto-kje-se-naplakja-spored-potroshenoto-ne-spored-kvadrat
 
Многу ми се интересни коментарите за гасификација, па и тие што поверувале дека тоа ќе се завршело во мандатот на Шилегов,
прво дали знете колку пари би чинело тоа, се кажуваат бројки од 300 до милијарда (колку и да е точно не е битно во моментот),
друго дали сте свесни дека за да се постави таа гасификација ќе треба да се преораат сите улици низ градот, сега пресметајте дали сите улици во градот се направени и колку време им било потребно за тоа ако се направени, одговорот е 50+ години,
трето и најважно, колку би чинело тоа за граѓаните, приклучок од 1-2к евра и најскап гас во Европа во моментот (последни сме на цевката).

Незнам да ги ставете и Коце и Шилегов и Грујо и Зајко, заедно за градоначалник пак нема да направат целосна гасификација на Скопје, а па да не зборуваме и за остатокот на Македонија.

Малку за идеите што ги бараше Шилогов,
чекај сега, дали на изборите се излезе со ветување дека ќе има чист воздух, кога веќе се ветува за такво нешто, очекувано е Шилегов (и останатие градоначалници) да имале некаква стратегија 3 месеци пред изборите, а не да бараат идеи 3 месеци по изборите, излегува дека немале поим како ќе се справат со загадувањето, туку барале само гласови (не дека ние нешто друго помисливме, се разбира освен сендвичите).
Целата секундарна и терцијална мрежа може да се постави без да се забележи некое големо прекопување, ниту ќе чини повеќе од 200 милиони(дали и толку), ако се работи домаќински и со знаење. Прашање е само дали е тоа потребно. Електрична мрежа веќе има , а и топлани има. Гасификација на такви капацитети е порационално од општа гасификација. Пред се затоа што продуктите на согорување многу поефикасно се контролираат кај такви постројки отколку дисперзирани на целата територија.
 
Големи, а мали во споредба со државниот ПИОМ

Податоците покажуваат дека овие приватните пензиски фондови иако бележат интензивен раст се уште многу мали во споредба со зафаќањата и расходите на државниот ПИОМ кој сервисира околу 300.000 пензионери. Според официјалните податоци за првите десет месеци тој фонд исплатил за пензии 48,3 милијарди денари. Значи просечно месечно 4,83 милијарди денари. Значи тоа што досега со години го собрале и наголемиле приватните фондови државниот би го потрошил да исплати пензии за една година!!!

Само за потсетување, во структурата на исплати на државниот пензиски фонд за првите десет месеци годинава, придонесите за пензии од сегашните вработени за сегашните пензионери се 28,86 милијарди денари, а од буџетот се исплатени 48,26 милијарди денари.

http://faktor.mk/kolku-pari-sobraa-dosega-idnite-penzioneri
 
Кој к. траже мојто мислење кај темата на Анѓушев:anco:
некој :gjavol: модератор си има играно

Целата секундарна и терцијална мрежа може да се постави без да се забележи некое големо прекопување, ниту ќе чини повеќе од 200 милиони(дали и толку), ако се работи домаќински и со знаење. Прашање е само дали е тоа потребно. Електрична мрежа веќе има , а и топлани има. Гасификација на такви капацитети е порационално од општа гасификација. Пред се затоа што продуктите на согорување многу поефикасно се контролираат кај такви постројки отколку дисперзирани на целата територија.
Ако тоа што ќе ги ископаат двата тротоари да постават цевки и улиците на секој 100 метра е малку тогаш е ОК.

Во Скопје нема готова примарна мрежа, што значи уште сме на почетокот, цената на чинење никој не ја знае, но нема да биде ефтино како што некој си мисли, и запомни не е само Скопје во државата, гасовод има до Штип, се гради кон Градско-Прилеп и Тетово-Кичево незнам до каде е стасано оти беше стопирана изградбата,
сите градоначалници ветуваа гасификација, а којзнае дали ќе стаса цефка до нивната општина, важно они ветија дека ќе прават гасификација без никаков план и најважно обезбедени финансии за изградба.

Бонус: дали знаеш дека во некој населени места во Скопје уште нема канализација (за асфалт да не збориме), што мислеш што попрво ќе им стаса и кога?
 
Кој к. траже мојто мислење кај темата на Анѓушев:anco:
некој :gjavol: модератор си има играно

Ако тоа што ќе ги ископаат двата тротоари да постават цевки и улиците на секој 100 метра е малку тогаш е ОК.

Во Скопје нема готова примарна мрежа, што значи уште сме на почетокот, цената на чинење никој не ја знае, но нема да биде ефтино како што некој си мисли, и запомни не е само Скопје во државата, гасовод има до Штип, се гради кон Градско-Прилеп и Тетово-Кичево незнам до каде е стасано оти беше стопирана изградбата,
сите градоначалници ветуваа гасификација, а којзнае дали ќе стаса цефка до нивната општина, важно они ветија дека ќе прават гасификација без никаков план и најважно обезбедени финансии за изградба.

Бонус: дали знаеш дека во некој населени места во Скопје уште нема канализација (за асфалт да не збориме), што мислеш што попрво ќе им стаса и кога?
Се разбравме мислам , јас заговарам гасификација на топлани и нивно претварање во когенеративни, на електрични централи постоечки и нови како поелегантно решение ем за пари ем за загадувања....и инвертери за загревање - ладење во секој дом.. :) За канализацијата, асфалт ем седење со скрстени раце на жителите на тие средини, а со отворени кљунови кон небо некој нешто џабе да им фрли само затоа што благоизволеле да ги има или да се доселат ич не ми е гајле... Знаеш ли ти т.е. свесен ли си дека живееш во бедна со умот, а само такви се и сиромашни земји..или само си правиш список на желби кои некој друг треба да ги исполни.
 
Со која основа Вестерн и Маниграм ќе ги даночите бе слепци?Да доукините социјална помош кај шо останало?Па тргнете им ја секако е небитна спрема тие странски преноси.
Тие претходните Вардар пловен ќе го праеја, сега овие ЖИВОТниве пруга до Албанија.Еден автопат 65 км не успевате до три ленти да го дотерате (Гостивар Тетово стил), пруга ќе граделе...
Мрсули едни!
 
Се разбравме мислам , јас заговарам гасификација на топлани и нивно претварање во когенеративни, на електрични централи постоечки и нови како поелегантно решение ем за пари ем за загадувања....и инвертери за загревање - ладење во секој дом.. :) За канализацијата, асфалт ем седење со скрстени раце на жителите на тие средини, а со отворени кљунови кон небо некој нешто џабе да им фрли само затоа што благоизволеле да ги има или да се доселат ич не ми е гајле... Знаеш ли ти т.е. свесен ли си дека живееш во бедна со умот, а само такви се и сиромашни земји..или само си правиш список на желби кои некој друг треба да ги исполни.
Се гледа колку паметно заговараш, сигурно знаеш колку многу струја произведува ТЕ-ТО, да не го преземаа бизнисот на топлификација (незнам како дадоа златна кокошка или менаџментот е газда на БЕГ-от) ќе беа во страшна загуба, цената на струјата што би ја роизвеле на гас е поскапа од таа што се нуди на слободниот пазар,
кој будала би инвестирал во нешто како ТЕ-ТО (освен ако има план БЕГ)
прашај го @Смрт за зони и пајак воз. он има 10 тома напишано во врска со ова
 
Ако ја направиле ТЕТО утната не значи дека когенерацијата е нерентабилна.Во случајов имаме топлана која у когенерацијата прави струја.Ако ти е порационално наместо тоа да ти оди у облаци Ок.А кога е конструирана како централа отпадната топлина ја праиш струја.Сметките се јасни,едниот енергенс ти е џабе.Трошок ти е само амортизацијата на опремата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom