Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
http://www.jadiburek.com/sodrzina_detalno.aspx?id=3228

Нема да лажам, уживам во овие преписки меѓу довчерашните најдобри другарчиња и „непокорни бранители“ на македонизмот.

Верувам дека скоро се од напишаното е вистина, но не верувам со искрениот патриотизам и жртвуваност на Нонкович, тоа што ја скапал црпката со другарчињата од Белата палата има друга позадина.

Зимајте пуканките, вакво вадење валкан веш допрва ќе следи :kafence:
 
V

viktora

Гостин
Каква Романија сеа, не забегви до таму. Јас тргнувам од сопственото искуство и бизнисот што го водам, а богами и од размената на информации што ја имам со луѓето со кои соработувам.
Познавањето на уште еден јазик (освен македонскиот), АЛБАНСКИ или ТУРСКИ е огромна предност кога станува збор за секторот туризам и најголем дел од купо-продажните дејности.
Имало моменти кога за работник/работничка што ги познава јазиците на помалите етнички заедници сме нуделе од 50-100 евра ЕКСТРА во платата.
Така да мене ми е кристално јасно што значи да се зборува уште еден јазик, посебно во западниот дел на нашава држава.
Живеам и работам со албанци, турци и останатите... и реалноста на ниво на водење бизнис со нив нема допирна точка со пропагандата што ја водат политичките партии.

Напротив, соработката со Албанци и Турци одсекогаш ми била на највисоко ниво.
Проблеми!? Да, имало и ќе има но никогаш со нив.. никогаш! ОД прв до последен чесни, професионални и одговорни. Нивниот збор е збор.

Заебанции и бркање за пари/плати имало само со Македонци! Тоа е реалноста (за жал) и затоа кога слушам и читам вакви ко тебе што ја мразеле евентуалната употреба на јазикот што го говорат албанците... не ми се чита и не ми се слуша.

Ефтини националистички реторики што дефинитивно се при крај со рокот на употреба. Уште една до две генерации максимум, и нема да егзистира оваа дискусија за јазици и нивна употреба.

То е :toe:
Јас планирам да соработувам со романци.Како албанскиот јазик би ми бил од полза и би придонел за мојот бизнис?

Одбивање да изучувам малцински јазик за тебе е национализам?Како би го нарекол одбивањето да се изучува македонскиот јазик од прво одделение од страна на една етничка заедница кој патем е и државен јазик.Соживот?
Ти тоа што го збориш е од лична потреба и желба.Што правиме со оние кои не соработуваат со албански фирми или исклучиво работат со странски зошто би било обврзувачки да го изучуваат албанскиот јазик?
Ајде по претпоставка да е така не би било поедноставно да се вработи работник со познавање на албански или турски јазик отколку да примораш цела нација да изучува албански?Како бе луѓе успевате во животот со вакви размислувања не ми е јасно.Ако гледаме така треба да го изучуваме германскиот јазик како задолжителен зошто Германија е прв економски партнер.
Стварно ли мислите дека народот би ви поверувал дека добро би било нивните деца да го изучува албански за бизнис?Еве Заев убаво си кажа но вие не укапиравте.Типот си направи бизнис со јазикот тоа е добро за него затоа он би изучувал албански, бог знае колку пари земал.

П.С. Да ти сликнам фактури од албански фирми кои немаат платено од лани?Малце си ги измешал брзините.Во последно време албанците тераат на компезација зошто и они си ги преценија силите.Поготово оние кои мислеа дека ќе лапнат од државниот колач.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Цела поликлиника ја кренале на нозе – скопјани направија вистински хаос во Чаир
ноември 17, 2017
Сподели на Facebook
Твитни



Скопјанец им се заканувал на лекар и медицинска сестра од Поликлиниката во Чаир кои работат на детско одделение дека ќе ги убие ако нешто и се случи на неговата внука. Е.С. им упатил навреди, омаловажувања и понижувања на медицинскиот персонал откако побарал лекарска помош за неговата внука, но му било речено дека мора да се јави на пунктот за итна медицинска помош.

Настанот се случил вчера околу 12.40 часот. До нарушувањето на јавниот ред и мир дошло откако Е.С. со неговиот брат ја донеле внуката во поликлиниката со грчеви. Од страна на лекар на детското одделение му било кажано дека со возило на брза помош треба да се однесе на детската клиника. Побарано било телефон од итната медицинска помош, но истите не се јавиле веднаш на телефонот, на што од страна на лекарот на детското одделение лицата биле упатени да се јават лично во пунктот на итната медицинска помош кој бил во склоп на поликлиниката.

Во тој момент Е.С. започнал да вика и да удира на вратата по што започнал да упатува закани кон медицинската сестра. Потоа излегол лекарот А.Н. кој Е.С. почнал да го турка и влече, притоа заканувајќи му се по животот ако нешто му се случи на детето. По некое време од роднини на детето Е.С. бил отстранет, а лекарот со медицинскиот персонал го превзеле детето. По целосното расчистување и документирање на настанот против пријавениот ќе следи соодветен поднесок, велат од полицијата.

http://skopje24.mk/cela-poliklinika-ja-krenale-na-noze-skopjani-napravije-vistinski-haos-vo-cair/
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.283
Поени од реакции
18.108
Лошо ќе биде, ќе пукни филм кај македонецов ќе речат не плаќаме ништо и тепаме извршители по улица. А и сето ова се случува да се одвлече вниманието од економската катастрофа која ќе следува со поскапувања и други глупости.
Абе ве уби депресија откако господинот Груевски не е премиер...

Додуша и јас ќе станам сега кога разбрав од овој неблагодарников Нонковиќ дека господинот Груевски е доктор на науки од Монте Карло.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------

http://www.plusinfo.mk/vest/134289/nonkovikj-svedoci-gruevski-bil-na-doktorski-studii-vo-monte-karlo-so-besplatna-stipendija

НОНКОВИЌ СВЕДОЧИ Груевски бил на докторски студии во Монте Карло со бесплатна стипендија
Поранешниот дописник на МИА тврди „касапските кучиња“ на Груевски за „бедемот“ од луѓе на 27 април делеле пари во плико и маски-фантомки.

Порталот на Јанко Илковски, Јади бурек, објавува долг пост на Бобан Нонковиќ, дописникот на МИА на кого му заврши кариерата во оваа агенција. Во тој пост, Нонковиќ жестоко се пресметиува со Никола Груевски и со неговите, како што ги нарекува, касапски кучиња:

„(...) Груевски со малиот тим на уценети касапски кучиња ќе продолжат со конструктивноста, се до завршување на преговорите што се најавени во куќата на Жан Моне во Париз, демек за промовирање на политичка култура во Македонија, а де-факто за договор и споделување на одговорноста на сите политички актери во македонското општество за промена на исконското име на државата.

Со оглед на тоа што изминатите четири години до најситен детаљ сум го погодил развојот на настаните во Македонија, огромен број на мои ФБ пријатели и поддржувачи, тоа мое мислење го прифаќаат и промовираат („шеруваат“) и тоа збодна очи кај Груевски и неговата мала свита на касапски кучиња околу него.

Па, така, најпрво следеше мое тестирање преку пријатели, во однос на тоа дали би се нафатил на некој нов, професионален и новинарски ангажман од Брисел (нешто као полу-дописник), со сигурна и навремена исплата.

Таквото тестирање на моето расположение за понатамошни директни преговори за професионален ангажман, веднаш го отфрлив ан-блок, со одговор дека Груевски и бандата околу него се сега дел од играта за распарчување на Македонија и дека било-каков ангажман со нив би значело мое учество во сценариото, вклучување во хорот што ќе ја отпее погребната песна за Македонија и уште еден џокер во нивните раце пред сценаристот и режисерот, дека нема да има против никој од општествено позначајните, признаени и препознати лица што ќе застане цврсто и ќе ги разобличува во нивната игра за разнебитување на Македонија.

И, откако одбив да лапам од паричките на Груевци за да им бидам поддршка во предавството, ете ти вчера одговор од „Белата куќа“ во центарот на Скопје. И какво разочарување! До кое дно спаднала некогаш моќната медиумска машинерија на раководството на ВМРО-ДПМНЕ!
Одговорот, очекуван, откако не прифатив понуда, беше дека ќе дојде напад, ама некогаш разгоропадените фаци од ДПМНЕ, сега скриени како глувци во длабочината на „Белата куќа“ и зад лажни ФБ-профили, ми одговорија (ме нападнаа) преку за нив, а од мене никогаш очекуван начин, да злоупотребат лице со посебни потреби! (...) За таквиот лик само ќе изразам жалење за неговата состојба, но не можам да го сокријам гадењето од потегот на Груевски и свитата околу него, да напишат тирада против мене (тоа и беше очекувано) и за тоа и да употребат лице со посебни потреби кое ќе го потпише истиот текст! Е тоа е дно под дното!

Ах бе, очајници од и околу раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотреба на немоќно лице е казниво и според Кривичниот законик на Република Македонија, не само од Бога, ако воопшто верувате во него, освен кога како порака го гледате на доларите, покрај еврата, што ги испокрадовте од граѓаните!

Но, вие сте во тешка паника и не знаете кај терате и тоа го знам. Имате пари, имате многу пари украдени од граѓаните (по приципот, на пример, 4.000 денари за лепење на паркет во Влада, наместо 300 денари, па тендери, рекет и сл.), а не смеете да помислите да ги пипнете, ако за тоа не ви дозволи стопанот од американската амбасада. Сега ги нудите оти малку ви ги одмрзнаа со оглед на вашата конструктивност за разнебитување на македонизмот (заедно со бандата на Заев и Ахмети), а попушти и притисокот кон вас за затвор/притвор под Дамокловиот меч на обвиненијата на од вас избраното и изгласано Специјално обвинителство“.

Во врска со своите ангажмани во Брисел, откако го изгуби местото дописник на МИА, Нонковиќ му порачува на раководството на ВМРО-ДПМНЕ:

„Ги говорам официјалните јазици на земјата Белгија плус англискиот, не се срамам од никаква работа (кога ми се роди ќерка ми во 2007 година, освен новинар во „Фокус“, навечер работев и шанкер во кафулиња и не се срамам од тоа, туку, напротив, горд сум) што ќе ми донесе чесна заработувачка и да го обезбедам семејството. Јас, на било-каков, но пред се чесен начин, сум подготвен да работам и заработувам за живот, не да крадам од граѓаните и да купувам куќи на хрватско приморје, цела зграда од седум милиони евра во Антверпен (Белгија), да изградам партиска палата од штаб, да поседувам две банки во Македонија, половина стопанство и сл.

И, да, за моето формално образование сум се погрижил самиот, со скромни средства, а не како Груевски, на кого летово в лице му кажав во Брисел дека бриселските бирократи кои сакаат да го видат зад решетки ми соопштија дека тој е на докторантски студии во Монте Карло (Монте Карло, еј!), тој, зачуден дека го знам тоа, со широко отворени очи да ми каже: „Внук ми таму студираше со плаќање, а мене ректорката ми понуди бесплатна стипендија“. Абе мераци на Принцот Алберт Втори да го стипендира образованието на македонскиот екс-премиер, што да ви кажувам“.

Нонковиќ одговара и на нападите на „емек-македонските патриоти“ дека летово саботирал нивен протест за некаква поддршка:

„Ај сега да расчистиме, оти гледам уште некои вмровски ботовии и празни лејки се обидуваат нешто да ми префрлат во тоа. Најпрво, ако едни масовни протести пропаднале, бидејќи Бобан објавил пост на ФБ, тогаш, благодарам, ама (пак ќе го цитирам Миленко) ми се влече до земја! Во мојата ФБ-објава ви објаснив кои се и чиј производ т.н. „тврдокорни“ и што беше идејата, т.е. сценариото за злоупотреба на тие протести.

