Полека со овие метафорите, ќе се удриш, ќе треба по доктори да трчаме.
Немора да трчате.. има уште место на бродот!
Економијата „во лер“ и во третиот квартал
08 декември
Економијата никако да земе залет. Разрешувањето на политичката криза не помогна да излеземе од состојбата на лер што резултира со раст на БДП во третиот квартал од незначителни 0,2 отсто.
„Очигледно дека проблемите во економијата се подлабоки. Дел се јасни зошто се случуваат. Да речеме, имаме голем пад на градежништвото. Тоа е јасно, заради запирање на овие непродуктивни инвестиции. Тоа еден ден ќе мораше да се случи. Но, продолжува трендот во индустријата. Неколку проценти е намалена во третиот квартал“, вели Никола Поповски, поранешен министер за финансии.
Според Поповски, БДП во првите девет месеци од 2017 кумулативно бележи пад од 0,2 проценти што значи дека 2017 македонската економија може да ја заврши во минус. Поповски посочува и една, како што вели, апсурдна ситуација, која трае подолго време. Имено, во услови кога БДП стагнира или паѓа, невработеноста се намалува, а вработеноста расте.
„Тоа значи дека продуктивноста ни паѓа дупло повеќе отколку овие резултати што се појавуваат со БДП и со вработеноста зашто одат во обратна насока. Сè поголем број на вработени создаваат сè помал БДП. Тоа е класичен пад на продуктивноста на макро ниво. Значи има доволно причини Владата, еве оваа година завршува, од јануари многу, многу сериозно да се посвети како што се посветува на другиве проблеми – надворешни политики, правниот систем итн.“, додава поранешниот министер, Поповски.
Во првото тромесечје економијата стагнираше, а второто заврши со минус од 1,3 проценти. Со оглед на ваквите резултати, многу веројатно е дека нема да се оствари ниту ревидираната проекција на Министерството за финансии за раст на БДП во 2017 од ниски 1,6 проценти. Од друга страна, Народната банка во ноемврискиот извештај прогнозираше раст од само половина процент.
Без паники само... ќе добиеме финансиска инекција по промената на името и најважно од се ќе има за сите, без турканици!