Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.869
Де кажи за кој функционер од сдс сум тажел јас?
Оти кој тажам јас?

Дај препрочитај шо сум напишал, бирам зборови, напишав некаде дека е невин или дека некој не треба да одговара?

Само во ист безврска фазон ко твојот реплицирав и стигнавме до тука.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
http://www.plusinfo.mk/mislenje/3652/provereno-do-mart-grujo-u-kjorka


Сашо Орданоски

Додека го побарав копчето на далечинското на телевизорот за да го покачам тонот на вонредното обраќање на претседателот Иванов, обраќањето заврши! Така, останав скратен од можноста лично да дознаам што важно ни соопшти претседателот по повод најновиот развој на настаните во профункционираната правна држава во Македонија.

Фатив да вртам телефони по пријатели – аман, што кажа Хорхе, ќе има ли вонредна состојба?!

На еден жената му си го дувала носот, па додека издувала, и тој пропуштил да слушне за што било обраќањето, по што продолжиле да се расправаат за разводот… Друг ми вели дека син му му кажал оти на комшиката по скајп ѝ се јавила тетка ѝ од Мелбурн чијшто внук од Оукленд по вибер ја прашал дали е точно дека македонскиот претседател тукушто на граѓаните на телевизија им честитал Нова Година на 28 ноември?!… Се подзамислив. Можеби Хорхе извадил некој антички календар, па побрзал да ја соопшти радосната вест до нацијата?

Е, дури од „трета мајка“ еден пријател од ГРОМ, постојано мобилизиран и буден, ми вели дека во животот не слушнал пократко и поспектакуларно „пуштање низ вода“ на политичките истомисленици… „Како, бе?!“… „Па, така: за насилството одговорност морало да има, притисна казанчето и ојде целата тајфа на Грујо у канализација!… Со Стевчо џабе 15 минути мрзневме пред суд. Али, па, он малку и се навикнува на околината таму…“

Ајдеее… Евà, евà, евà.

Се вратив на телевизорот да видам што се случува пред судот… Грујо, откако задоцнил еден саат на протестот, со стомина околу него пие чај. Им објаснува дека морал да го каже она, ноќта по враќањето од Виена, по хаосот во Собранието, дека насилниците ќе мора да одговараат. Реклами. Грујо си заминал, чајот се оладил. Сендвичи јок. Знамиња јок. Нема, тоа е, државата пропадна.

За, колку-толку, да се спречи таа пропаст, протестантите ќе го блокираат сообраќајот во Скопје. Така, сите кои работат на пропаста нема да можат со коли да се движат низ градот за да го спроведат тој опасен план. Предавниците ќе мора пешки да ја пропаѓаат Македонија. Клевер.

Добро, сфаќам, се поапсија изведувачите и помагачите на обидот за државен удар од 27 април. Јас мислам дека до февруари, најдоцна март, ним ќе им се придружи и инспираторот. „Не, бе, Чавков е полицајчуга цел живот, нема да прозбори, ќе видиш“, анализира еден добро информиран пријател, комшија на полицаец од станицата во Ѓорче Петров, заради што, со право, во друштвото го сметаме за експерт за правни и безбедносни прашања. „Ќе скапе ако треба у затвор, ама Грујо нема да го предаде!“

Потоа барам еден пријател од реформистите во ВМРО и развиваме филозофска дебата: Ако мнозинството членови од Извршниот комитет на ДПМНЕ отиде во ќорка, дали одлуката за смена на Груевски од претседателската функција во партијата би била правно валидна? „Да – вели реформистов – бидејќи гласањето ќе се спроведе во Идризово, каде ИК ќе има кворум, со присуство на Грујо, таквата одлука ќе има извршна правна тежина!“

И, според долгата историја на македонските партиски преврати, доаѓаме до најсложеното реформско прашање: Кај кого ќе се партиските печати – кај оние во Идризово или скриени во некоја саксија во партискиот бел дворец?… „Нема врска, веќе изделкавме дупликати од компир, а и ние ќе го носиме решението во Централен регистер, Грујо ќе биде службено спречен!“

Бреееј, што ти е правна држава! Убавини.
A Sasho kako i obichno, izigruva bolen majmun pa saka malku i duhovit da bide, zakoraven sorosoid .
 
S

silmarillion

Гостин
Пусти страв.Не дај боже ќе те уапсат па ќе си лежиш минимум 10г.Страшна работа е тероризмот.
Не бе ја мислам се изморија веќе а и поише од пола се префрлија во СДС. Каков страв какви бакрачи.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.977
Поени од реакции
12.400
Дента кога пастирот и пвеводбениците ќе го направат ова во судница, јас ќе ги наречам патриоти.

Но до тогаш, ќе останат најобични крвопијци, исто како и плавите жолтици.

Слободан Праљак „испи отров“ пред Судот во Хаг


Абе Хорхе ке аболицира пак?
Најверојатно на 12 мај 2019 година кога ќе му истече претседателскиот мандат, во стилот на американските претседатели кои секогаш на 20 јануари кога им истекува мандатот ги прават последните штети врз нацијата со помилување на злосторници, така и Хорхе сигурно планира или аболиција или помилување за пвеводбеничкиот пастир и за неговите братучеди.

Бидејќи веќе имаме искуство како нација со аболицирањето на зајко кукурајко, нема да биде изненадување аболицирањето на пвеводбеничкиот пастир и на неговите братучеди, кои ќе си тераат бизниси како слободни граѓани и после 12 мај 2019 исто како ништо да не било. Присилно си присвоија безброј бизниси, еден од најновите е присилното превземање на бензиските пумпи на Пуцко Петрол, капиталот ќе си се прелева на нивните трансакциски сметки во даночните раеви низ Карибите и Латинска Америка, а нашинците ќе ги променат стиховите од "Шутка не ти бега Никола" во "Белизе не ти бега Никола".
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Ај заќути се и барај си таму твитер заебанции и 4chan фори и не се мешај у работи што не ги знаеш.
Заќути таму и остај не на раат да ја раскурцаме државата!
Класика.

Ако не па Бранко да го вратиме, а?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Не бе ја мислам се изморија веќе а и поише од пола се префрлија во СДС. Каков страв какви бакрачи.
Исто како претходно од СДС шо се префрлија во ВМРО и така во круг 27 години.Во МК сончогледите имаат прекрасни услови за живот!(y)
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Дента кога пастирот и пвеводбениците ќе го направат ова во судница, јас ќе ги наречам патриоти.
Овој не е патриот, овој е воен злосторник.
 
S

silmarillion

Гостин
Епа тоа е критичната маса што се прелива од една у друга партија. Анализирајќи за Грујо џабе ги малтретира овие што искачаат со него. Game over е.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Capture 1.JPG Capture 3.JPG
odma komentarce od zagrizen albano-amerikanec sto vecno komentira na prasanja za makedonija vo albanska konotacija.
dimitrov standarden bez odgovor, prav politicar
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom