Незадоволство од Образовните Институции во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата redfogv
  • Време на започнување Време на започнување

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.286
Поени од реакции
2.042
Дали сте незадоволни од образовните институции во државава ?
Зошто ?
 
Дали сте незадоволни од образовните институции во државава ?
Зошто ?
Како за некој што не знае кога се става голема буква мислам дека треба да си незадоволна.
 
Би требало дефинитивно да се направат реформи во Образовниот систем. Треба да се уложува во младината, да се мотивира да напредува. Сакаат сите да бидат современа земја, а никој не уложува кај што е најпотребно...
 
Како и сите институции во една држава со системски проблеми, така и основните/средните школи, па и високото образование имаат суштински проблеми кои се само резултат на целокупното опкружување.

Ако погледнам наназад од трите степени на образование најзадоволен сум од основното, од таа причина што јас кога учев (2002-2010) чинам немаше многу глупости, се учеа посуштински работи, на почетокот се разбира со акцент на математика, после тоа од 5то одделение англиски јазик, географија, историја и нешто природни науки. Секако не беше перфектно, имаше многу недостатоци, но би рекол дека во споредба со она денес дека беше идеално.

Имам можност последните две години да работам со дете кое оди во основно училиште од почетните одделенија и запрепастен сум како прво од ниското ниво на знаење кое општо го имаат децата на тие години (8-9 некаде), а предметите и програмата по која учат се ужасни. Од некни задача за домашно имаа да најдат пет вида на чорапи, во истите да внесуваат тегови со одредена маса и да запишат/забележат кој материјал ќе се истегне најмногу :facepalm:, а тие кутрите уште не разликуваат мерки за должина, тежина и слично. Да не зборуваме за претварање од помала во поголема мерна единица или обратно, научна фантастика е тоа сеуште. А деца на таа возраст би требало барем тоа да го знаат. Не се сеќавам од кога знам дека фудбалското игралиште е 100 метри долго, Струмица-Скопје е 160 км, со кола 2 саата се патува, со автобус 3. Тоа мислам 90% од децата го знаеја, денеска за успех им го сметаат некој ако на 9 години знае да собира броеви до 20 без некои особени проблеми.

Средното си е приказна сама за себе, очајни стручни школи, без никаква пракса, со застарени методи на работа и пред се ужасен кадар. А и како не би бил кога единствен критериум за работа како наставник покрај формалната диплома е што е можно поголема партиска поврзаност со локалната власт. Никакви критриуми за квалитет, никакви оценувања, проверки за дали воопшто одредена личност има капацитет да предава, да пренесува знаење и барем малку да им помогне на учениците да научат нешто.

Високото образование можеби добива најмногу внимание последните години, ама според мене не е местото од каде што треба да почнат да се решаваат проблемите, бидејќи тоа е веќе последниот стадиум, прекасно е овде да се интервенира во некои основни работи. Со квалитетни први два степени на образование, само по себе ќе има позитивни резултати и на највисоко ниво.
 
Генерално нашиот образовен систем е просечен.

Најголем проблем се лошите кадри кои постојат во образовниве институции. Мислам тука има вработени од различна возраст, некои дури се веќе пред пензија, па сепак немаат врска со педагогија, некои немаат врска со предметот што го предаваат, а некои ни едното, ни другото.

Вториот проблем се учебниците, имаме слаби учебници. Најдобри се учебниците по кембриџ по математика, малце послаби тие за природни науки, затоа што преводот е веќе по комплициран.

Сето друго што е од македонски автори е за нијанса подобро од Wikipedia, а во некој случаии и полошо затоа што лошо е преведено од таму.

Третиот проблем е практични примери. Децата треба да почнат да се учат на практични работи уште од мали.
 
Кратко зошто ми се спие, сметам дека од се а има многу работи, најлошо во македонското образование е што нема сегрегирање на децата уште од почеток - поталентираните во посебни паралелки каде што ќе се работи на нивниот развој. Ебаго, во една Турција има такви работи...
 
не е битно колку знаеш, битно е кого знаеш... ова е македонскиот образовен систем
 
Кратко зошто ми се спие, сметам дека од се а има многу работи, најлошо во македонското образование е што нема сегрегирање на децата уште од почеток - поталентираните во посебни паралелки каде што ќе се работи на нивниот развој. Ебаго, во една Турција има такви работи...
Поталентирани во која област? Секое дете е поталентирано од другото во некоја друга област :)
Или мислиш да се направат паралелки според областите во кои децата имаат афинитети да продолжат да се развиваат?
Инаку не гледам причина да се двојат децата , нека има такви што учат, но и такви шо не учат у иста паралелка :D
Toj што повеќе учи и има петки, не значи дека е поталентиран од некое друго рандом дете.
 
Поталентирани во која област? Секое дете е поталентирано од другото во некоја друга област :)
Или мислиш да се направат паралелки според областите во кои децата имаат афинитети да продолжат да се развиваат?
Инаку не гледам причина да се двојат децата , нека има такви што учат, но и такви шо не учат у иста паралелка :D
Toj што повеќе учи и има петки, не значи дека е поталентиран од некое друго рандом дете.
Имаат некој талент да ораат нива, нема потреба да се во ист клас со деца што имаат талент да бидат врвни научници. Од мое искуство децата што не им се учи ги влечат децата што учат надоле, место да е обратно. Сум бил и во двете ситуации:icon_lol:
 
Поталентирани во која област? Секое дете е поталентирано од другото во некоја друга област :)
Или мислиш да се направат паралелки според областите во кои децата имаат афинитети да продолжат да се развиваат?
Инаку не гледам причина да се двојат децата , нека има такви што учат, но и такви шо не учат у иста паралелка :D
Toj што повеќе учи и има петки, не значи дека е поталентиран од некое друго рандом дете.

Objasni Dimitar. Tie sto pokazuvaat afiniteti kon ucenjeto, nema potreba po sto pati edno isto kako se objasnuva da go slusaat.
 
Учебниците се реален проблем у образовниот систем, мислам имаше и некои конкретни случаи што кружеа по интернетов со тие дебилните илустрации како примери кои им се прикажани во новиве учебници.

Од друга страна критериумите се многу паднати, јас мислам бев последна генерација (во некои средни школи веќе беа укинати) каде што предуслов за запишување во средно беше приемен тест па ако не го поминеш имаш втор и трет круг, ако ги паднеш сите идеш у некое од послабите школи со пониски критериуми.

А и за високото образование се наметна една таква лоша пропаганда да секој мора и може да го заврши а реалноста е дека не може секој да заврши високо образование, како прво не секој има капацитет да заврши ниту пак има такви амбиции а што уствари се случува, квотите се зголемија а критериумите драстично паднаа, кој стигна заврши факултет а крајниот резултат е преголем број на незадоволни дипломирани студенти кои не можат да најдат работа кои впрочем и не се доволно стручни а сите сакаат високи позиции никој не сака да работи у кафиќ или бутик после фрлени 4 години "студирање" у неповрат.
 
Ние така бевме поделени. И колку беа мизерни оние класови каде децата беа сите со 2ки и не покажуваа никаков талент. Во ваков клас не може да учат неколку одлични ученици. Имаше многу голема недисциплина, професорите не се замараа и набрзина ја поминуваа наставната програма, а со нас повеќе се работеше со развојот.

Sent from my Xiaomi Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom