Поентата ми беше да информирам дека освен 2-3 модела кои се фаворизираат и за кои истрошива толку страници овде, има и солидна понуда евтини (квалитетни) Panasonic клими и просечен на ранг со АЕРИ и Ломо ЛЦЛХ клими како Хаиер Тундра ... ST моделот не би го коментирал... инаку свесен сум дека моето обраќање до двете политички опции на власт, отиде во ветер, повеќе направив (несакајки
) отворајки ја оваа тема, на која од 14,000 поста сигурно стотици и стотици имаат добиено квалитетна информација и се одлучиле да го променат греењето на цврсти и да преминат на инвертери.
И да, не се единствен причинител, греењето на цврсти горива, печките во кои бутаат и иверка ОСБ плочи, даска за шалување, стар користен паркет и тн... но се НАЈГОЛЕМИОТ фактор причинител за загадувањето! И нашево министерство и некоја странска институција кои правеле независно еден од друг анализи и мерења, дошле до слични резултати (уствари нашиве само препишувале од нив
).... 50% причинител греењето, 20тина проценти сообраќајот, нешто помалку индустријата и десетина проценти градежната активност и прашина... тоа е! Е сега да не се повторуваме, за СК ако збориме и местоположбата (котлина) микроклимата, маглите учмаениот воздух си го прават своето ... но и упропастената архитектура (со Порта Влае и високите згради у Карпош 4, веќе го нема ветерот “Вардарец“)... и тн. Во врска со греењето на цврсти и отпад... јас пак на локација на 5 мин до Центар (близу до Кинеска амбасада) имам комшии во зграда што се греат на дрва и тоа еден на трети кат ги влече (зграда без лифт)....а да не раскажувам за во околните куќи колку се на дрва... Иронијата да е поголема, едниот од нив (во куќите) работи во мала компанија (имаат дуќан кај стара рампа К Вода-Центар гравитира према Јужен бул. дуќанот) чија основна дејност е климатизација... но тој лани истовари 2 тона ќумур, годинава што знам +10кубика дрва (и така децении назад) има котел на цврсто и инсталација низ куќата... денес само два члена живеат во таа куќа, (небитно летно време останатото му е Хостел) но битно е тоа што трпа чоеков трпа дрва у котел и ужасно труе... по тоа ќе видиш каде сме застанале во развојот на свеста!!!
Инаку загадувањето деновиве опасно по живот! Да се присетиме, загадувањето велат е како причина за смрт на 1200 наши сограѓани... во последно време циркулира и бројка од 3,000.. но и ова 1200 за Македонија (и за било кого) е премногу! Во војна не се губат толку луѓе! Еве од синојка за Лисиче. Карпош беше тука некаде Центар 100 помалку, но сепак десетина пати поголемо од она што го посакуваме 40-50 микрограми во кубен...!
Ве убедувам, бидејки го следам и вон грејна... дека од Април до крајот на Ноември, на прсти од една рака може да се избројат денови, кога вредностите на PM10 и PM2.5 се над дозволената граница (и тоа оди до 60-70 никогаш повеќе!!!).... Уверете се и сами секојдневно има податоци на сајтот “Мој воздух''.... За жал неможам да најдам график, (статистика за цела година)... И уште една работа која ја повторувам го прочитав во еден медиум пишуваше (верувам дека е точна): Скопје е единствена метропола во Европа во која не е забрането греење на цврсти горива...
Manhattan некогаш и денес....
Скопје секојпат исто... некогаш и денес.
Вчера иста беше состојбата и во другите градови во Македонија, енормни загадувања регистрирани во Тетово Битола (ПМ10 400-500) или AQI (Air Quality Index) +300... иста состојба и во помалите градови.... Оние што се скептици дека греењето не е голем можеби и најголем фактор, како го објаснуваат големото (огромно за нивни услови) загадување во Кочани на пример, град кој е десеткуван со жители, со заминување на голем дел од младите, па и останатите работоспособни, сето е по Италија Џермања Малта ... индустрија скоро НУЛА (немаат барем загадувачи од индустријата)... и како таков град, PM-10 синоќа и кај нив скоро 200!!! Од што е загадено Кочани? Од сите 50 автомобили? Кавадарци исто огромно загадување... дури и сега моментално (утрово) се над дозволеното!? Од што? Од ФЕНИ?? Или од Дрексел...?! Или од шпицот во сообраќајот, застојот на сите два семафори?