Зависи што подразбираш под Bushcraft нож, секој нормален нож врши работа во природа, за работа со дрво предност има сканди брусењето, но и рамните и конвексните сечива имаат свои предности за работа со месо и храна.
Не сум од Скопје и појма немам што имаат по продавниците, но јас немам ни потреба да купувам ножеви од продавници од познати причини
.
Мора се одлични ножеви, имам неколку што се лично мои, Мора 2000 со custom рачка
Прегледај го приврзокот 180477
, мора 511, мора 82, мора hook. За тие пари мора е непобедлива.
Мора за бушкрафт гледај да е барем 3мм , робуст про или робуст мислам дека се толку дебели, мора гарберг е веќе друга категорија, а колку за потсетување официјално првата мора гарберг со custom рачка ја направив јас пред нешто повеќе од една година.
Прегледај го приврзокот 180476
Морите што ги правам обично одат за странство, таму многу повеќе ги ценат одколку кај нас, посебно ова важи за карбонците.
Имаш на ebay дилери на мора што се по фер цени.
Од малку поскапите ножеви секогаш ги потенцирам Ензо ножевите, тие се според мене најдобрите европски ножеви, често ги правам. Имам едно ензо трапер 95 D2 сканди сечиво, само што тоа е поскап нож од мора, за детали на пп.
[DOUBLEPOST=1511098519][/DOUBLEPOST]
@Волчко за што го користиш овој нож? Ова е чист фајтер и неговата употреба за тоа што е наменет е очигледно казнива со закон.