zdravo, sakam da prasam da naracan nesto od internet, za kolku vreme ke stigne i dali ke imam dopolnitelni trosoci?
za saat od 600 evra se raboti...
Sent from my G8142 using Tapatalk
Ај и овде
Го пишувам за тебе важи за сите, за оваа и за други слични продавници
Ќе платеше 600 евра и ќе те изгореа. За да уштедиш некое евра ќе го изедеше дебело.
1. Името. Paybestwatch и исклучително сомнително, генеричко и мамка за кликови име. Повеќето сериозни брендови никогаш не би ставиле вакво име.
2. Домејн. Добар бренд не би штедел на ситни суми и би купил .com домејн а не .me
3. Ако одиш доле десно ќе видиш дека од 2015 најверојатно немаат ништо сменето на страната.
4. Страната е сеуште на http:// наместо на http
s://- дополнителна мерка на безбедност што веќе сите посериозни портали ја имаат а не па продавница за скапи саати/реплики
5. Live support-четот не им работи, претпоставувам никогаш и не им работел, ама пробајте сите па корегирајте ме. Неактивна корисничка подршка треба да биде огромно црвено знаме за секого.
6.
www.resellerratings.com е една од најмеродавните страни каде се оставаат оценки и критики за сите продавници на интернет. Пријателиве твои воопшто ги нема
7. Нигде нема адреса каде се сместени, еден мочан e-mail доле само имаат.
8. Доле десно стои Vimeo и Youtube линк, кај нема ништо на линковите па уште на Youtube Линкот се наоѓа Vimeo
Многу од работиве што ги набројав можеби се за заради тоа што продаваат реплики, но јас сум убеден дека ти заштедив 600 долари.
Да не се повторувам, кој и да нарачува во иднина нека им ја разгледа бар малку страната пред да плати било каде на интернет. На сомнителни сајтови не се купува ни од 3 долари нешто (да не ти ги соберат податоците од картичката) а не па нешто од 600 долари.