Да гледаме позитивно на работите. Значи таму во албанија, особено во регионите што се споменуваат е голема беда и тој пасошот им е единствениот излез, не дека кај нас е супер ама имам идено во Мала Преспа неколку пати, знам како е, не пак Голо брдо, Гора...видете сами
https://www.btv.bg/video/shows/btv-reporterite/videos/btv-reporterite-nashenci-i-chast.html
Луѓето таму не се како нас овде да кукаат само околу ситуацијава со државјанства и ништо конкретно, сакате бугари во албанија, епа давајте сега државјанства, и тоа во лице и го кажаа, и им го кажаа повеќе пати, а не само по коперации муабети.
Со тие кои имам разговарано од таму, ми кажувале дека многу ретко скоро никој нема оригинален документ, туку вадат потврди од друштвото во Тирана и аплицираат за државјанство.
Со оваа нова ситуација во Албанија, ако нема некој специјален закон за официјални бугарски малцинства да аплицираат за државјанство по некоја олесната процедура, а не ми се верува дека ќе има, значи може да се оди на варијанта да се признаваат потврдите зошто друг начин да земаат бг државјанство во Албанија нема. Тука и ние можеме да искористиме за да се поминува со потврдите без проблем и да се откочи целава работата.
А тие нема да престанат да притискаат за државјанствата, досега 100 пати им напоменаа, ќе видиме кога и како ќе се реши работата, во секој случај позитивно гледам на работиве.
Сепак останува, 100% бугарско село по директна линија, по сребрена линија не поминува и нема да поминува никој. Тоа да го заборавиме.