@Кеплер ,
Муабетот тргна од твојот коментар дека крмак од 200 кг (после излезе дека тоа било кажано метафорично за секој што е над 100ка), не може да фати женска освен ако не е богат. После излезе да релативизираш дека сепак може да најде, ама ако ја фати у некој емотивен период па преку тешење да ја опне.

Никој не ти пропагира дебелина, ниту пак нездрав живот. И заклучокот дека тој слабиот има подобра шанса да ќари никој не ти го спори. Ете ти самиот, сигурно си го искусил на себе си дека кога си ослабнал, шансите да опнеш нешто ти се зголемиле.
Тука за што ти се "замерува" е твојот деградирачки и потценувачки став кон се што е дебело, апропо истото е крмак/буре/топка и какви се навредливи зборови не употреби, заедно со другар ти Дел Бој. За личност која има доктор или магистер, што и да имаше титула имаш доста ограничено размислување, а и вокабуларот ти е на ниво.

Посебно ти како личност која поминала низ период во кој си имал проблеми со вишокот килограми да биде најгласен во подржувањето на особи со сличен проблем, да ги мотивираш истите да се променат и подржиш кога трпат критики од страна на нас нормалните, ти ги вреѓаш. Ама океј. Ја разбирам твојата огорченост кон нив. Истата потекнува од огорченоста што си ја чувствувал и од себе неприфаќањето кога си бил дебел. Тогаш не си се ценел самиот, затоа денес не ги цениш нив. Само да знаеш дека и тогаш си бил истиот човек и си ја имал истата вредност и денес, минус самодовербата и фрустрацијата која ти ја стварала килажата.
Те поштувам како личност. Имаш познавање од многу области ама ставов едноставно не ти чини. Истиот може да се очекува од некој неиживеан сељак кој пи*ка видел последен пат на Мис Браилово 2008. Ако не ти се по вкус дебеливе, прескокни ги. Полесно е така.
@Del Boy ,
Што ако девојка ти со која си во врска 3 години. Ја сакаш и карактерно и физички. Дури имаш и планови со неа за иднината. Наеднаш од некои си медицински, психички или било какви причини покачи килажа од +10, 20, 30 кг... (избери бројка). Или пак во уште по екстремен услов, веќе ти е жена и после пораѓајот не се справува добро со враќањето на килограмите назад и не е веќе она што била. Што би направил?
Пошто не знам дали имаш/си имал толку долга врска која толку многу ти значела, еве на истото слободно нека се опроба и Кеплер, како човек со долга врска.