Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Антонио е тежок манипулатор, притаен психо лик. Уште кога ќе го видиш како настапува и говори знаеш дека си имаш работа со некој што те гледа у очи и ти продава магла.
Повеќе личи на некој избеган од лудница, таков блед целиот со фаца на сериски убиец.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Камери на судењето на Грујо, брифирање за ослободителната пресуда на монструм, брифирање за ревизија на учебници... Министерството за вистина во офанзива. Анперсоните се фрлија на работа.
Соодветен контраодговор не е проблем шо нема сега, и нема воопшто кој да даде.

Негде 2007/8 сме сега, само со рокада на улогите.

Во цикличност не држат.
 

Nikola Nini

Doktor bez nauka
Член од
5 септември 2017
Мислења
353
Поени од реакции
179
Negovoto odneduvanje vo javnost i so lugje....po moe mislenje e celosno sprotivno od negovata vnatrešnost.
Znae da se kontrolira...precizen..milostiv so sekoj čovek vo razgovorite...nikogaš grub ili nadmen, ili da bega od ljugje(koi baraat uslugi).
E sega posle učtivite zborovi dali ke ti završi rabota......

Ps.poveće se družam so tatko mu....i veruval ili ne tatko mu nikogaš ne razgovara so prijateli za politika...ili mnogu retko
Tatko mu sto AMSM vo Kicevo si go zema ? za istiot zborime ?[DOUBLEPOST=1512648763][/DOUBLEPOST]
Повеќе личи на некој избеган од лудница, таков блед целиот со фаца на сериски убиец.
Faca na peder ima povekje :D
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Pa vazi koga ke doznae on ke si gi iscinkari isto :D
Ne samo da gi vratat parite nego i da se kaznat
Ne kako sega ako prodje prodje ako ne ke si vratime nema steta
Zaboraviv da gi spomenam vo mojot prethoden post i lapacite od MANU da onie stari mumii koi nisto ne doprinesuvaat za dobrobitot, razvojot i blagodetot na drzavata, narodot i opstestvoto, a cicaat ogromni sumi na pari od budzetot za nivnite plati i penzii !
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.267
Поени од реакции
8.637
Камери на судењето на Грујо, брифирање за ослободителната пресуда на монструм, брифирање за ревизија на учебници... Министерството за вистина во офанзива. Анперсоните се фрлија на работа.
Соодветен контраодговор не е проблем шо нема сега, и нема воопшто кој да даде.

Негде 2007/8 сме сега, само со рокада на улогите.

Во цикличност не држат.
Грујо самиот барал да се снима судењето. Денес истото и Латас го побарал, а побарал на новинарите да им се забрани да го снимаат и можеле само обвинителите да ги снимаат внатре во судницата. Снимањето е само визуелно, а не и тонско.
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
90
Поени од реакции
46
Интересно е да се чита,како многу душебрижници шпекулираат околу личноста на наследникот на Грујо и генерално за судбината на ВМРО.Нејасни се мотивите сега кога животот дојде овде повторно,а стратешките цели на борците за слобода на УЧК , шарените револуционери и квислинзи во целост се исполнија?Која јанѕа сега пак ги јаде и не им дава да уживаат во успехот, во ЕУ во НАТО и другите моркови?
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
http://maktel.mk/News.aspx?id=99496

Alal da mu e na ovoj Agronco od DUI (BDI) on i sega e funkcioner vo novava vlast i prethodno bese na nekoja funkcija dodeka vladeese cela decenija DPMNE a i prethodno bese na visoka pozicija vo vladata na SDSM i DUI od 2002 do 2006 ... mashalla ... 40 iljadarcinja za lapanje vo restorant !
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
“Не дајемо име“ работава...
Јеремич нема голема поддршка во Србија, ама добро знаеме чија школа е. Уште еднаш казанче им пуштаат....и уште има мајмуни што се крстат во патриотизмот на овие две безвредни ѓубриња.

http://fokus.mk/mijalkov-i-gruevski-pod-istraga-za-perene-pari-vo-srbija/

Мијалков и Груевски под истрага за перење пари во Србија

Јеремиќ, инаку, неодамна ги повика истражните органи да ја испитаат врската меѓу поранешната македонска власти и Воислав Спарвал, директор на фирмата СЦМГ која го купила крупевачкиот „14 октомври“. Како што рече тој, чешката компанија „Чехословак груп“ во октомври оваа година преку белградската фирма СЦМГ ја купила централата на крушевачката фабрика за четири милиони евра и тоа преку директна спогодба, без јавна лицитација.

Тој наведува дека по законот, директните спогодби за купопродажба важат само во специјални случаеви, а „специјално во овој случај е што оваа година во Македонија е соборен диктаторски и длабоко корумпиран режим на Вучиќевиот политички брат близнак Никола Груевски“.

– Тогаш луѓето од тој режим, а пред сите Сашо Мијалков, поранешниот шеф на тајната полиција и десна рака на Груевски, панично почнаа да извлекуваат пари од стечајни корумтивни фирми во Македонија и да ги пласираат по разни шеми, преку рајски острови, Холандија, а во случајот „14 октомври“, преку Чешка – вели лидерот на Народна партија.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
За Ванчо Михајлов со негови зборови
Нема држави, туку народи поврзани со Хитлер!
Владимир Милчин
Ги јадосала нашите тодоралександровци мојата колумна „Тестаментот на Александров“ во која го цитирав и коментирав неговото претсмртно интервју објавено во лондонски Тајмс. Ми го испорачаа своето негодување за време на моето гостување во емисијата „Ноќен експрес“ на Канал 77. Во својата порака ми порачаа да си ја гледам работата и да не се занимавам со историјата. Но, не помина многу и Миленко Неделковски се позанимава со историјата со чекан во рака. Тодоралександровци го одмолчаа неговиот „подвиг“, кршењето на спомен-плочата на загинатите војници од бугарската армија (11-та македонска дивизија) во која војувал и нивниот идол Тодор Александров. Крај не му се фаќа на новокомпонираниот патриотизам!
А што можело да ги јадоса нашите тодоралександровци? Тоа што на македонската јавност ѝ го претставив интервјуто на Александров во кое: а) се декларирал како Бугарин од Македонија; б) признал дека преговарал и договарал со комунисти, и в) изјавил дека автономна Македонија ја гледа како рамноправен дел од една, ако не балканска, тогаш југословенска федерација? Интервјуто никогаш не било објавено на македонски, од него може да се насети растревоженоста на Александров по објавувањето на Мајскиот манифест. Интервјуто е факт. А премолчувањето и извртувањето на фактите се пропагандни инструменти со кои се фалсификува историјата. Извртувањето и премолчувањето не смеат да се премолчат. Последиците се погубни. И тоа е факт со кој сме соочени денес и овде.
Споредбата на тоа интервју на Александров со интервјуто што Ванчо Михајлов му го дал на македонскиот новинар Борис Вишински укажува на тоа дека Александров од драматичната 1924 година и Михајлов од 1989 година би се согласиле само во тоа дека се Бугари од Македонија. И ова интервју е автентично. Своите одговори сомничавиот Михајлов ги испратил написмено, преку своите најдоверливи луѓе. Интервјуто е прв пат објавено на 8 јануари 2001 година во бугарскиот весник Демократија, па на 18 јануари 2001 во органот на МПО Македонска трибуна (на англиски, бугарски и, прашањата на Вишински, на македонски), потоа на македонски во Дело (не знам дали комплетно), па на 5 септември 2012 година на сајтот на ВМРО на Каракачанов.

Во 1924 година, автономистот Александров предвидувал дека кога ќе бидат исполнети условите „...делот од Македонија кој е во рацете на Бугарија ќе мора исто така да биде инкорпориран во автономна Македонија“. На прашањето од Вишински: „Како водач на македонското ослободително движење вие ја имавте историската можност да ја прогласите независноста на Македонија како држава со еднаков статус со сите други балкански држави. Што ве спречи да го направите тоа?“ Михајлов одговара: а) „Ослободувањето од југословенскиот јарем кој беше наметнат од режимот на кралот Александар Караѓорѓевиќ беше дочекано со голем вохит од нашето население во Македонија; или, уште поточно кажано, од оној голем дел од населението што не само што се чувствуваа – како секогаш дотогаш – како Бугари, туку и никогаш не бегаа од проширувањето на Бугарија до Охрид, до Хрупишта кај Костур и до брегот на Белото Море близу Кавала. Токму тие Бугари излегоа во првата линија да ја пречекаат бугарската војска во Македонија кога пропадна Југославија. Во тој момент, и со недели по тоа, радоста на тој широк круг патриоти не се намалуваше.“ б) Два-три дена по овој ден на ослободување, или само десетина часови по него, ќе беше малку бајато, без вкус, некој да појде во Скопје и во други места и да извика „Да живее автономна Македонија“. Затоа ниеден наш човек не беше поттикнат да одржи таков говор. Инаку би можело дури и меѓу најлутите патриоти Бугари да избие тепачка. в) Со најдлабока искреност треба да се каже дека во она време (1941 година, м.з.) имаше наши луѓе кои интимно беа колебливи во својата верба дека состојбата („ослободувањето“, м.з.) која тогаш настапи во Македонија ќе потрае. Иван Михајлов беше еден од оние (несомнено повеќето од нив молчаливи), кои уште од почетокот веруваа дека војната ќе почне со надежи за Бугарите, но таа војна од која тие очекуваа крајно решение, ќе биде загубена војна. г) Бидејќи војната ќе биде загубена за Германија и за народите на еден или на друг начин поврзани со неа, на почетокот беше направен обид кај завојуваните во полза на независна Македонија. И веројатно затоа што тоа беше почетокот на војната, не добивме никаков поттикнувачки одговор. д) Кон крајот на војната, истите фактори категорично го поттикнуваа Иван Михајлов јавно да прогласи независна Македонија. Но тоа беше толку доцна, што јас намерно отидов во Скопје со сопругата и од таму соопштив дека не можам да го прифатам нивниот предлог зашто е премногу доцна. И додадов дека одбивам да преземам одговорност пред сопствениот народ за злото кое може да го предизвикам со своите постапки. Самите Германци (во книгата на Валтер Хаген Тајниот фронт / Die Geheime Front) напишаа дека колку и да им е непријатен овој одговор, тие сметаат дека Михајлов правилно го исполнува долгот кон својот народ.“Ванчо премолчува кои се народите поврзани со Хитлерова Германија, а премолчува и на кој начин биле поврзани. Симптоматично е и тоа што Ванчо не пишува за држави, туку за народи поврзани со Хитлерова Германија, вклучително и Бугарите, во Бугарија и во Македонија, и премолчува дека делови од „поврзаните“ народи не само што не верувале дека настанатата „состојба“ ќе потрае, туку со пушка в рака, вклучително и Македонците, се кренале за да ѝ го скратат траењето.Толку од автономизмот на Михајлов. Во 1941 му било многу рано, а во 1944 му било многу доцна! Всушност, Ванчо Михајлов не можел да биде ни квислинг од рангот на неговиот сојузник Анте Павелиќ, кому, по распаѓањето на Југославија во април 1941 година, Хитлер му дозволил да прогласи независна хрватска држава (НДХ). Ванчо просто немал каде да прогласи независна Македонија. Географска Македонија, поделена на три дела по Балканските војни, во април 1941 година била поделена уште еднаш. Источните делови од Вардарска и Егејска Македонија ги „ослободила“ Бугарија, западните делови од Вардарска и Егејска Македонија ги окупирала Италија на Мусолини, првиот тутор на Ванчо Михајлов, а Солун (сонуваниот главен град на Ванчовата Македонија) и централниот дел од Егејска Македонија биле окупирани од најмоќната од „завојуваните“, Хитлерова Германија. Пиринска Македонија си останала во Царството Бугарија. Ванчо останал со прстот в уста. Не му било дадено ништо, освен да се засолни во Загреб од почетокот на војната до крајот на 1944 година. Во 1943 година, од Хитлер и Химлер му било побарано од своите следбеници да формира три баталјона доброволци кои ќе бидат вооружени со германско оружје. Познати како Охрана, тие во 1943 и 1944 година во Костурско, Воденско и Леринско војувале против грчкото движење на отпорот, во кое голем дел биле Македонци (СНОФ). Хитлер одново се сетил на Ванчо кога бугарската армија почнала да се повлекува од Македонија. Побарал Ванчо да прогласи сателитска држава Македонија, „за да се спаси што може да се спаси“. Останува непознато кои граници ѝ ги определил Хитлер на државата што требало да ја прогласи Ванчо. Ванчо молчи за тоа дали Хитлер, на пример, лут на капитулираната Бугарија, му ја понудил Пиринска Македонија? Или му понудил да прогласи држава на територијата на географска Македонија?
На 3 септември 1944 година, со германски авион, Ванчо и неговата сопруга биле транспортирани од Загреб во Софија, а два дена подоцна биле транспортирани во Скопје. На 6 септември, Ванчо го известил Берлин дека ја одбива понудата поради „неможноста да добие локална подршка“, а на 8 септември го напуштил Скопје со персоналот на германскиот конзулат. Два месеци подоцна, на 13 ноември, партизаните го ослободиле Скопје.

Една од вештините на Ванчо Михајлов била способноста да процени кога треба да исчезне, да го снема, да биде отсутен и од далечина да ги планира и да ги раководи своите конспиративни операции. И одговорите во неговото интервју биле таква операција, завештание упатено до неговите следбеници во Република Македонија. Радко (Ванчо бил љубител на псевдоними, м.з.) веќе бил известен дека тие креваат глас. Но за тоа, во продолженијата на оваа колумна.
Текстот е инаку ибјавен на Плусинфо и Окно, е сега нека објасни некој како тоа се користи Нацистичка Германија, Nazi Germany а Фашистичка Бугарија или Бугарскиот Фашистички Окупатор не може, макар и јадното спинче дека ние сме биле дел од Кралство Југославија, сепак се окупатори и тоа од фашистичка земја. Ете според Владе Милчин.

За Ванчо Михајлов, со негови зборови (2)
Од автономија до анексија
Владимир Милчин


Веројатно има читатели кои сметаат дека во моите колумни за Александров и Михајлов има премногу цитати и дека тоа ги прави напорни за читање. Но јас сметам дека цитирањето, а не прераскажувањето, ќе придонесе за расчистувањето на маглите и митовите. Читањето мора да му претходи на толкувањето. Толкувачот мора да ја сподели со читателот својата лектира и своите извори. И да толкува дури откако ќе ги сподели. Особено доколку тоа го прави во средина која гори од предубедувања и страсти, резултат на перманентното бомбардирање со пропаганда која ја контаминира и јавноста и приватноста. Затоа јас се придржувам за правилото: Најпрвин цитирај, потоа коментирај!

Во интервјуто што му го дал на дописникот на весникот Хрватска (гласило на Хрватски ослободилачки покрет, основан 1947 година во Аргентина од поглавникот Анте Павелиќ) во септември 1970 година, на прашањето: „Зар балканските марксисти не беа за независна Македонија која би влегла во една балканска федерација?“, Иван Михајлов одговара: „Македонски марксисти имаше малку. До август 1944 година во Скопје биле регистрирани околу 8000 работници. Ниту еден од нив не станал партизан. А за селаните не станува ни збор. Партизаните беа само една незначителна бројка бивши студенти од белградскиот универзитет, а со нив и извесен број Албанци и главно таканаречените ’србомани’, кои по јазикот и сите етнографски одлики се Бугари, но во некои села недалеку од српската граница потпаднале под влијание на српските чети.“

Зар Ванчо ја одбил понудата да формира независна Македонија само поради една незначителна бројка патизани и си ја здувнал? Или Ванчо се уплашил, или бројката и не била толку незначителна. А Црвената армија била далеку од Македонија, ниту еден советски војник не стапнал на македонска територија. Но, тоа и не е толку важно од денешен аспект. Важно е тоа што Ванчо и во 1970 година тврдел дека во Македонија, доколку ги исклучиме националностите, има само Бугари и ’србомани’.

И ете, тука лежи срцевината на спорот: Јас никому не му го оспорувам правото да се чувствува Бугарин и така да се изјаснува, а најмалку на Тодор или на Ванчо, но не можам да прифатам некој да ми го оспорува правото да се чувствувам Македонец и да го сведува на србоманство. Тоа е мојата визура, дополнета со антифашизмот, за кој се надевав дека во 21 век нема да морам да го нагласувам и застапувам, но се излажав. Мојата визура секако е левичарска, но антисталинистичка. Очекувам својата визура да ја појаснат и оние кои се вознемирија од мојата колумна За Ванчо, со негови зборови? Јас бев многу прецизен кога групата што ми ја испрати пораката да не сум се занимавал со историјата и да сум си ја гледал работата, ја опишав како тодоралександровци, а на крајот од тој пасус ја доопишав како новокомпонирани патриоти. За нив и денес мислам дека се под идеите на Тодор Александров.

Излезени се од под шинелот на Никола Груевски. Од под чиј шинел е излезен тој, сè уште не знам, но знам и имам многу аргументи да докажам дека не е од под моето палто (веројатно сум еден од Македонците кои беа и сè уште се мета на нападите не само од страна на неговите „курири“ и гаулајтери, туку и од страна на Груевски лично), како што ми подметнува најопширниот од оние кои се вознемирија од мојата колумна.

На прашањето од дописникот на Хрватска: „Бидејќи словенското население во Македонија било и сега е во мнозинството бугарско, како може да се објасни тоа што ВМРО и легалните организации во емиграција ја застапуваат идејата за независна Македонија?“, Ванчо во 1970 година одговара: „Оваа позиција е усвоена уште при создавањето на ВМРО во 1893 година. Основачите го имале на ум држењето на некои големи сили кои ги признавале бугарските етнографски граници, но не сакале да го поддржат создавањето поголема бугарска држава. Ја имале предвид и зависта на соседните балкански држави; а сакале да излезат со најприфатлива програма пред другите народности во Македонија (Грците, Власите, Албанците и, пред сè, Турците). (...) Ние и денес сметаме дека најдоброто решение е следното: независна Македонија, но без никакво негирање и газење на која и да е историска народност, локално признавана и од турскиот режим. Тоа е сосема во духот на македонскиот ослободителен идеал: независна Македонија како Швајцарија на Балканот.“ Но, во таа Швајцарија Ванчо не гледа Македонци, но тие од незначителна бројка, како што тврди тој, во меѓувреме нараснале до мнозинско население во Македонија. Ванчо тврди дека само народностите признавани и од турскиот режим имале право на постоење. Тој аргумент ме потсети на аргументот на белградскиот професор Војин Димитриевиќ, со кого полемизирав на една конференција организирана од Универзитетот во Кент на почетокот на 1990-тите години. Тој тврдеше дека правото за формирање независни држави завршило во 1918 година, па според тоа, Република Македонија не може да биде независна држава!
Дописникот на Хрватска го поставува и клучното прашање: „Доколку Југославија се распадне, во која насока ќе тргне онаа област која денес го носи името македонска народна република?“, и добива одговор од Ванчо: „Засега има барем два пата: или независност или обединување со Бугарија, евентуално и во форма на некаква автономија, со оглед на тоа дека, иако се малцинство – таму има и други народности. Дозволувам дека во оваа насока одат мислите и на некои бугарски комунисти, а можеби во помали размери и мислите на некои пропаднати ренегати.“ Дописникот не прашал, а Ванчо не објаснил за какви и кои ренегати (отпадници, м.з.) се работи, иако претходно во интервјуто со тој збор обележува Македонци, односно „србомани“.

На последните две страници од брошурата (отпечатена на бугарски јазик во септември 1993 година) во која е објавено интервјуто, поместено е обраќањето на Ванчо Михајлов, До сите браќа и сестри во Пиринска Македонија, во кое тој ги зацврстува ставовите изнесени пред 20 години во интервјуто за Хрватска:

„Она што во денешно време е особено важно и справедливо е следното: Бугарија да се прошири на јужните и западните македонски области, кои пред сто години биле исцртани како граници претежно на бугарското племе. Меѓу тоа време и денешното време би можел да се прифати следниот преоден компромис: Независна Македонија во сите нејзини географски граници, кои што ги посочува самото населението кое живее во нив. (...) Македонската нација и јазик не постојат. Тоа се измислици на фантазии како српската, за да се искористат како аргументи пред луѓето кои не го познаваат добро ни минатото ни сегашноста. ВМРО секогаш правилно гледала на етнографските и политичките стремежи на Белград. Денешната таканаречена Република Македонија содржи во себе низа неправди и фалсификати.“ Под ова, на левата страна: Италија, 11.03.1990 година, а на десната – Ваш: (факсимил) Иван Михајлов, Член на ЦК на ВМРО од 1924 година до ден денешен. По шест месеци, починал. По смртта на Тодор Александров, Ванчо го фатил патот кој го оддалечил од заложбите на Александров за автономија на Македонија надвор од границите на Бугарија и го одвел до барањето анексија на Македонија од страна на Бугарија, со автономија само како преоден компромис. Да поживеел уште само 12 месеци, Ванчо ќе ги видел резултатите од референдумот на кој мнозинството од населението се изјаснило за независна Република Македонија.
Десет години подоцна, издавачката куќа Менора, со финансиска подршка од Фондацијата отворено општество Македонија, ја објави на „непостоечкиот“ македонски јазик книгата По трнливиот пат на македонското ослободително дело од Иван Михајлов, објавена на бугарски во 1939 година под псевдонимот Брегалнички.
Плусинфо и Окно.

...независна Македонија како Швајцарија на Балканот.




Испадна од играчка плачка.

Уште мигрантите фалат за да биде комплетно тоа шо беше во нечија глава и служеше само за создвање тензија.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
нема врска, во тазе изјави на СЈО во медиуми не се зборува за тендер туку за луксузирање.. Во првата изјава на СЈО има за спецификациите кој се барале за возилото, демек упатувала на одреден тип марка, но спецификациите се тие што се бараат за блиндирано возило, а и СИТЕ држави во Регионот купуваат возила баш од таа Меркеловска марка , за тоа може да се сликаат со обвинение, немало друг заинтересиран понудувач...
А без ТЕНДЕР другарот на Спасовски од Куманово , обичен дилер на Порше Македонија сам набави 30-кусур коли,иако си има овластен увозник за Македонија.; .. кога се откри дилот пред 3-4 недели, МВР најави објаснување ама се уште нема...[DOUBLEPOST=1512638705][/DOUBLEPOST]
па зошто во Грција а и секаде во ЕУ Груевски го третираат како крут и непопустлив околу промена на името ????? и баш тие го тргнаа од власт...
FYROM не беше проблем за господинот николче диктаторче.
Еве како договара и промена на името зад грбот на граѓаните на РМ.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.002
Поени од реакции
83.386
Уште мигрантите фалат за да биде комплетно тоа шо беше во нечија глава и служеше само за создвање тензија.
А за мигрантите одамна се знае, ти изглеа соросови медиуми само читаш, штом не го знаеш тоа.
Мигрантите како што знаеме, веќе неколку месеци маршираат во милиони накај Македонија, 150.000 се веќе некој месец на грчка граница и само што не се населиле тука, изгледа ги чекаат безбројните станови кои Заев им ги гради во Повардарието. Додека пак, 3000-те муџахедини веќе година дена се спремни на северната граница.
it is known
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Пореален е стравот дека ненаселена и пуста ќе остане него мигранти да дојдат во демо верзијава од држава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom