Лошо ќе биде, ќе пукни филм кај македонецов ќе речат не плаќаме ништо и тепаме извршители по улица. А и сето ова се случува да се одвлече вниманието од економската катастрофа која ќе следува со поскапувања и други глупости.
Абе ве уби депресија откако господинот Груевски не е премиер...
Додуша и јас ќе станам сега кога разбрав од овој неблагодарников Нонковиќ дека господинот Груевски е доктор на науки од Монте Карло.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------
http://www.plusinfo.mk/vest/134289/nonkovikj-svedoci-gruevski-bil-na-doktorski-studii-vo-monte-karlo-so-besplatna-stipendija
НОНКОВИЌ СВЕДОЧИ Груевски бил на докторски студии во Монте Карло со бесплатна стипендија
Поранешниот дописник на МИА тврди „касапските кучиња“ на Груевски за „бедемот“ од луѓе на 27 април делеле пари во плико и маски-фантомки.
Порталот на Јанко Илковски, Јади бурек, објавува долг пост на Бобан Нонковиќ, дописникот на МИА на кого му заврши кариерата во оваа агенција. Во тој пост, Нонковиќ жестоко се пресметиува со Никола Груевски и со неговите, како што ги нарекува, касапски кучиња:
„(...) Груевски со малиот тим на уценети касапски кучиња ќе продолжат со конструктивноста, се до завршување на преговорите што се најавени во куќата на Жан Моне во Париз, демек за промовирање на политичка култура во Македонија, а де-факто за договор и споделување на одговорноста на сите политички актери во македонското општество за промена на исконското име на државата.
Со оглед на тоа што изминатите четири години до најситен детаљ сум го погодил развојот на настаните во Македонија, огромен број на мои ФБ пријатели и поддржувачи, тоа мое мислење го прифаќаат и промовираат („шеруваат“) и тоа збодна очи кај Груевски и неговата мала свита на касапски кучиња околу него.
Па, така, најпрво следеше мое тестирање преку пријатели, во однос на тоа дали би се нафатил на некој нов, професионален и новинарски ангажман од Брисел (нешто као полу-дописник), со сигурна и навремена исплата.
Таквото тестирање на моето расположение за понатамошни директни преговори за професионален ангажман, веднаш го отфрлив ан-блок, со одговор дека Груевски и бандата околу него се сега дел од играта за распарчување на Македонија и дека било-каков ангажман со нив би значело мое учество во сценариото, вклучување во хорот што ќе ја отпее погребната песна за Македонија и уште еден џокер во нивните раце пред сценаристот и режисерот, дека нема да има против никој од општествено позначајните, признаени и препознати лица што ќе застане цврсто и ќе ги разобличува во нивната игра за разнебитување на Македонија.
И, откако одбив да лапам од паричките на Груевци за да им бидам поддршка во предавството, ете ти вчера одговор од „Белата куќа“ во центарот на Скопје. И какво разочарување! До кое дно спаднала некогаш моќната медиумска машинерија на раководството на ВМРО-ДПМНЕ!
Одговорот, очекуван, откако не прифатив понуда, беше дека ќе дојде напад, ама некогаш разгоропадените фаци од ДПМНЕ, сега скриени како глувци во длабочината на „Белата куќа“ и зад лажни ФБ-профили, ми одговорија (ме нападнаа) преку за нив, а од мене никогаш очекуван начин, да злоупотребат лице со посебни потреби! (...) За таквиот лик само ќе изразам жалење за неговата состојба, но не можам да го сокријам гадењето од потегот на Груевски и свитата околу него, да напишат тирада против мене (тоа и беше очекувано) и за тоа и да употребат лице со посебни потреби кое ќе го потпише истиот текст! Е тоа е дно под дното!
Ах бе, очајници од и околу раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотреба на немоќно лице е казниво и според Кривичниот законик на Република Македонија, не само од Бога, ако воопшто верувате во него, освен кога како порака го гледате на доларите, покрај еврата, што ги испокрадовте од граѓаните!
Но, вие сте во тешка паника и не знаете кај терате и тоа го знам. Имате пари, имате многу пари украдени од граѓаните (по приципот, на пример, 4.000 денари за лепење на паркет во Влада, наместо 300 денари, па тендери, рекет и сл.), а не смеете да помислите да ги пипнете, ако за тоа не ви дозволи стопанот од американската амбасада. Сега ги нудите оти малку ви ги одмрзнаа со оглед на вашата конструктивност за разнебитување на македонизмот (заедно со бандата на Заев и Ахмети), а попушти и притисокот кон вас за затвор/притвор под Дамокловиот меч на обвиненијата на од вас избраното и изгласано Специјално обвинителство“.
Во врска со своите ангажмани во Брисел, откако го изгуби местото дописник на МИА, Нонковиќ му порачува на раководството на ВМРО-ДПМНЕ:
„Ги говорам официјалните јазици на земјата Белгија плус англискиот, не се срамам од никаква работа (кога ми се роди ќерка ми во 2007 година, освен новинар во „Фокус“, навечер работев и шанкер во кафулиња и не се срамам од тоа, туку, напротив, горд сум) што ќе ми донесе чесна заработувачка и да го обезбедам семејството. Јас, на било-каков, но пред се чесен начин, сум подготвен да работам и заработувам за живот, не да крадам од граѓаните и да купувам куќи на хрватско приморје, цела зграда од седум милиони евра во Антверпен (Белгија), да изградам партиска палата од штаб, да поседувам две банки во Македонија, половина стопанство и сл.
И, да, за моето формално образование сум се погрижил самиот, со скромни средства, а не како Груевски, на кого летово в лице му кажав во Брисел дека бриселските бирократи кои сакаат да го видат зад решетки ми соопштија дека тој е на докторантски студии во Монте Карло (Монте Карло, еј!), тој, зачуден дека го знам тоа, со широко отворени очи да ми каже: „Внук ми таму студираше со плаќање, а мене ректорката ми понуди бесплатна стипендија“. Абе мераци на Принцот Алберт Втори да го стипендира образованието на македонскиот екс-премиер, што да ви кажувам“.
Нонковиќ одговара и на нападите на „емек-македонските патриоти“ дека летово саботирал нивен протест за некаква поддршка:
„Ај сега да расчистиме, оти гледам уште некои вмровски ботовии и празни лејки се обидуваат нешто да ми префрлат во тоа. Најпрво, ако едни масовни протести пропаднале, бидејќи Бобан објавил пост на ФБ, тогаш, благодарам, ама (пак ќе го цитирам Миленко) ми се влече до земја! Во мојата ФБ-објава ви објаснив кои се и чиј производ т.н. „тврдокорни“ и што беше идејата, т.е. сценариото за злоупотреба на тие протести.
Е, сега, да ги отвориме картите до крај. Ќе признаете ли груевци, вие негови касапски кучиња, за „бедемот“ од луѓе во подготовка на собраниските настани од 27. април? Пред се тука мислам на улогата на дел од нив со делење пари во плико и на маски-фантомки на неколку часа пред тие крвави настани, кои го направија квислингот Зоран Заев херој во очите на меѓународната јавност и политика, оти сликите со неговата крвава глава му донесоа хвалоспеви и наслови од типот: „Со крв ја одбрани македонската демократија“. Вие со една рецка на неговата глава (и ништо повеќе), значи добро организирано и оркестрирано, направивте херој од будала и непрокопсаник!
А, потоа, познато е како Груевски ги остави на цедило и на судот на удбашко-комуњарско-балистичка власт и до ден-денес гледаме што им се случува на дел од актерите во собраниските настани.
Е, сега, што е линкот со протестите организирани од т.н. „тврдокорни“ за некој од тие затворените за собраниските настани. Ќе признаат ли Груевски и неговите касапски кучиња кој уште лани им земаше мерки на нормалните патриоти во македонските патриотски здруженија за да им сошие униформи! Униформи!? Да. Црни! Кога еден од водачите на МПЗ-ата тоа ми го кажа, онака радосен, минатото лето му реков да не помислат тоа да го прифатат и дека истото е казниво дело, дури и само да ги поседуваат, не да ги носат. Им реков: „Ве подготвуваат за да ве наместат“. Они ме послушаа, но за другите не знам.
По една година следуваше местенката во Собранието на 27 април 2017 година, а на протестите на „тврдокорните“ потоа, за што предупредив, требаше и тие да продефилираат со униформи од Оливер Спасовски обезбедени, а за што ќе се ставеше вечен срам и ќе се погребаа патриотските здруженија за навек!“
Поранешниот дописник на МИА сведочи и за поткуп на новинари, аналитичари, култирни работници и други, со кеш:
„Тешко дека можат Бобан да го уценат со на пример снимки од канцеларијата на високиот секретар како на новинари, аналитичари, професори, културни уметници, во пликоа, кеш им исплатува „благодарност“ на партијата за тоа што примателите на кешот во јавност излегувале со мислењето на касапските кулиња (не со своето, се разбира, оти се џубокс и пејат колку ќе им платиш). Нема такво нешто за Бобан, нели, оти Бобан никогаш, ама никогаш не зел пари од никого, освен официјално, на банкарска сметка за завршено дело за што е претходно потпишан договор за дело или (со)работ(к)а, камоли од политичка партија (пу, пу, скраја да е!). Инаку, немаше да има потреба да ми пишуваат тиради против мене на ФБ ако бев (пот)купен, нели?
Ама според молчењето, па дури и јавната одбрана на Груевци од страна на некои од примателите деновиве, гледам дека примателите на кешот се во незгодна позиција (ако, трпете си оти кај си јал маст, ќе јадеш и стап!). (...) А, да, да не заборавам, Груевски и касапските кулиња, сега ја играат играта на режисерот и сценаристот за пари (заштита на парите, народните, кои се по нивни џебови) и тоа се необјавените „бомби“ со кои ги држат, а не некакви сексуални, оросписко-педерски комбинации и слично!“
Нонковиќ, на крајот на својот пост, со кој се простива со новинарската кариера, пишува:
„Се што Никола Груевски кажа, вети изминатите три години, не се оствари! Тоа, ма колку и да е уценет, сепак е интелектуалец, мора да си го признае, макар сам на себе. Затоа, неговата политичка кариера е завршена. Тој сега е само, како што еднаш кажав, политичар за поткусурување и дневно малтретирање, нов Љубчо Георгиевски, кој само е во политика за да одработи за слобода и да му останат парите, а не заради повисоки идеали. Инаку, тој ќе си заминеше уште на 11 декември 2016 година вечерта, знаеме. Јасно е дека Груевски е прегорд за да го трпи ова, но што е политичкиот капитал (кој го истроши до крај) и јавниот морал наспроти слободата и удобниот живот обезбеден со многу пари, нели? (...) Обидот за градење на Понтонски мост за останување во сенка на чело на партијата преку инсталирање на ГМО-политичарот Христијан Мицковски за претседате на ВМРО-ДПМНЕ, само ќе го забрза процесот фрлање од шести кат, да се разбереме!
Сакам, кога ќе сакате да се пресметувате со мене, вие Груевци да излезете јавно, со име и презиме и став, а не како глувци да се криете во ходниците по „Белата куќа“ и да пишувате постови на кои ќе се потпишуваат лица со спреченост во психичкиот развој. Тоа е неморално, нечесно, но и незаконски (злоупотреба на немоќно лице). Знаеме дека имаме уште муниција да пукаме, ова е само една граната, која, искрено, не планирав да ја испукам, бидејќи сум борец-витез и не сакам да „вадам нож на умрен Германец“, ама први почнавте да мавате под појас.
Знае Груевски, како бивш боксер, дека е потребно витештво за да бидеш почитуван, а не да се служиш со нечесни удари, а во исто време да се криеш. Освен ако не си уценет, нели“.