Е, сега, да ги отвориме картите до крај. Ќе признаете ли груевци, вие негови касапски кучиња, за „бедемот“ од луѓе во подготовка на собраниските настани од 27. април? Пред се тука мислам на улогата на дел од нив со делење пари во плико и на маски-фантомки на неколку часа пред тие крвави настани, кои го направија квислингот Зоран Заев херој во очите на меѓународната јавност и политика, оти сликите со неговата крвава глава му донесоа хвалоспеви и наслови од типот: „Со крв ја одбрани македонската демократија“. Вие со една рецка на неговата глава (и ништо повеќе), значи добро организирано и оркестрирано, направивте херој од будала и непрокопсаник!

А, потоа, познато е како Груевски ги остави на цедило и на судот на удбашко-комуњарско-балистичка власт и до ден-денес гледаме што им се случува на дел од актерите во собраниските настани.

Е, сега, што е линкот со протестите организирани од т.н. „тврдокорни“ за некој од тие затворените за собраниските настани. Ќе признаат ли Груевски и неговите касапски кучиња кој уште лани им земаше мерки на нормалните патриоти во македонските патриотски здруженија за да им сошие униформи! Униформи!? Да. Црни! Кога еден од водачите на МПЗ-ата тоа ми го кажа, онака радосен, минатото лето му реков да не помислат тоа да го прифатат и дека истото е казниво дело, дури и само да ги поседуваат, не да ги носат. Им реков: „Ве подготвуваат за да ве наместат“. Они ме послушаа, но за другите не знам.

По една година следуваше местенката во Собранието на 27 април 2017 година, а на протестите на „тврдокорните“ потоа, за што предупредив, требаше и тие да продефилираат со униформи од Оливер Спасовски обезбедени, а за што ќе се ставеше вечен срам и ќе се погребаа патриотските здруженија за навек!“

Поранешниот дописник на МИА сведочи и за поткуп на новинари, аналитичари, култирни работници и други, со кеш:

„Тешко дека можат Бобан да го уценат со на пример снимки од канцеларијата на високиот секретар како на новинари, аналитичари, професори, културни уметници, во пликоа, кеш им исплатува „благодарност“ на партијата за тоа што примателите на кешот во јавност излегувале со мислењето на касапските кулиња (не со своето, се разбира, оти се џубокс и пејат колку ќе им платиш). Нема такво нешто за Бобан, нели, оти Бобан никогаш, ама никогаш не зел пари од никого, освен официјално, на банкарска сметка за завршено дело за што е претходно потпишан договор за дело или (со)работ(к)а, камоли од политичка партија (пу, пу, скраја да е!). Инаку, немаше да има потреба да ми пишуваат тиради против мене на ФБ ако бев (пот)купен, нели?

Ама според молчењето, па дури и јавната одбрана на Груевци од страна на некои од примателите деновиве, гледам дека примателите на кешот се во незгодна позиција (ако, трпете си оти кај си јал маст, ќе јадеш и стап!). (...) А, да, да не заборавам, Груевски и касапските кулиња, сега ја играат играта на режисерот и сценаристот за пари (заштита на парите, народните, кои се по нивни џебови) и тоа се необјавените „бомби“ со кои ги држат, а не некакви сексуални, оросписко-педерски комбинации и слично!“

Нонковиќ, на крајот на својот пост, со кој се простива со новинарската кариера, пишува:

„Се што Никола Груевски кажа, вети изминатите три години, не се оствари! Тоа, ма колку и да е уценет, сепак е интелектуалец, мора да си го признае, макар сам на себе. Затоа, неговата политичка кариера е завршена. Тој сега е само, како што еднаш кажав, политичар за поткусурување и дневно малтретирање, нов Љубчо Георгиевски, кој само е во политика за да одработи за слобода и да му останат парите, а не заради повисоки идеали. Инаку, тој ќе си заминеше уште на 11 декември 2016 година вечерта, знаеме. Јасно е дека Груевски е прегорд за да го трпи ова, но што е политичкиот капитал (кој го истроши до крај) и јавниот морал наспроти слободата и удобниот живот обезбеден со многу пари, нели? (...) Обидот за градење на Понтонски мост за останување во сенка на чело на партијата преку инсталирање на ГМО-политичарот Христијан Мицковски за претседате на ВМРО-ДПМНЕ, само ќе го забрза процесот фрлање од шести кат, да се разбереме!

Сакам, кога ќе сакате да се пресметувате со мене, вие Груевци да излезете јавно, со име и презиме и став, а не како глувци да се криете во ходниците по „Белата куќа“ и да пишувате постови на кои ќе се потпишуваат лица со спреченост во психичкиот развој. Тоа е неморално, нечесно, но и незаконски (злоупотреба на немоќно лице). Знаеме дека имаме уште муниција да пукаме, ова е само една граната, која, искрено, не планирав да ја испукам, бидејќи сум борец-витез и не сакам да „вадам нож на умрен Германец“, ама први почнавте да мавате под појас.

Знае Груевски, како бивш боксер, дека е потребно витештво за да бидеш почитуван, а не да се служиш со нечесни удари, а во исто време да се криеш. Освен ако не си уценет, нели“.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Јас планирам да соработувам со романци.Како албанскиот јазик би ми бил од полза и би придонел за мојот бизнис?

Одбивање да изучувам малцински јазик за тебе е национализам?Како би го нарекол одбивањето да се изучува македонскиот јазик од прво одделение од страна на една етничка заедница кој патем е и државен јазик.Соживот?
Ти тоа што го збориш е од лична потреба и желба.Што правиме со оние кои не соработуваат со албански фирми или исклучиво работат со странски зошто би било обврзувачки да го изучуваат албанскиот јазик?
Ајде по претпоставка да е така не би било поедноставно да се вработи работник со познавање на албански или турски јазик отколку да примораш цела нација да изучува албански?Како бе луѓе успевате во животот со вакви размислувања не ми е јасно.Ако гледаме така треба да го изучуваме германскиот јазик како задолжителен зошто Германија е прв економски партнер.
Стварно ли мислите дека народот би ви поверувал дека добро би било нивните деца да го изучува албански за бизнис?Еве Заев убаво си кажа но вие не укапиравте.Типот си направи бизнис со јазикот тоа е добро за него затоа он би изучувал албански, бог знае колку пари земал.

П.С. Да ти сликнам фактури од албански фирми кои немаат платено од лани?Малце си ги измешал брзините.Во последно време албанците тераат на компезација зошто и они си ги преценија силите.Поготово оние кои мислеа дека ќе лапнат од државниот колач.
Кој бре девојко те терат со сила да учиш некаков јазик? Уште ја возите таа иста приказна, истото цд, истото усб.. Дај малку менете брзина, нема смисла едно та исто цело време.. Учењето на друг јазик - нит е задолжително, нит ќе биде.

Овде дискутираме ЗОШТО на некој да му се забрани да учи, зборува и пишува на сопствениот јазик... ЗОШТО? Кои се бенефитите што ние македонци ќе ги имаме доколку им се забраните на другите етнички заедници да зборуваат на нивниот јазик?

А тоа дали ти ќе имаш соработка со Романци или Албанци е твоја лична проценка. Јас само можам да те советувам со било кого да работиш, добро е да им го познаваш нивниот јазик.

Колку Албанци зборуваат македонски знаеш? А знаеш колку Македонци зборуваат албански? Јасно ти е во колкава предност се?

Дај не ме заебавајте...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Абе ве уби депресија откако господинот Груевски не е премиер...

Додуша и јас ќе станам сега кога разбрав од овој неблагодарников Нонковиќ дека господинот Груевски е доктор на науки од Монте Карло.
.
Да јас сум голем поддржувач на господинот Груевски, читај по темиве прв поддржав за извршителите, за казните ако немаш фасада на куќата, за масонскиот проект Скопје 2014 се со ред :icon_lol:.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.132
Поени од реакции
21.766
Овде дискутираме ЗОШТО на некој да му се забрани да учи, зборува и пишува на сопствениот јазик... ЗОШТО? Кои се бенефитите што ние македонци ќе ги имаме доколку им се забраните на другите етнички заедници да зборуваат на нивниот јазик?


Дај не ме заебавајте...
И јас се прашувам тоа цело време Никола.
ЗОШТО?
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.199
Поени од реакции
20.846
Кога веќе спомнавте замарање со црква и религија, не е лошо државата да се позамара и со оданочување на МПЦ, ИВЗ и други институции кои наплаќаат по 200 евра за придавување бебиња во котел со вода и алахакбарување.

Ама не, изгледа побитно е да се цеди обичниот народ со дупло повисоки даноци, со акцизи како во ЕУ (каде просечна плата е 5000 евра, а овде 200), со воведување нови даноци за земјоделци кои едвај врзуваат крај со крај и тн.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.855
Спор за Име и Мир со Корупција
Арсим Зеколи

„Мафијата не смееме да ја претвориме во монструм. Мафијата личи на нас.” – Џовани Фалконе

Колку чини да се изнајми некој хеликоптер за да кружи низ главниот град и од моќни звучници непрекинато и гласно врти една те иста порака „До Корупцијата е, Глупчо”? Не верувам дека би чинело некоја баснословна сума. Но дури и да може бесплатно да се најми хелипкоптерот, тој филм нема да го видиме на оловното небо над нашиот град. Не дека власта е против таквата гласност на општествотово, туку поради сосема конструктивни причини ќе сторат сѐ за да не заштитат од такви неконструктивни акти со кои ќе се внесе немир и дефокусира јавноста од круциалните прашања од кои зависи иднината на земјата и нашата благосостојба. Ги знаете веќе дежурните конструктивни прашања – спорот за името, НАТО, атентати врз Заев и Фатиме во кафеана. Во таква дружба, темата корупцијата е сведена на баналност, несофистицирана дрн-дрн дебата.

Уште и пред да почнам да ја пишувам ме снемоштува маката на потсетувањето дека сѐ и сешто низ кое минувавме додека во наивен занес врескавме против двоецот Груевски/Ахмети беше инспирирано и полетно мотивирано од општата згаденост со корупција и криминал. Дека огромното мнозинство граѓани кои маршираа низ улици ниту приближно го правеа тоа поради омилени партии туку поради масовната згаденост од силеџиството на крим-коруптивната братија на ВМРО/ДУИ. Но како тогаш завршивме во оваа состојба во која тематската прва пушка на бунтот денеска заврши во ќор-фишек на новата „реформска” влада? Како дозволивме грст аморални ликови од сегашната владина коалиција сплотено да го киднапираат анти-корупцијскиот моментум и го удават во зарѓана кофа полна со политички помии?

Ниеден наметнат молк и ниедна „конструктивна” дебата за корупцијата не можат да ја пренебрегнат и избледеат суровата реалност дека ниту едно од сегашните тековни дебати ја нема ниту половично разорната моќ врз општеството и државата како што е разјарената, здивеена, нескротлива бештија на корупцијата. Никаков театарски фестивал на семинари и конференции не може да ја ублажи иронијата дека корупцијата денеска се крие и тлее во „конструктивните, ангажирани, сериозни заложби” на бирократизирани мониторинзи полни со справедлив гнев кон минатите и справедлива – погодувате – конструктивна резерва кон сегашните владетели обвиени во маглите на „конструктивна контемплација”. Дали навистина ни е потребен гласен хеликоптерски десант над главите за да разбереме дека "До Корупцијата е Глупчо” е клучот за ослободување на "Its the Economy, Stupid!”.

Демократија за реалисти

Не ми верувајте на збор. Верувајте и на Сара Чејс, искусната авторка на „Крадци на државата” (Thieves of State, 2015), меѓународно наградувана книга за корупцијата како закана за глобалната безбедност. Инспирирана од искуствата од прва рака низ својата работа ширум светот, Чејс дава практичен и теориски пресек низ кој убедливо ја дешифрира папочната врска помеѓу корупцијата, нестабилноста и безбедноста. Нејзините прецизни илустрации од искуствата се посебно горки поради болната и запрепастувачка сличност со нашите овдешни искуства. Од описот на слаткоречивоста на корумпираните функционери, бруталните последици на корупцијата по безбедноста до заклучоците дека „западните дипломати по навика се расфрлаат со тези дека прво треба да се воспостави безбедност а потоа ќе се грижиме за добро владеење”. Што пак доведе до тоа да обичните луѓе ја сметаат неказнивноста за корупцијата како чин на одобрување, поради што „средствата за развој пуштени низ корумпираниот систем не само што го јакнеа таквиот систем, туку и го разгоруваа чувството на неправда како движечка сила на бунтовноста”.

Читлива и полна со живописни описи на (не секогаш свесните) спреги во корупција помеѓу националните влади, западните центри на моќ и екстремните групации, книгата на Чејс е четиво за конкретните последици по општеството од толерирањето на корупцијата во име на стабилноста или краткорочни политички акти и ефекти. И повторно, од нејзино искуство прецизно повлечената причино-последичната сшрега на краткоумни потези и долгорочни последици: „Пазарната либерализација, приватизација и програмите за структурно адаптирање наметнати од Западот врз земјите во развој во 90тите години помогнаа да се катализираат клептократски мрежи, потенциално зајакнувајќи а не намалувајќи ја корупцијата. Поинаку кажано, за повеќето западњаци секој обид за озбилно преиспитување на природата и импликациите на акутната корупција имплицира длабоко преиспитување на сопствените фундаментални митологии.”

Предизвикот на Чејс кон западот за „преиспитување на сопствените фундаментални митологии” е безмалку вовед во истражувањето на Кристофер Ахен и Лари Бартелс, еминентни политички научници и автори на „Демократија за Реалисти: Зошто Изборите не Произведуваат Одговорни Влади” (Democracy for Realists: Why Elections Do Not Produce Responsive Governments, 2016). Во своојата опсежна книга Ахен и Бартелс ја негираат традиционалната романтична фолк-теориј за мотивите на гласачите во изборот на давање подршка на партиите. Според идеализираната фолк-теорија,„добро информираните гласачи ги бираат кандидатите според сопствените преференци или идеологии, а за возврат избраните лидери дејствуваат според желбата на мнозинството, произведувајќи политики со кои се исполнуваат гласачките желби. Но според Ахен-Бартелс, повеќето луѓе не се заинтересирани за политика и со слабо познавање на темите, па затоа нивнпто поведение не се базира врз индивидуални претполагања или рационални избори, туку врз основа на емоционални наклонетости кои го надминуваат мислењето.”

Иако Демократијата за реалисти примарно се однесува и ги одразува реалностите од американската политичка сцена, нејзините главни премиси се отсликуваат и на нашите искуства, дотолку повеќе што влијанието на американскиот стил на избори кај нас е многу поприсутен од европскиот. И токму последните две рунди избори кај нас се практична илустрација за излитеноста на тнр. фолк-теорија според која нашите гласачи се премислуваат дали ќе гласаат за одредена партија според нивната партиска платформа, понуда или програма. Кои во реалноста речиси никој ниту ги чита или разбира. Но затоа, факторот на емоционална наклонетост (етничка, социјална, идеолошка) е клучниот елемент во определување за давање или одрекување на подршка.

„Некои прашања не заслужуваат одговор“

Во тој мал емоционален контекст на гласачката волја се крие објаснувањето како за порастот на популарноста на СДСМ како казна за корупцијата на претходната влада, но и причината за летаргичноста и апатичноста на граѓаните во очекување од администрацијата на СДСМ да го испорача она за што и беше изгласана – борба против корупцијата и криминалот. Постизборното наметнување на теми за кои сосема малку се зборуваше во предизборието од страна на СДСМ, паралелно со разводнување до лицемерна манипулација со прашањето на корупцијата како водечка тема во предизборието логично води кон ерозија на ентузијзмот и недоверба во искрените мотиви на сегашната влада. Обидите за конструктивизација на темата корупција преку емоционална манипулација по теркот „сега не е време поради спорот со името и евроатлантските интеграции” не само што предизвикуваат негативен емоционален реагенс на презир и потсмев, туку и ја деградираат и довербата на граѓаните кон транспарентната разврска на спорот со Грција и интеграциите како гаранција за идно одговорно владеење.
Поведението на големите партии кај нас (и нивните западни спонзори) се наш школски илустративен пример „зошто изборите не произведуваат одговорни влади”. Како прво, пресудното влијание на странскиот фактор во изборот на влади ја делегитимира моќта на гласачите и притоа ги принудува партиите својата отчетност да ја чуваат за средби со амбасадори наместо гласачи. Во основа, она што во САД се дефинира како деструктивно влијание врз демократијата преку Супер-ПАК лобирања во двете тамошни партии, кај нас се дефинира како влијание на дипломатиите кое ги надминува домашните гласачки вољи.

Битна карактеристика на оваа веќе одомаќена пракса е тоа што таа е сосема јасна и лесно препознатлива за Албанците, благодарение на децениските искуствата стекнати низ сервилниот однос на Али Ахмети и ДУИ кон македонските партиски и полициски патрони. Но тоа искуство сосема скоро ќе биде дел и од македонската политичка реалност, со таа разлика што одговорноста на СДСМ (како некогаш ВМРО) ќе биде диктирана од поставеноста кон западните спонзори. А сепак, во обата случаи со споделена лежерна незаинтересираност за волјата на граѓаните за приоретизирање на борбата со корупцијата како примарен фактор на (не)задоволство. Партијата позната по својата надмена рециклажа на слоганот дека „некои прашања не заслужуваат одговор” не ветува скорешно освестување и соочување со неисполнетите ветувања. Напротив, судејќи според нивниот однос кон криминалот и корупцијата и збеснатото пенавење кон секоја упатена критика, се чини дека имаат еволуирано во нова забегана фаза- онаа во која ниедно наше прашање не заслужува нивен одговор.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.283
Поени од реакции
18.108
Не се чукај ќе те боли hhhh.

Озбилно бе, све пуштаат низ оџаците, чури ко Аушвиц ноќно време.[/QU
Да јас сум голем поддржувач на господинот Груевски, читај по темиве прв поддржав за извршителите, за казните ако немаш фасада на куќата, за масонскиот проект Скопје 2014 се со ред :icon_lol:.
Buci бе не заебавај сега, признај дека поарно ти изгледаше со господинот Груевски, инаку не знам зошто би бил депресивен како @мкд владе сега кога дојде живот.

Живеј бе малце.

ПС: Пари се прават и во свецка криза ;)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.132
Поени од реакции
21.766
Buci бе не заебавај сега, признај дека поарно ти изгледаше со господинот Груевски, инаку не знам зошто би бил депресивен како @мкд владе сега кога дојде живот.

Живеј бе малце.

ПС: Пари се прават и во свецка криза ;)
Депресивен сум дека некој има против некој друг да учи, зборува и пишува на свој мајчин јазик во својата држава? А ти весел си што во 21 век во една европска држава тоа право им е скратено на еден цел државотворен народ? Те радува тоа ? Те весели ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom