Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Нема потреба од паники.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.171
Поени од реакции
16.304
Ете гледате колку малку беа, нема место за паника.

Гледам и позитивни сигнали од господинот Заев:

Заев: Притворот се претвори во казна, притворот треба да се дава само кога е неопходно

Не треба никој да биде осуден ако не постојат докази дека направил кривично дело. Презумцијата на невиност треба да се почитува. Во последните 10-12 години во Македонија притворот се претвори во казна. Не би сакал тоа да се случува во државата, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
„Навистина, притворот треба да се дава само тогаш, кога е тоа е неопходно, а секогаш да се користат олеснителните мерки во она што значи процес на истрага во судските процеси. Без правна држава нема реформи. Се надевам дека ќе овозможиме правосудните органи да носат транспарентни и независни процеси“, изјави Зоран Заев.
пишав зошто таламбаса Таљат... осеќа дека на албанските пратеници во Собранието им се одзема јазичето на кантарот, а се уште не е поминат законот за јазици кој спротивно го толкуваат Заев и Али... Од друга страна брдото нема да дозволи да се намали влијанието на албанците во парламентот, нивната шема е подели па владеј...
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.831
Поени од реакции
36.864
Пола Македонија излезе да го слуша паторот. Па дури и пренос во живо има, да допре во ушите на цела нација!!!
Овие патриотски говори ќе се снимат на ЦД и ќе се испрати во вселената со наредната мисија.

Така не само светот туку и универзумот ќе дознае за Мајка Македонија и за патриотскиот народ што живее тука!

Народот е штитот, Груевски е копјето!
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Не се нервирај Зокче, ќе огрдниш од мака :drk:
Не сум ја видел...не ми се веруе.

На Твитер пишат дека Зоке со Панамерата дошла, ако е навистина точно зошто се знаат да напишат, каков автогол за Зокето... :(
Панамера вози? Стварно?
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Овие патриотски говори ќе се снимат на ЦД и ќе се испрати во вселената со наредната мисија.
Нема пари за таква мисија, сретствата се пренасочени за дебати за тоа колку полови постојат.[DOUBLEPOST=1512322283][/DOUBLEPOST]
Панамера вози? Стварно?
И Грујо има јакна од тија скупите.
Пренеси понатака.
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
На кое дереџе дојде господинот Груевски, 2 екипи за мал фудбал неможи да собери, за греота е човекот. Плус и страшно тврдоглав да сфати дека за него возот замина одамна. Сеа останува само Крсто да му ја отвори вратата во Шутка.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Ќе се врати, не се секирај ;)
Тргни ми се со тој ајатолахот у потпис бе, неписмен еден.
Ко црнец со кукаст крст си. Не си свесен колку си глуп.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.831
Поени од реакции
36.864
Нема пари за таква мисија, сретствата се пренасочени за дебати за тоа колку полови постојат.
Е како нема. На толку продадени табли турски лекови сигурен сум дека во џебот на Пастирот и Дпмне ќе се најде некое денарче за такво свечено патриотско дело.

Сепак...за Македонија се работи. Треба Универзумот да ја разбере вистината за овој древен народ.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не сум ја видел...не ми се веруе.

Панамера вози? Стварно?
Јеп, 120к, кој е од Струмица на форумов ќе ти потврди. Сигурно од министерската плата на татко и.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Тргни ми се со тој ајатолахот у потпис бе, неписмен еден.
Ко црнец со кукаст крст си. Не си свесен колку си глуп.
Не знам како може во твојата партија да трпат расист ко тебе.
Што има врска дали е црнец, белец, кинез со тоа каква политичка определба има?
Многу си ограничен.[DOUBLEPOST=1512322944][/DOUBLEPOST]
Сепак...за Македонија се работи. Треба Универзумот да ја разбере вистината за овој древен народ.
Ќе ја разбере, само ти викам, прво треба да се сконцентрираме на науката и технологијата, а не на дебати за полови, родови еднаквости, права на малцинствата, итн.
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Автор: Центар за граѓански комуникации
Објавено на 06 јули 2015

Вкупно 6.271 луѓе работат во 80-те општини во земјава, плус во Град Скопје. 90% од нив се во редовен работен однос, додека 10% се привремено вработени. Тетово и Македонски Брод се општини-рекордери. Тетово – според вкупниот број вработени, а Македонски Брод според бројот на вработени по жител. Кај некои мали општини, како Лозово и Арачиново, дури две третини од буџетите им се трошат на плати.


Бројот на вработените во општините се движи од рекордните 393 во Тетово до минималните 9 вработени во Зрновци.

Рекордниот број вработени во општина Тетово не произлегува од рекордниот број на жители. Со 90.800 жители, општина Тетово има за 36% повеќе вработени од најбројната општина – Куманово со 108.231 жител.

Второрангирана според бројот на вработените е општина Охрид, каде што во јануари годинава имало 250 вработени во редовен работен однос и 11 привремени вработувања.

На трето место е општина Куманово со 207 вработени во редовен работен однос и 43 привремени вработувања.

Во врвот е и една скопска општина, Карпош, со 226 вработени, од кои 129 се во редовен работен однос, а 97 се ангажирани преку агенција за привремени вработувања. За споредба, во една друга скопска општина, Кисела Вода, која има приближно ист број жители со Карпош, работат 155 луѓе, односно 37% помалку отколку во Карпош. Треба да се има предвид дека, за разлика од другите поголеми општини, во скопските општини нема вработено луѓе од противпожарната заштита, бидејќи оваа ингеренција е пренесена на Град Скопје.

Инаку, групата општини со повеќе од 200 вработени, во врвот на ранг-листата, ја заокружуваат општините Штип (со 221 вработен) и Струмица (со 212 вработени).

Следната група на 13 општини кои имаат меѓу 100 и 200 вработени, ја предводат Прилеп со 185 и Битола со 178 вработени.

Најбројната група на општини е онаа до 100 вработени, која ја предводи Радовиш со 92, додека на самото дно на листата е општината Зрновци со само 9 вработени. Пред неа со по 11 вработени се општините Зелениково и Росоман.

Овие податоци недвосмислено говорат за отсуството на јасни параметри за соодветниот број вработени во општините гледано според бројот на жителите и ингеренциите што ги имаат.

Рангирање според бројот на вработените во општините по жител

Разликите и неизедначеноста меѓу општините во однос на бројот на вработените, стануваат уште поочигледни со резултатите од истражувањето кои се однесуваат на рангирањето на општините според односот меѓу бројот на вработените и бројот на жителите во општините.

Додека во општина Македонски Брод на секои 88 жители има по еден вработен, во скопската општина Сарај, еден вработен обезбедува услуги дури за 1.135 жители. За споредба, просекот во земјата е 385.

На врвот на листата на општини со најмногу вработени по жител, односно првите единаесет места, ги заземаат помалите општини кои имаат по помалку од 8.000 жители.

Станува збор за општините Македонски Брод, Старо Нагоричане, Новаци, Лозово, Ранковци, Градско, Сопиште, Пехчево, Чашка, Демир Капија и Македонска Каменица.

Но, и овде има разлики и невоедначеност меѓу општините, бидејќи не сите општини со мал број жители имаат повеќе вработени по жител. Една цела група општини со малку жители имаат помал број вработени по жител: Демир Хисар, Конче, Карбинци, Могила, Зрновци, Центар Жупа, Росоман и Зелениково.

Меѓу поголемите општини, највисоко рангирана (на 13-то место) е Охрид каде што еден вработен во општината опслужува 202 жители. Следуваат Штип каде што има по еден вработен на секои 220 жители и Тетово со 213 граѓанин на еден вработен во општината. Во големата петорка на општини рангирани според овој параметар уште се наоѓаат и Карпош и Струмица. Во скопската општина на секои 264 жители има по еден вработен, а во Струмица соодносот е еден вработен на 267 жители.

Најлоша е состојбата во седум општини на самото дно на рангирањето. Еден вработен во општината покрива меѓу 700 и 800 жители во Арачиново, Врапчиште, Боговиње, Студеничани.

На самото дно се Липково со 925 жители на еден вработен, Шуто Оризари со 961 и сосема на крајот општината Сарај, како единствена општина во која еден вработен опслужува повеќе од 1.000 жители, поточно 1.135.

Гледано по региони, од осумте во земјата, највисока вработеност во оваа смисла има во општините во источниот регион, кој е еден од најсиромашните во Македонија, а најмала вработеност има во скопскиот регион, кој е најбогат.

Меѓу 9 и 66 проценти од буџетите на општините одат за плати
За да се добие јасна слика за тоа колку од парите во општините се трошат за плати, а колку реално остануваат за финансирање на работењето на општината и за подобрување на условите за живот и работа на локалното население, во истражувањето се вклучени консолидираните буџети на општините.

Ова значи дека во приходите се вклучени и оние од дотации и трансфери од централната власт, приходите од донации, како и евентуалните приливи од заеми. Имено, многу општини токму преку поддршката од централната власт ги финансираат капиталните инвестиции, што секако се значајни за подобрување на квалитетот на живот на локално ниво.

Од друга страна, пак, кога станува збор за плати, во нив покрај платите на администрацијата се вклучени и платите што се исплатуваат преку консолидираните буџети на општините, што значи и платите на вработените во градинките, основното и средното образование, противпожарната заштита и сл. за кои локалните власти добиваат дотации од централната власт. Впрочем, само на овој начин се добива реална слика за тоа колку пари имаат општините реално.

Согласно податоците добиени од општините, произлегува дека вкупната вредност на консолидираните буџети на 80-те општини, плус Град Скопје, за 2015 година е проектирана на околу 674 милиони евра. Од нив, 244 милиони евра, односно 36%, ќе бидат потрошени за плати на администрација во општините, градинките, основното и средното образование, противпожарната заштита и сл.

Ранг-листата на трошоците за плати од консолидираните буџети на општините уште еднаш ги потенцира големите разлики меѓу општините.

Дури 30 општини на плати трошат меѓу 45% и 66% од буџетот, а со остатокот го финансираат работењето на општината, ги покриваат дел од трошоците во образовните институции и инвестираат во улици, канализациони мрежи, паркови, нови објекти и сл.

Методолошки објаснувања

Истражувањето за рангирање на општините според бројот на вработените, односот меѓу бројот на вработените и жителите, како и уделот на платите на вработените во консолидираните општински буџети е направено преку прибирање, сортирање и обработка на податоците обезбедени од единиците на локална самоуправа врз основа на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Речиси и да не постои општина во земјава која овие податоци ги има јавно објавено на својата интернет страница. Мал дел од општините на своите интернет страници единствено ги имаат објавено своите буџети.

Градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа е вклучен во табеларните прикази со податоците од истражувањето, но не и во рангирањето со оглед на специфичните ингеренции и поставеност.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
http://republika.mk/854406

Може некој да ми објасни колку всушност вработени има во една општина?
Ај на страна тоа колку луѓе вработил, пази ги бисериве.

„Според информациите од 1 декември им престанал работниот однос на уште 50 лица, а ова е втор бран на отпуштања откако на 1-ви ноември исто така беа отпуштени 50 луѓе вработени во општината.“
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.831
Поени од реакции
36.864
http://republika.mk/854406

Може некој да ми објасни колку всушност вработени има во една општина?
Многу. Стевче во Општина Карпош остави 420 вработени.

Не за џабе ДПМНЕ денес има повеќе членови отколку КПМ што имала на времето. Биро за вработување е Дпмне.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ај на страна тоа колку луѓе вработил, пази ги бисериве.

„Според информациите од 1 декември им престанал работниот однос на уште 50 лица, а ова е втор бран на отпуштања откако на 1-ви ноември исто така беа отпуштени 50 луѓе вработени во општината.“
Тоа де, испаѓа дека овој избркал 100 вработени, а општината и понатаму функционира. Затоа прашувам, колку вработени има една општина, и што тие луѓе работат. 100 вработени е цела армија гладни усти кои треба да бидат нахранети.[DOUBLEPOST=1512323179][/DOUBLEPOST]
Многу. Стевче во Општина Карпош остави 420 вработени.

Не за џабе ДПМНЕ денес има повеќе членови отколку КПМ што имала на времето. Биро за вработување е Дпмне.
420????? 420 вработени во општина? :vozbud::vozbud:
 
P

psychostasia

Гостин
Каде ќе ви одат душите бе? 100 души избркани од работа за месец дена?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom