Работа на брод

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
На секое качување на брод си должен да направиш обемен медицински преглед, каде меѓудругото си тестиран на сите познати сексуално преносливи болести и психотропни супстанци. Кога ќе стигнеш таму пак одиш во медицински центар и имаш додатни тестови, шо и како по процена на докторот.

Тие чести тестови на кои кандидатите се бираат по ептен случаен избор, се само ако си му сомнителен на некого во меѓувреме.

Непосредниот супервизор има право и обврска при секое пријавување на должност, секој сомнителен за дејство на психотропни супстанци, тука и алкохол, да го пријави веднаш во обезбедување и се прави тест веднаш.
Ако се случи нешто а претпоставениот и навистина да не забележал дека некој е под дејство, пак ќе одговараш, такви се правилата.
Не смее да се конзумира алкохол минимум шест часа пред да се оди на должност, толеранција е нула промили on duty, 0.8 off duty или нешто повеќе, ова е за Карнивал правила и прописи.
Секој нов човек што доаѓа во ротација или е прв пат на брод има процедура шо се запознава во центарот за тренинг на екипаж, crew training center а шо on the job training, се завршува со потпис и acknowledgement form.
За се постои процедура во бродскиот интранет, буквално се.
Во секоја кабина има папка, регистратор со сите правила и прописи на компанијата, Библија се вика.
Не е толку строго колку шо изгледа, ама не е Македонија да се разбереме.
 
претпоставував затоа и прашав барем да се осигурам.
Иначе јас завчера ја добив работата за на брод и вчера ме фати паника во врска со тестовите за дрога. Не сум конзумирал ништо освен канабис две недели секој ден ( последниве 2 недели ) па сеа за медикалот да го поминам би требало барем еден месец да помине за да се биде се ок.
можам ли да го одложувам медикалот цел месец ?
 
Помина на интервју или доби датум?
Ако си само поминал на интервју, биди си клин месец дена и направи го медикалот.
Ако си добил датум за качување е тогаш ќе си провериш со твојојт агент.
 
Помина на интервју или доби датум?
Ако си само поминал на интервју, биди си клин месец дена и направи го медикалот.
Ако си добил датум за качување е тогаш ќе си провериш со твојојт агент.

Само на интервјуто поминав не сум добил никаков датум за качување ( кога се добива датум за качување на брод? ) , а од агенцијава и за тренинг веќе ми спомнаа највројатно тој stcw.
 
Последно уредено:
Епа среќно. Пиши која компанија, која позиција.
Можеби ќе се видиме на stcw ако го правиш во Скопје.
И остани чист ;)
 
Ovation of the Seas or... Ovation of decease?

Нешто не прават Ројал ко што треба штом вакво нешто им се случува секоја втора година.

Како и е да, 200 болни од 5800 гости и не е толку страшно. Битно е да издржат вработените, има да се убијат од прскање хемикалии наредниве недела дена, ама јбг... бродски живот, секоја бактерија треба да се уништи :)
 
Сигурно некој огорчен Македонец или Србин или Босанец ги отрул како одмазда поради забраната за вработување на Македонци/Срби/Бошњаци.

Шегата на страна, нека оздрават болните, а Ројал Карибиан слободно нека банкротираат :kuracc: .

Или нека почнат повторно да вработуваат Македонци, па и болните ќе оздрават преку ноќ, а бродовите ќе почнат да пловат и низ вселената. :D
 
Норо вирус е во прашање а 200 е голема бројка затоа шо зависи колку циркулирале заразените низ јавни простори каде шо можи да дојди до кросконтаминација пред да се стават во карантин, за помалку од 24ч може преку 50% да достигне и тек тогаш катастрофа.
200 од гостите само пишува, веројатно и екипажот е опфатен а тоа ја доведува до прашање операцијата на пловилото и е полошо многу него гостите, за гостин е само лично негативно искуство, екипаж е друго.

Колку порано се стават во карантин и се почне со нешо шо се вика Outbreak Prevention and Response Plan, толку побрзо ќе се сузбие или стави под контрола (contain). процедурално треба да се известат властите за ова, од поморски до USPH and CDC и тоа со извештаи на неколку часа во зависност во која фаза е OPRP.

Тешко на екипажот, тие на сликата прават fogging, запрашување на наше шо ми доага најблиску до превод и тоа треба да се направи на секоја педа од бродот во одреден временски период, 24/7 до тогаш, одмор дома тек. Не за сите нормално.

Ново бродче инаку 2016, од најголемата класа на Ројал Карибијан.

Малку пикантерии :)
 
Пишав јас дека нешто мањкаат у операциите и им се случува ова од време на време. Како за компанија која се фали дека е најдобра на свет имаат доста утки, ама верувам дека ќе се средат.

Другарче што веќе е Асистент Мет'р Ди ми кажуваше пред некој ден дека многу процедури смениле од 2015 кога јас бев таму до сега.
 
Дечки дали законски мора да се плати данок во Македонија на парите кога ке дојдеш од брод? И на која сума плаќаш данок, на целата заработена или на заштедена што ке ја донесеш тука?
 
Дечки дали законски мора да се плати данок во Македонија на парите кога ке дојдеш од брод? И на која сума плаќаш данок, на целата заработена или на заштедена што ке ја донесеш тука?
Не плаќаш ниту еден денар данок во Македонија.
 
Не плаќаш ниту еден денар данок во Македонија.

Така е законски? Оти сега се замислив за потекло на пари да не ми бараат? Значи и да ми бараат потекло можам да им дадам доказ дека се од работа на брод и е ок?
 
Така е законски? Оти сега се замислив за потекло на пари да не ми бараат? Значи и да ми бараат потекло можам да им дадам доказ дека се од работа на брод и е ок?
Потврда беше договорот кој сестра ми го носеше во НЛБ тутунска банка секој пат кога префрлав пари од мојата OceanPay картичка на мојата сметка во НЛБ.
Другите банки колку што знам ни ова не го бараат. И не платив данок на парите кои ги префрлив.
Останатите пари уопште не ги пријавував (кеш носев помалку од 1000 долари, се останато беше на картичка).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom