Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Можноста за масовно прислушување останува и со новите закони

Предложените реформи на следењето на електронските комуникации не се она што надевавме, или да цитирам пријател - не беше баш реално да очекуваме дека во ова доба некој ќе се претргне да размонтира ефективен систем за масовно прислушување, пишува блогерот Новица Наков во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Има (барем) четири поенти што треба да се направат во врска со реформите за следењето на електронските комуникации.

Прво, дека формирањето на Оперативно техничка агенција (преку Предлог-законот за оперативно техничка агенција) не е спектакуларна реформа како што претставниците на Владата сакаат да ја прикажат и да нѐ уверат. Кога Рајнхард Прибе во неговиот веќе легандарен извештај од 2015 година (на стр. 8) вели дека УБК не треба да има директен пристап до техничката опрема за следење, тој всушност вели дека не доликува во модерна демократска република од 21 век тајната полиција да има пристап до овие уреди, бидејќи тоа потсетува на некое друго време, можеби од 20-тиот век, Студената војна, и пропратниот декор. Во реалноста на Македонија одлуката УБК да има пристап до следењето на електронските комуникации за потребите на кривичната постапка е донесена некаде на ниво на влада или министерство. Ниту тековниот Закон за следење на комуникациите, ни тековниот Закон за електронските комуникации не пропишуваат дека тоа треба да биде УБК. Малку поинаку организирано Министерство за внатрешни работи би можело да има, да речеме, Оперативно техничка дирекција (наместо нова Оперативно техничка агенција) која ќе работи независно и стручно и УБК ќе нема директен пристап до опремата. Поради ова, Предлог-законот за оперативно техничка агенција не носи некакви посебни новости, освен конечното признание на македонската влада дека, навистина, тајната полиција не би требало да се занимава со сторителите на кривичните дела онака како што ги дефинира законот, туку тоа би требало конечно да му припадне на некој друг помалку брутален државен орган.

Второ, дека во предложените реформи владата го игнорира останатиот и многу поважен дел од препораката на Прибе (т.е. втората реченица од истиот параграф каде се наоѓа погоре споменатата препорака против УБК): дека свичовите треба да бидат во просториите на операторите, а потоа операторите да бидат тие што ќе го пренасочат сигналот до соодветниот државен орган. Дека владата го игнорира овој дел од препораката може да се види во членот 60 од Предлог-законот за следење на комуникациите, којшто по содржина е сличен на членот 175 од тековниот Закон за електронските комуникации за којшто Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста по долг период на чување на иницијативата во фиока, а владата предложи да не се укине, којшто пак е сличен со членот 115 од стариот Закон за електронските комуникации за којшто Уставниот суд донесе одлука за поништување во далечната 2010 година. Ако Уставниот суд држи до себе, тој би требало да ги поништи и член 175 од тековниот Закон за електронските комуникации и членот 60 од идниот (ако остане ваков) Закон за следење на комуникациите. Вакви одлуки од Уставниот суд не би биле посебно радикални бидејќи една таква е веќе донесена и патем во голема мера е поткрепена со пресуди од Европскиот суд за човекови права. Во меѓувреме, можеме да заклучиме дека владата нема намера да се откаже од тоа некој нејзин орган (во случајот Оперативно техничката агенција) да има директен пристап до електронските комуникации на граѓаните (во членот 3 од Предлог-законот за оперативно техничка агенција стои дека таа е таа што активира следење на комуникации). Дополнително овде треба да се укаже и на тоа што Владата планира клучните детали во врска со начинот на вршење на работите за следење на комуникации да ги решава со подзаконски акт кој по природата на нештата е изложен на многу помалку проверка и контрола, а особено не од Собранието.

Трето, дека реформите воопшто не се занимаваат со прашањето на задолжителното задржување на податоците од страна на операторите, моментално пропишано во членот 176 од Законот за електронските комуникации, т.е. членот 176 останува таков каков што е таму каде што е. Овој член е домашна примена на директива на ЕУ којашто во меѓувреме беше доведена во прашање од Судот на правдата на ЕУ. И иако овој суд (за разлика од Европскиот суд за човекови права) нема надлежност во Македонија, сепак не би било премногу да се очекува една реформски ориентирана влада која ита да ја внесе Македонија во ЕУ да ги земе како насоки пресудите на овој суд коишто велат дека државите не можат да наметнат генерална обврска на провајдерите на електронски телекомуникациски услуги да ги задржуваат податоците на корисниците.

Четврто, дека предложените нови, исто како и тековните важечки закони кои се занимаваат со прашањата за електронски комуникации се прават глуви и слепи за технологиите со кои располага Министерството за внатрешни работи, а за кои не е потребна правна или техничка соработка со телекомуникациските оператори. Овие технологии ја напаѓаат мобилната или интернет мрежа и овозможуваат директен пристап до уредите и содржината на корисниците. Молчењето на домашните власти вреди малку кога овие технологии странците ги најдоа во Македонија и на техничко ниво (во истражувањето на CitizenLab од 2013 година), и на купопродажно ниво (во истражувањето на ComputerWeekly објавено пред неколку дена). Чудно е за една реформски ориентирана влада, којашто се залага за заштита на човековите права, да не предложи мерки и проверки за овие технологии во реформите на законите за следење на електронските комуникации.

Во заклучок, предложените реформи на следењето на електронските комуникации не се она што надевавме, или да цитирам пријател - не беше баш реално да очекуваме дека во ова доба некој ќе се претргне да размонтира ефективен систем за масовно прислушување. Сигурно има и други поенти кои треба да се направат во врска со предложените законски измени – но последна овде и веројатно со пристојна доза на иронија е тоа дека, со оглед на потребното 2/3 мнозинство во Собранието за некои од овие закони, без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе соработуваат или не, со вакви предлози можноста за масовно прислушување останува или со новите или со старите закони.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.169
Поени од реакции
16.303
работата е во Здрав памет... а се бунат малку бил осуден Георгијевски за прислушкување, всушност за тоа и не може ни да биде осуден кога е овозможено по Закон и понатака... ќе го судат зошто уништил опрема за прислушкување па не можат да прислушкуваат... всушност уништил застарени ламарини
Друго е многу полошо од прислушкувањето, тука неказнето се објавуваа во медиуми приватни разговори, а освен тоа и се користеа за РЕКЕТИРАЊЕ..
Пази сега, МВР веднаш поднесува кривична и притвара ако некој злоупотребува екплицитни снимки од партнерка , или друго лице, дури имавме случка за уапсен што неодамно уценувал? лице со негови профилни снимки јавно објавени на ФБ :confused: а Божиновски кој Рекетирал бизнисмени со приватни разговори е ослободен[DOUBLEPOST=1512836656][/DOUBLEPOST]НУХИУ ЗНАЕЛ ЗА СЦЕНАРИОТО: Каде е одговорноста за Нухиу, човекот кој знаел за сценариото во организација на тогашната опозиција

не само Нухиу, знаел и Талат, Али, Груби па и " тепаните " Села, Заев и Шеќеринска...
Прашањето е КОЈ не знаел ??
 
Последно уредено:
P

PewDiePie

Гостин
Или српскиот на таа вашата министерка за култура Бети, албанскиот на Грујо.

Или па некој искомплексиран битолчанец ко тебе коа ќе дојде у Скопје да кажува правила, абе не со виљушка, со хилта да си бушиш у очи.
Се гледа,се јавија компексите сами.

Немаш гајле ти оди поклацкај се кај огнен во скут.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Баш ми е жал што никако не сваќате дека сите овие проблеми настанаа откако воведовме "демократија"
Кај нас не е проблемот една партија или друга, кај нас е проблем Системот. Кажете ми колку од оние што ги познавате влегле во партија за да променат нешто,
а колку од нив влегле за да ќарат нешто или пак да се збогатат, да лапнат некоја привилегија, итн?
Значи нашиот демократски систем мотивира ликови како Бонева, Чичаковски итн. За да е ситуацијата полоша, на странскиов фактор (кој што не треба да биде фактор)
му одговараат вакви ликови и вакво општество, затоа што таквите ликови се најлесни за контрола. За секој окупатор примарно е да има контрола на окупираната територија,
а дали таа ќе функционира како што треба, тоа е од секундарно значење.

Ако сакаме навистина да станеме држава, затрулениов демократски систем треба да го замениме со Националистичка меритократија.
Зашто Националистички? Затоа што само Национализмот е идеологија која бара да се грижиш за доброто на некој друг освен самиот себе.
Комбинирај го тоа со меритократскиот систем, власта да ја имаат оние кои што се способни и доблесни, тогаш ќе видите вистински промени на подобро.

Кај нас треба да има едно тело што ќе врши надзор на партиите и нивните функционери во администрацијата, независно од тоа која партија е на власт.
Се најде ли некој најмал траг на корупција, злоупотреба или кражба, ова тело ќе му нареди на судството да го процесуира случајот.
Доколку се заташка работата, ова тело ја превзема улогата на суд, го вади чеканот и ги удира во чело сите инволвирани.

Овој систем ќе ги демотивира паразитите, а ќе ги мотивира способните и чесните, и нашето општество ќе пркне.
Се друго е осудено на пропаст и вртење во круг, каде што ќе има Боневи, Заевци, Груевци, Чичаковци.
Каде успешно профункционирало нешто налик на ваков систем?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ќе се изненадиш каде - во Македонија, само мнооогу многу одамна.
Не така многу одамна лечеле кашлица со хероин, а забоболка со кокаин. Ама денес тоа не е баш прифатена пракса. За сегашно време е муабетот.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Не така многу одамна лечеле кашлица со хероин, а забоболка со кокаин. Ама денес тоа не е баш прифатена пракса. За сегашно време е муабетот.
Зошто мислиш дека добрата пракса е ограничена со временска рамка/период?
Човек-генијалец ќе биде генијалец во било кој век. Земи го Да Винчи и донеси го во 21-век - пак ќе биде генијалец.
Конкретно да ти одговорам кои земји денеска имаат слични системи: Јапонија, Кина, Кореја, Малезија.
Во минатото тоа биле Европските земји, па потоа и САД.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Зошто мислиш дека добрата пракса е ограничена со временска рамка/период?
Човек-генијалец ќе биде генијалец во било кој век. Земи го Да Винчи и донеси го во 21-век - пак ќе биде генијалец.
Конкретно да ти одговорам кои земји денеска имаат слични системи: Јапонија, Кина, Кореја, Малезија.
Во минатото тоа биле Европските земји, па потоа и САД.
Па јапонската LDP по ништо не се разликува во структура од ВМРО, или од тоа што сега СДСМ на Заев пробува да го рекреира како систем. Сем што се нивоа поорганизирани. Oyabun - kobun си е начин на живеење на Јапонците.

И никој не спори дека во Европа и во САД имало периоди кога водечките партии функционирале на тој начин. Ама очигледно дека кај нас моментално има отпор кон таков начин на функционирање. Иако јас лично мислам дека за држава како Македонија, подобар, нема да најдат, ниту измислат.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
И никој не спори дека во Европа и во САД имало периоди кога водечките партии функционирале на тој начин. Ама очигледно дека кај нас моментално има отпор кон таков начин на функционирање
Имало отпор затоа што се дозволило да има отпор. Да, за некои работи треба да направиш компромис, но има и работи за кои не смееш да направиш компромис.
 
S

silmarillion

Гостин
уште тогаш, кога соросоидите ја имаа 24/7 на тапет Бонева, по истиот Правилник земаа многу пари и пратеници од СДСМ ама на тебе и други како тебе не ви се слушаше...
Не ти текнува дека Левица летоска даде предлог на Собрание за Укинување на надокнади за Превоз ???
НЕ се ни стави на дневен РЕД на Собрание !!!
Мене не ми се слушало? Стари ме имаш помешано со себе. Тебе нигде те немаше, односно само пушти два поста како тоа е у склад со законите кои ете можда не ни се свиѓаат али фино лепо пишувало дека пратенициите лапаат по адвокатска такса. О да забораив, тогаш пушевте кур вмровски и ќутевте пошо ете ако краделе битно не го мењале името. Мрш бе све да ви ебам безкичмењачко. Не ме цитирај више никад.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom