Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
За сите важи истото, ама Силванчето така малце поише е на пик земена и со право. Прво историјатот нејзин со патните трошоци. Второ што краветината и дефакто живее у сред Скопје и на тие патарини не се појавила не па сметка да платила. И трето што од сите у ДИК она лапала ама апла највише. Значи иде Силвето па 10 места, и вториот. Така да шугата и те како си заслужува цело шљакање по интернет. Уште да е ова правна држава и да прилегне малце во влажна просторија за злоупотреба на буџетот на РМ со лажирани патни трошкови и се ќе биде ок. Ама...за жал тешко тоа.
Чиста е пред закон, како да му објасниш на човека :)
 
S

silmarillion

Гостин
Ааа... не...фокусот треба да е на поштенитиот дел од ДИК. Јас знам дека они не крадеа и таму претставуваа партија која треба да го донесе животот. Силвана е офуцана роба, толку е од неа, последна тезга и беше ова. Него зошто во ова поштено време кога криминалот практично не постои они се дрзнале да натпишуваат плати и дневници,што тоа ги натерало тие поштени и чесни луѓе на таков потег е вистинското прашање кое треба да се постави
Да не беше амерот никад немаше да дознаеме за ова, и тоа е фолклорот на македонЧЕто. Сложни попови мрсат у петок а секој друг ден закрвуваат народ под нив. Тоа е генерално генот на македонЧЕто, а не револуции, бркови и слични прикаски за мали деца и фејк онлајн патриоти :)

Чиста е пред закон, како да му објасниш на човека :)
Тарифата по која ги земала патните трошоци може е пропишана со закон и тоа е нешто што секоја влада што доаѓа треба да го ревидира и намали согласно ситуацијата во државата. Али, може сигурно да се испита дали како и каде била во моментите кога проаѓала патарина согласно саатниците на патарината. Е сега, дали ќе се нафати некој да го направи тоа е друго прашање за кое не сум оптимист.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.267
Поени од реакции
8.637
Ете ја, падна и Бонева.

И Бонева и Срцев поднесоа оставки

Претходно, во текот на денот оставки поднесоа и Субхи Јакупи, предложен од ДУИ, и потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, и членот Атанас Урумов, кои доаѓаат од редот на експертите.

Први на ваков чекор вчера се решија претседателот на комисијата, Александар Чичаковски, кој беше од редот на експертите, и членовите од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев.

Што значи дека сите членови на Државната изборна комисија, освен најновиот член од партијата БЕСА, Ермира Асани-Салија, веќе поднесоа оставки на функциите во овој највисок изборен орган. Членовите на ДИК го презедоа овој чекор откако пред една недела американскиот амбасадор Џес Бејли обзнани дека тие си поделиле високи надоместоци за својата работа за време на локалните избори и последните неколку изборни циклуси.

На првата наредна седница Собранието треба да ги констатира нивните оставки, но таа, се уште, не е закажана, иако според последните информации таа може да биде во петок, кога на дневен ред треба да биде и Предлог – буџетот за 2018 година.

Изборниот законик предвидува, откако оставките на членовите на ДИК ќе бидат констатирани, претседателот на Собранието во рок од три дена од денот на приемот на известувањето ќе треба да ги информира политичките партии од власта и од опозицијата да му достават предлози за членови на ДИК.

Собранието го огласува изборот на претседател и членови на ДИК во Службен весник, а огласот трае осум дена. Потоа Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието подготвува предлог на листа од пријавените кандидати и ја доставува до Собранието.

Ако политичките партии не ги утврдат и не ги достават имињата на кандидатите за членови на ДИК во рокот, членовите на ДИК ги предлага Комисијата за Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Државната изборна комисија брои девет члена, претседател, потпретседател и седум членови. Од нив шестмина се на предлог на партиите, а тројца се од редот на експертите.

Членовите на ДИК ги избира Собранието со двотретинско мнозинство. Мандатот им е пет години, со можност за реизбор.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.716
Поени од реакции
49.093
Тарифата по која ги земала патните трошоци може е пропишана со закон и тоа е нешто што секоја влада што доаѓа треба да го ревидира и намали согласно ситуацијата во државата. Али, може сигурно да се испита дали како и каде била во моментите кога проаѓала патарина согласно саатниците на патарината. Е сега, дали ќе се нафати некој да го направи тоа е друго прашање за кое не сум оптимист.
Знаеш како викаат.... Господ пред да го прави светов прв сам брада си стаил :icon_lol:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Тарифата по која ги земала патните трошоци може е пропишана со закон и тоа е нешто што секоја влада што доаѓа треба да го ревидира и намали согласно ситуацијата во државата. Али, може сигурно да се испита дали како и каде била во моментите кога проаѓала патарина согласно саатниците на патарината. Е сега, дали ќе се нафати некој да го направи тоа е друго прашање за кое не сум оптимист.
Има финти и за тоа со патарината, многу лесно може да се изведе само што во овој случај се работи за ДРПМНЕ кој, ноншалантно си вози т.е. возеше така да...

Пак ќе спомнам, крив е врвот на двете партии.
Како си ги наштимаа законите алал им вера.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Бурето погодува од време на време само некако ми нема логика ова со Љубчо. Негледам како би победил на избори освен кон ветераните ако има симпатии.
Љубчо е илјада пати подобар и покомпетентен за лидер на ВМРО-ДПМНЕ од копиљааната Мицкоски, Милошоски, Тодоров, Филип Петровски, Никола Поповски и др. Груеви слуги и послушници !
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.267
Поени од реакции
8.637
И ова да го цитирам, добра поента и идеја има Сашо.

Да виси ДКСК!

Да проверам, можеби јас нешто сум пропуштил: Дали НЕКОЈ слушна НЕКАКВА реакција од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) по повод бројните скандали што дневно се откриваат во земјава, врзани за политичката смисла и законскиот опис на постоењето на ова државно тело? Гугнаа ли нешто? Пријава? Иницијатива? Соопштение? Макар изјава? Изјавичка? Барем да се накашлаа, да кивнеше некој, за да му кажеме „На здравје“?!

Ништо.

Ако влезете на нивната официјална веб-страна (http://www.dksk.org.mk/), последното соопштение им е од 19 септември (задолжително мислење во врска со мандатот на преодната влада бла-бла-бла…), а претходното е од – јануари годинава! Значи, во еден од најдраматичните периоди во македонската демократска историја, ова тело единаесет месеци (всушност, многу години наназад) се занимава со – ќутологија!

Во чл. 49, ст. 1, од Законот за спречување на корупцијата, има 14 точки со опис на законските надлежности на Комисијата со кои таа треба да се бори за спречување на корупцијата во земјата. Ништо од тоа не го прават.

Во следниот член од Законот, чл. 50, во ставот 2, се определува месечниот надомест за нивната работа. Само тоа го прават.

Ова го посочувам од две причини. Прво, во државата има едно чудо органи и институции кои, по закон, се задолжени да делуваат за она за што со месеци се надвикуваме по Фејсбук, по телевизии и по портали – не може Македонија да ја управуваат странски амбасадори и невладини организации и нивни активисти, макар и да се најпаметни на светот (а, еве, сме!). И, второ, на сличен начин, не може некаков Зоран Заев за сѐ да биде одговорен во државата – видовме до кај стигнавме кога и како тоа го правеше Грујо. Смислата на падот на таа краста не е некој друг да го замени него, а ние да продолжиме да се чешаме; смислата е да профункционираат колективните институции на системот и демократијата (од Собранието, па надолу), секој со својот интегритет и одговорност, по закон.

На пример: според Законот за спречување на корупцијата, чл. 47, точка 1: „Државната комисија е самостојна и независна во вршењето на работите определени со овој закон.“ (Како и ДИК, патем.)

