Овој ми е еден од омилените ножеви на
@eMilanist, можеби втор после ножевите со круна од елен. Ножот е фултанг ремек дело, изработен од топ материјали и самата изработка е коска. На овој нож ако ми се поткрши сечилото би ме заболело срце
Сечило изработено од челик N690 и должина 105 милиметри
Одбојник изработен од инокс - еден од најдобро изработените негови што сум ги загледал
Рачка изработена од еленски рог и црвен вулкан фибер
Футрола изработена од телешка кожа - мирисот јако заудара на кожа
Потпалувачот на првата слика е исто изработен од еленски рог, одеше во пакет со ножот
Овој ми е третиот нож од мајсторот и највеќе ми се допаѓа од трите. Мајсторот му даде име Loveless, зашто наликува на некои од ножевите на легендарниот изработувач на ножеви - Bob Loveless.