НАТО и ЕУ не помагаат многу.
Немав намера да пишувам, но си викам ајде кажи си го ставот, па макар сите те пцуеле . . .
Делувам како човек задолжен да ги нервира другите, да им ги ништи сништата за брза заработувачка, коби пред рака . . . .
Ме нервира овој македонско - балкански менталитет . . . . Секогаш се молиме некој да не вработи, да ни обезбеди услови (стан, кола, да ни даде пари за свадба . . .) . . .
И секогаш за својата неспособност обвинуваме други (држава, влада, Бранко, Љупчо, Грујо) . . . . Плачеме де за име, де за јазик, де за црква, де за Арачиново, де за знаме . . . сите ни се виновни, а никогаш ние самите...
Така и со ова ЕУ - НАТО . . . .
Недај боже утре да влеземе во НАТО-ЕУ. . .
1. Па сите ќе избегаат да копаат лозје во Италија, да конобарат по Европа, да чистат улици по Германија . . . . За менаџери, доктори, адвокати, сметководители . . ., ретко кој ќе примат горе . . .
Државава ќе остане без луѓе, а економија без наталитет не бива.
Турција не е во ЕУ, па споредете ја со Бугарија. Видете ги стапките на раст на БДП за последните 10 години како Бугарија е во ЕУ и НАТО.
2. Нашиве фирми и денес кога има граници и царини тешко се носат со странска конкуренција, а камо ли кога ќе паднат границите и царините . . . Тогаш ќе го изгубат и домашниот пазар. Па на прсти се бројат домашните фирмите што се конкурентни. А сите способни искусни кадри ќе им киднат надвор, па ќе останат без способен кадар.
Видете што прави Спар, Лидл во сосетството Хрватска, Грција . . Па зар ќе може еден Тинекс, СП, Рептил, Жито.... А знаете ли колку производи во Лидл се германски или нивни брендови???? Па што не влезе една Витаминка, Тиквеш, Скопско, Пекабеско во Лидл сега ако се способни.
Вие очекувате цените да пораснат, а логиката од услов 1 и услов 2 ми говори дека тие ќе паднат со влезот во ЕУ. на МКД фирмите ќе им паднат приходите.
3. Прашувам јавно.
- Зошто хрватскиот Crobex е повеќе од 3 пати помал отколку во 2007 пред Хрватска да влезе во Нато(2008) и ЕУ (2013). (одговор 2007 беше околу 5500, а денес околу 1830)
- Колку е падот на хрватската економија од влезот во НАТО (2008). (одговор.Околу 10%)
Направете компарација на БДП и задолжување, помеѓу Хрватска и Македонија 2008-2016. Земете во предвид дека Хрватска има море и страшен раст на туризмот во последнава декада.
Компарација направете и со Албанија, Бугарија, Словенија, ЕУ 2008-2016.
Ретко која компанија од Хрватска има поголема капитализација денес во споредба со 2008 година (2007 беше пикот)
Јас компарација сум правел 2007-2014 и верувајте стоиме одлично . . .
Значи народе засукајте ракави и на работа, помош не чекајте. А ЕУ и НАТО не прават чуда поготово не после кризата 2008 . Никој не е луд на некому да дава пари. Секој си има свој есап.
Единствен спас ни се слободните економски зони, реформи во образованието, современо земјоделство, промена на менталитет, цврста рака . . . Нешто што Вучич го прави во Србија, а копираше од Груевски...
***
СТБ и ТНБ пораснаа зошто ги спремаат за мажење (мајка НЛБ и СТБ). . . Ги намалија резервациите, ги напумпаа профитите и извлекуваат пари преку дивиденда, кој е единствен возможен за десетици милиони ЕУР да се извлечат. Никакво ЕУ/Нато нема да ги катапултира. Дури ако престанат со дивиденда ќе паднат на пола.
***
@Branchez јас околу 70% од моите средства ги чувам во акции, порано беа 100%. Ако не верував во берзата ќе распродадев се. Очекувам поголеми профити на берза отколку од депозити. Но СТБ, ТНБ, АЛК воопшто не ми се многу ефтини. . . Не треба да го пумпаме балонот со очекувања. Споредете ги со српска Комерцијална и АИК банка па да правиме муабет. Видете колку се продаде АИК Србија, Сплитска банка, Финанс банк Турција, NKB Maribor, НБГ подружницата во Бугарија . . .
Декис најдобро знае околу подружниците на НБГ. Нека напиши по која цена се продадоа p/b, p/e .
p.s.
Се откажувам некое време од овие реферати трошат многу време . . . Мислам дека доволно го рушев оптимизмот . . . Но ова не го правев намерно. . . Ова се мои убедувања . . . Се во служба на инвеститорската култура. Ја демнам секоја шанса. И кога оди нагоре и кога оди надолу. Секоја трансакција ќе ја објавам транспарентно. Но со берза никогаш не се знае. . . Сетете се на 2007 и таа глупост излеана на брокерските бироа, но и на 2009 и 2012.