- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.591
Па кога ќе се земе предвид дека баш најбогатите се оние кои најмногу затајуваат данок тогаш зошто да не? Оваа работа е баш актуелна насекаде во светот. Бедотијата преку плаќањето данок во главно ја одржува државата а треба да биде спротивно. Последниве мерки на новата влада ти се типичен пример за тоа кој ќе го плати цехот за 11 годишното расипничко владеење, најсиромашните. Ќе ни го земат и она малку што го имаме, а мене ако ме прашаш јас не мислам дека е фер да плаќам ист данок со некој олигарх таму кој веројатно и воопшто и не плаќа туку ги чува парите на некој од даночните раеви. Ние сме држава со најголем јаз помеѓу богати и сиромашни во Европа. Постои еден индикатор кој се нарекува "џини" коефициент и кој ја одразува на најдобар начин оваа состојба.Другите работи горе доле ОК, но ова кај ти текна жити се... Поради некој што направил криминална приватизација или корумпирани тендери сите други да плаќаме Прогресивен данок.
А што викаш да профункционираше правото, судиите, обвинителите...
ОДГОВОРНОСТ ништо повеќе не треба. Направи тоа да функционира и ќе се средиме за деценија. Се друго е лажење за пак да си крадат.
Јас не тврдам дека прогресивниот данок е решението, го наведов како опција и е исклучиво мое мислење а тоа дека некој треба сериозно да се позанимава со даночната политика во државава навистина треба.
Јас велам дека треба да профункционираат сите тие институции но исто така велам дека правилата што важат за мене треба да важат и за сите останати.
Сносење одговорност и македонски политичари не одат заедно во иста реченица. Ќе се изнагледаме уште еден куп глупости и уште многу вода ќе протече додека посведочиме на моментот кога некој наш политичар јавно ќе признае и ќе сноси одговорност за неговите политики.
Моментално уште не сме искачени на таа еволутивна скала и поимите одговорност, принципи и чесност не ни се сеуште познати, говорам генерално како нација ништо не сме подобри кога станува збор за овие работи.
Крај краева и политичарите кај нас се луѓе кои излегле од ова опшество и се одраз на нашиот колективен менталитет, чест на исклучоци кои очигледно се премалку за да направат некаква разлика.