Троја се митови и легенди кои усно се прераскажувани некои 400-500 години се додека не ги запишал, препеал Хомер. За учесниците на Тројанските настани не се знаи историски дали постоеле или не. Па дури и накитот и предметите кои се најдени во Троја се датирани многу пред претпоставената Тројанска војна. Шлименовата Троја, се протега на најмалку 9 нивоа и во распон од некои 3000 години, Тројанската војна се датира на некои отприлика 1100-1200 ПНЕ, Веројатно е дека Хомер давал опис на Троја од подоцнежниот период опишувајќи ги настаните од далечното минато. Инаку и жителите на Троја се недефинирани спрема мене, за Херодот тие се варвари, Персици , Азијати, додека во Хеленската традиција тие се Теукрани (можеби по потекло од Крит) но се губиме во митологиите кога тука го замешуваат Дардан кој како син на Зеус и Плејада Електра добил парче земја и се нарече народот Дарданци, за после тоа по неговиот наследник Трос, земјата да се наречи Троада, а народот Тројанци. Градот кој денес се смета дека е Хомеровата Троја навистина бил значаен и важен во своето време па и опстојувал (додуше како безначајно место) се до новата ера под римска управа Археологијата пронашла многу знаци на уривања и повторни градења на градот но сепак повторувам не може да даде доказ за тоа дали е тоа Троја, дали навистина се одиграла Тројанската војна како е опишано кај Хомер и кој народ живеел во времето на Тројанската војна (некои пола миелниум пред Хомер). Илијадата била на некој начин Библија на Антиката но за разлика од Христијанската Библија каде многу случки и настани историјата може да ги докаже по пат на споредбени записи од други извори, како и да ги докажи постоењета на луѓето од Библијата и местата кои се спомнуваат, кај Троја тоа е речиси невозможно, така да единствен доказ дека Троја била постоела и дека војната била као е опишана е записте на Хомер кои не можат са други извори да се потврдат. Троја никогаш не била предмет на мое истражување, освен читањето на Хомер или ако сум налетал на неа во пишувањата на античките писатели (кои патем речено како и сите денешни воглавном го повторуваат Хомер), а можеби затоа што историјата на Троја кога ќе се заме во целост освен војната која е опишана кај Хомер, а која се водиле (по Хомер) за Хелена - демек романтика, Тројанците не оставиле белег во историја како народ или племе кое одиграло значајна улога во историјата на светот. Значи не се појавуваат како освојувачи нити како народ кој достигнал кизнајкакви резултати во литература, наука, филозофија.... да не беше Хелена, и љубовната романса - можеби немаше ни да знаеме за Троја. Од друга страна тука ми се Асир, Вавилон, Египет, Грција, Македонија, Рим, Византија, Израел... кој се толку богати и пребогати со сите горенаведени особености и кои се предмет на мое интезивно истражување