Сојузот на албанските наставници во Македонија бараат формирање на комисија за да се променат содржината на учебниците. Нухи Дардишта, претседателот на сојузот, бара нови стратегии и програми, нови книги затоа штона овие од кои сега учат учениците рокот одамна им истекол.
Во
изјавата за МТВ2 Дардишта вели дека наставниците Албанци во Македонија бараат Министерството за образование за учебниците за основното и средното образование за промените да се консултираат со граѓанското општество, а не со истите луѓе од комисиите по министерствата кои не се менуваат.
„Апелирам од февруари,март да се формира комисија која добро ќе ги провери тие програмии да се дефинира новата стратегија“, вели Дардиштa.
Премиерот Зоран Заев во неколку наврати најави формирање комисии за промени во учебниците за македонските ученици. По потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, такви комисии се најавуваат и во Софија и во Атина.