Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.514
Со тргање на споменици ќе трошат дополнителни финансии кои и така ги немаме, претходните копилиња ги поарчија за да ги наместат, овие сега ќе направат тендери за да се тргнат, а ние ебани од секоја страна, еве ти покачувања на гориво, можеби за брзо и на даноците и тн.Еј пази мајката тргање на споменик ќе ја уништувало нацијата.
Држава не се оправа со собирање и сликање на тв како ќе туркаш споменици или ќе менуваш имиња на аеродроми, да ни беа тоа најголемите проблеми ќе беше супер, ама ние живееме во една мизерна држава (ако може да се нарече држава) на омразен народ меѓусебе, огромни класни разлики, без здравство и килаво образование, новороденчиња ни умираат како да живееме во среден век, инфраструктурата ни е боли глава, а железницата да не ја ни спомнувам, стандардот не смее ни да се дискутира, имаш луѓе што немаат пари да преживеат ни само со леб и маргарин целиот месец, во пола фирми вработените враќаат пари на газдите и од таа минималната плата што е пропишана...
Со тие пари што планираат да ги преместваат спомениците нема да е лошо да купат некој рентген плус по болниците, последно чекав месец и пол за да ме снимат, ееееј мизерија жива, за ct или магнетна ќе скинеш конци додека да дојдеш на ред.