Реторички кажано, ако таа не си ја работи својата работа, јавноста ќе се претвори во гневна толпа која секој ден, со право барајќи одговорност, ќе шета наоколу со ортома и ќе бара дрво за бесење. Тоа не е демократија.

Во оваа точка, сепак, доаѓаме до неопходноста од уште дрво за бесење: овој состав на ДКСК одамна, многу одамна, го има изгубено кредибилитетот за остварување на овластувањата што им се дадени со закон. Дури, не е претерано да се тврди дека се тие, всушност, едни од главните соучесници во кражбата на столетието во Македонија.

Не е ни чудно што – барем за сега – СЈО за нив не формирала предмет (ако го има, би можел да се вика „Тутулебалиња“), затоа што нив, навистина, најверојатно и ги нема во прислушуваните разговори. Луѓето НИШТО, апсолутно ништо не сработија со години наназад, па нема ни за што да се домунѓаваат по телефон.

Затоа, веднаш по оставката на Бонева во ДИК, следни на ред за колективна оставка да бидат членовите на ДКСК! Предлагам на тоа да го насочиме притисокот на јавноста, до нивните оставки.

Ако не, па, да го замолиме Грујо да си ја повлече оставката?
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Љубчо е илјада пати подобар и покомпетентен за лидер на ВМРО-ДПМНЕ од копиљааната Мицкоски, Милошоски, Тодоров, Филип Петровски, Никола Поповски и др. Груеви слуги и послушници !
Тоа е ок ама не е истото членство од порано.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Мала исправка,тази дно неште да е дно, има уште баја многу до дното.
Лирим тип на одговор:
Ако не па ВМРО да ги вратиме?
Вие грујови мадиња плачете ама нема назад за господино грујевски, со ј, милиарди се изнесоа на Белизе, ама сега ќе ги стигне правдата, СЈО се ќе реши, конфискација итн...со бљувотини.

Шптим тип на одговор:
Е бе врмовци глупи бе, абе коа седев јас со директоро на бундесбанк у Франкфурт на Мајна, пиевме кафе па по едно пиво, мене чоеко ми кажа дека глуп си ако си за вмро бе, уше поглуп ако имаш против албанзиација, бугаризација, па ако имаш нешо против промена на име како сакаат јунанстанците си гарант идиот. Чек да тркнам до Владта сеа да зборнам...

Реалноста е дека се дно.
Искрено мислев дека тоа шо не дојдоа на власт туку ги донесоа ќе го сфатат посериозно и ќе има нешто позитивно од тоа, ама ептен сум се прелажал, сам себесо пошо си верувал на некој, јбга, не се исти, изглеа полоше се.

Денес:

Во Брисел ќе се разговара за „Нова Македонија“

Ова пренесува Плусинфо, значи сондажа се прави, јунанситанците трубеа географска одредница била соодветна 25 години. сега на тоа се пеглаше мислењето, арно ама ете на бугарите им смета тоа со Горна и Северна, истите тие со кои е потпишан асимтеричен кретенски договор за нешто, пошто тоа не личи на добрососедство на рекет личи.
Реакција нема, ниту педереластична како онаа со Косово кога државата им „помогна“ на терористите, шо е разликата помеѓу овие од ИСИЛ косовари и овие од Диво Насеље?
Или тероризам во име на Илирида е оправдан, расплетото вели дека некој таму требаше миротворец да изгирува во холивудско сценарио, па од таму да се почне со кобајаги единство,шо во превод значи бинационална држава, а во догледно време и конечно решавање на т.н Македонски синдром.

Еве уште нешто,

Редефинирањето на Македонија веќе е започнато, авторот со сликата на џемо хаса во новчаникот, илирида во срцето говори за соживот и редефинирање, хармонизација а македонците од Западна МКД се селат на големо, етничко чистење со суптилен притисок се одвива со години наназад, кога се притисна за попис се префрли приказната на автохтоност и не знам шо, така да јасно како ден шо им е целта, нема повеќе заблуди, барем кај мене.

[DOUBLEPOST=1513094117][/DOUBLEPOST]
Сите бојкот ни бираме ни плаќаме, едно три четири месеци, ниедна сметка, па да видиме како ќе ја тераме работава. Граѓанска непослушност.[DOUBLEPOST=1513068378][/DOUBLEPOST]

Викендов бев Истанбул она е чудо од народ гужви, економија пазарење :icon_lol:.[DOUBLEPOST=1513069397][/DOUBLEPOST]© Georgi Licovski/Epa/REX/Shutterstock
Europe / Guides & Tips
The Most Polluted Country in Europe Is...

Alex Jordan
Travel Editor

Macedonia (FYROM) has been named as Europe’s most polluted country. The Balkan nation – which borders Greece, Bulgaria, Serbia, Kosovo and Albania – is home to two of the continent’s top three most polluted cities.

https://theculturetrip.com/europe/articles/the-most-polluted-country-in-europe-is/?utm_source=facebook&utm_medium=facebook&utm_campaign=122017polluted
Газда Кочо не го гибај, the man with the agenda, а и немој со вакви радикални идеи за граѓанска непослушност против слободата и демократијата, во времето на животот, да не добиеш покана за информативен разговор ;)
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Сабајлево прочитав две информации дека Црна Гора и Србија отпочнуваат по две нови поглавја во преговорите за членство во ЕУ. Пред некој ден на 360 степени го слушав поранешниот премиер на Бугарија, Сергеј Станишев. Зборуваше за моменталната ситуација на РМ со ЕУ, меѓу другото спомена дека во 2004 год. Македонија во споредба со другите земји од Западен Балкан, беше предводник во процесите на интеграција во ЕУ (во тој контекст, веројатно и пред Хрватска поради војната и трибуналот). За потсетување, Македонија доби кандидатски статус во 2005 год., Црна Гора во 2010 год., а Србија во 2012 год.
Да ама зато пак ние си имаме прекрасни соседи!(y)
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
„Дивo насеље“ нема да влијае на добрите односи меѓу Скопје и Приштина

Македонија и Косово развиваат добра соработка и ги продлабочуваат односите. Случајот „Дивo насеље“ е чувствително прашање што не треба да предизвика проблеми во билатералните релации, оценија премиерите на Македонија и на Косово, Зоран Заев и Рамуш Харадинај,на заедничката прес-конференција по денешната средба во Приштина.

Заев и Харадинaј истакнаа дека разговарале за заеднички проекти како што е автопатот Скопје - Приштина и за аспирациите на двете земји за интеграција во евроатланстките структури.

- Косово и Македонија имаат добри односи и ги обединува евро-атлантската перспектива. Со Заев разговаравме за продлабочување на соработката и за обврските што во тој контекст, треба да ги завршат двете влади - изјави Харадинај.

На средбата, како што потврдија и двајцата, станало збор и за случајот „Дивo насеље“.

- Тоа прашање не треба да биде пречка во нашите односи. Таму имаше убиени неколку полицајци и ќе има меѓународна истрага за да се дојде до вистината - рече Заев.

На средбата премиерот Заев го поканил косовскиот колега да ја посети Македонија.

Заев во рамки на еднодневната посета на Косово, ќе има средби и со косовскиот претседател Хашим Тачи и со претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели.

За време на престојот во Косово, македонскиот премиер ќе се сретне со претставници на Македонско - косовската бизнис заедница.

Во македонската делегација, што ја предводи премиерот Заев, се министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

Посетата на Заев е прва официјална посета на премиер на Република Македонија на Република Косово.

Браос, се глеа државник. Треба шо побрзо да се изнајде начин да се ослободат тие борци за слобода и демократија, ако има некоја од нашиве „пријателски“ земји да ги одликува.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Од Приштина порача дека Диво Насеље заслужува меѓународна истрага.

Уопште не е сомнително и уопште не се ни малку точни и вистините муабетите дека ќе тераат накај ослободителна за „Монструм“ и „Диво Насеље“.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom