Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Мукоски сам себе ќе си одзема имунитет?

Согласно Деловникот, пратеникот ужива имунитет од денот на верификација на мандатот до денот на неговиот престанок. Според член 53 од Деловникот за работа на Парламентот, барањето за одобрување притвор на пратеник, надлежниот орган го поднесува до претседателот на Собранието.

Известувањето дека пратеникот е притворен затоа што е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години, надлежниот орган го поднесува до претседателот на Собранието.

Надлежниот орган го известува претседателот на Собранието за притворот на пратеникот и во случај кога тој не се повикал на имунитетот.

Претседателот на Собранието, барањето за одобрување притвор, односно известувањето дека пратеникот е притворен веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Претседател на оваа комисија во овој состав на Парламентот е пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски, негов заменик е партискиот колега, Петар Атанасов, а членови Мирослав Јовановиќ, Александар Кирацовски, Сашко Костов, Агим Шаќири, Трајко Вељаноски, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски и Борис Змејковски. Заменици членови се Горан Мисовски, Хари Локвенец, Сашко Атанасов, Мирсада Емини – Асани, Владимир Ѓорчев, Невенка Стаменковска, Никола Попоски и Зоран Ѓорѓиевски.

Комисијата, според Деловникот, е должна да го разгледа барањето, односно известувањето и во рок од два дена да го достави извештајот до претседателот на Собранието. За седницата на Комисијата се известува и пратеникот на кого се однесува барањето.

Врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Собранието најдоца во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот, одлучува по барањето.
 
Mukovski3.jpg


They are taking the hobbits to Isengard!
 
Ако бе ако така треба шо мислеа кога гласаа амнестија на Али Ахмети сега нив нека ги судат за теророзам, еј 40 до 100 години затвор. Од политички план Грујо ако ги остави пратениците свои на милост и немилост нема никој него да му даде поддршка кога ќе дојди времето негово за ќорка. Јас мислам дека сега ќе има протести и тоа насилни затоа што очајни луѓе се спремни на очајни потези.


Има луѓе кои заслужуваат да се најдат во затвор, ама има сигурно луѓе што се нашле на погрешно место и во погрешно време.
 
Е де кажи да го видиме кој е, за друг пат да знаеме ако повика тој некој на протест да им кажеме на луѓево да не искачаат пошто ќе го јадат.


Ееееее не можеш да го видиш енергија е, етериум има два рогови на главата :icon_lol:.
 
Ако бе ако така треба шо мислеа кога гласаа амнестија на Али Ахмети сега нив нека ги судат за теророзам, еј 40 до 100 години затвор. Од политички план Грујо ако ги остави пратениците свои на милост и немилост нема никој него да му даде поддршка кога ќе дојди времето негово за ќорка. Јас мислам дека сега ќе има протести и тоа насилни затоа што очајни луѓе се спремни на очајни потези.


Има луѓе кои заслужуваат да се најдат во затвор, ама има сигурно луѓе што се нашле на погрешно место и во погрешно време.
На погрешно место во погрешно време буци е да поминеш по улица додека има протести, да почнат да апсат и да те соберат и тебе.
Упаѓање во собрание со намера да правиш пепел и да убиеш некого таму е далеку од на погрешно место во погрешно време.
 
Последно уредено:
@Branchez нема потреба од одземање на имунитет ако делото е над 5 години, овие се дела за тероризам и против уставен поредок 40 години затвор.
 
Насилни протести? За кој? Зошто? Затоа што некој прекршил закони? Затоа што некои луѓе решиле да изигруваат модерни “војводи“?
 
На погрешно место во погрешно време буци е да поминеш по улица додека има протести, да почнат да апсат и да те соберат во тебе.
Упаѓање во собрание со намера да правиш пепел и да убиеш некого таму е далеку од на погрешно место во погрешно време.


Малку се луѓето што сакаа да убијат, ако влегуваа мнозинството со такава умисла ниеден жив пратеник немаше да излезе од таму.
 
Бетмен влегол во вц во Собрание и баш тогаш оп упаднаа сите. Случајно се најде таму, со спуштени панталони во вц и кога излезе шо ќе види. Немаше излез инаку ќе излезеше.
 
Насилни протести? За кој? Зошто? Затоа што некој прекршил закони? Затоа што некои луѓе решиле да изигруваат модерни “војводи“?


Грујо ако ги остави своите пратеници на цедило готов е, подобро сам да си ја стави јамката околу вратот отколку друг.

Не станува збор тука за нешто законски противзаконски исправно погрешно, едноставно така јас гледам дека се одвиваат работите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom