Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.666
Поени од реакции
22.439
Дали ВМРО-ДПМНЕ за време на своето владеење свесно ја уништуваше македонската економија одржувајќи го со тоа рејтингот

Имено

Зголемувањето на пензиите изминативе години било нереално и не одговарало со порастот на трошоците за живот.. Загубата се покривала од буџетот, но цехот сега некој ќе мора да го плати . Пензиите изминативе години се зголемуваа, односно пораснаа за 20%. Тоа не е оджливо на долг рок и затоа сега се бара начин како да се намалат буџетските пари за нормално фукционирање на фондот.
Забелешки и за проектот Македонија Вработува, каде газдите беа ослобени од плаќање придонеси, што дополнително ги намалија парите за придонесите во фондот.
Сега Владата мора внимателно да го насочува секој еден потрошен денар.
Растот на економијата мора да забрза , затоа што ако се продолжи со вакво темпо стандардот на земјите членки на Унијата ќе го достигнеме за 60 години.

Дали поради тоа ги имаме овие

Нерегистрираните земјоделци од 1 јануари ќе плаќаат персоналец. Со ова ќе бидат оданочени и сите производители кои остваруваат приходи до 300 000 денари а досега беа ослободени од плаќање на данокот.

Персоналец ќе плаќа и секој тезгаџија во износ кој ќе го утврди УЈП.

Зголемување на висината на акцизата на дизел горивото Владата го предлага како соодветна измена на даночната регулатива.

Кој е полош?
Тој што расипнички троши државни пари и ја уништува државата?
Тој што зема од народот за да воведе стабилен монетарен систем?
Тоа веќе станува филозофско прашање. Пензиите надпросечно се покачија но дали пред тоа беа на многу ниско ниво па сега се соодветни? Пример: Дали пензија која е под минимална плата е морална или треба барем да го постигне тоа ниво?

Друго прашање е дали финансиските олеснувања при вработување се оправдани или не? Ова треба да се гледа како инвестиција или стимулација и на крај треба да се контролира дали таа мерка имала позитивен ефект или не. Слично како со олеснувањата за странските инвестиции. Поред мене овие мерки при криза вредат да се пробат затоа што може да се гледа како инвестиција која е привремена. На пример од друга страна трошење пари како за Скопје 2014 не се инвестиции и не можеме во иднина да очекуваме позитивен ефект, на против уште дополнителни трошкови за одржување ќе имаме.
 
S

silmarillion

Гостин
СДС го испуши у сам старт пошто не отиде со расчистување на непродуктивни трошоци такозвани бркање од работа на 2/3 админ. Одма отиде со поскапувањата кои секако мораа да се десат јер нечии деца треба у Монако да студираат, а ние да го платиме тоа образовање. Инвестицијата ни се врати пошто од џуниор напраивме менаџер кој ќе работи со бензинскиве Gulf:)) Али нема везе, било како било, ние сме еден широкогруд народ ќе платиме и за други.

Шала на страна, со вакви мерки на поскапување за стегање на даночната политика, очигледно е дека економијата се наоѓа пред банкрот затоа што понзи шемата на Грујо со кредит да отплаќа кредит веќе стигна до самиот крај. И во таква ситуација се очекува работите да бидат малтене воена состојба од аспект на мерки за штедење. Али ко што гледаме се ухлебија нови џаболебари само со друга книшка, дневници летаат. Изглеа воено стање ќе биде за приватниот сектор поготово оној кој работи со нашиот пазар. Слава им.
 
T

Trajce Vasilev

Гостин
(Без Навреда;Само мое Мислење)Со новава влада до 2020+ изглеа и ке не снема нас како држава од моја гледна точка.Сорос мора под итно да се спречи,инаку ке биде лошо за нас Македонците.
 
B

Bafra

Гостин
(Без Навреда;Само мое Мислење)Со новава влада до 2020+ изглеа и ке не снема нас како држава од моја гледна точка.Сорос мора под итно да се спречи,инаку ке биде лошо за нас Македонците.
:lolzz::lolzz::lolzz: Сорос со 5 милиони евра буџет а Грујо со 3 милијарди евра неможел да се одбрани од Сорос :tapp::tapp:

Повели образувај се малку :
http://kotle.ca/lustracija/item/761-akobesefondacijatasorosgruevskinikogasnemasedojdevlast
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.493
Поени од реакции
31.056
(Без Навреда;Само мое Мислење)Со новава влада до 2020+ изглеа и ке не снема нас како држава од моја гледна точка.Сорос мора под итно да се спречи,инаку ке биде лошо за нас Македонците.
Сорос умре.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Да не си им во кожа на Миле, Гоца и другарчињата, судството постепено се прешалта на другата страна:
Новиот претседател на кривичниот суд, Иван Џолев, освен промената во распоредот за експретседателот Владимир Панчевски, кого го префрли да суди прекршоци, прераспоредил уште 2 судијки. Судијката Весна Димишкова, која поднесе кандидатура за претседателка на судот и за која медиумите пишуваа дека има поддршка од Американската абасада во Скопје од Одделението за претходна постапка, ќе суди организиран криминал.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.927
Поени од реакции
17.164
нема да биде баш таа голема Албанија што е на картите , од Грција ни милиметар не може да земат а и Црна Гора не дава а е и во Нато. Од кај нас немаат ниту потреба, затоа што имаат тука повеќе привилегии отколку во Албанија ... од неплаќање струја до нележење затвор за криминал...
 

ЧичкоТетке

SEKOGAS MAKEDONIA
Член од
15 ноември 2017
Мислења
21
Поени од реакции
16
Да не си им во кожа на Миле, Гоца и другарчињата, судството постепено се прешалта на другата страна:
Новиот претседател на кривичниот суд, Иван Џолев, освен промената во распоредот за експретседателот Владимир Панчевски, кого го префрли да суди прекршоци, прераспоредил уште 2 судијки. Судијката Весна Димишкова, која поднесе кандидатура за претседателка на судот и за која медиумите пишуваа дека има поддршка од Американската абасада во Скопје од Одделението за претходна постапка, ќе суди организиран криминал.
Pa ima podrska zoso ima sudeno na krupni nastani a vo ponovo vreme mu dozvoli pretres vo stanot na kosta krpac, i go potpisa nalogot za pretres na UBK.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996


*бати државата ако дојде времето Чочоровска да креира кадровска политика по општините...
Малку поголема разлика меѓу Станче и мијалков е што првата лежи у затвор за трговија со кокаин, а вториот се бавел со тоа, а нема ден у затвор пројдено. И уште поголема разлика е што таа коментира на фејсбук, а на гомнарот до вчера му се тресеа од чистачка до министер на полиција. Не праи вакви идиотски паралели жити младост несреќна.

Ако мене ме прашаш....и тебе и станче и мијалков и градоначалникот на Вевчани и овцата што ја вработил - сите у сув Вардар би ве фрлил од повисоко, па еден ресет да напраиме на државава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom