Ние и утре да влеземе во ЕУ тие нема ни да не сетат. ЕУ ти е унија од преку 500 милиони жители, ние веќе сме длабоко интегрирани во нејзе иако не сме членки. Половина од популацијата ни е таму. Пре би рекол дека унијата повеќе ќе не смени нас одколку ние нејзе. Ако влеземе во блиска иднина ќе се трампаме со Бугарите за тоа кој ќе биде задња рупа на свирала, евентуално би се јаделе со Србите за тоа кој ќе го завземе тоа последно место

.
Ние не сме никаков културолошки а уште помалку економски фактор.
Ако нешто сме научиле под 500 години турско ропство е тоа како да си седиме мирни кога сме под туѓа окупација, така да Европјаните нема потреба да се грижат за нас. Ние само дома сме за никаде, кога ќе излеземе надвор сме верни и послушни измеќари кои молат да бидат владеени, затоа што нас тоа ни е врежано во генетскиот код и богами ќе треба да помине уште долго долго за нешто околу тоа прашање да се смени.
ЕУ за нас единствено ќе биде корисна на индивидуално ниво, за оние малку што останаа и што рмбаат приватно за минималец конечно да ги отфрлат синџирите со кои се оковани од нашиве домашни робовладетели и му покажат среден прст, да заминат на Запад и чистат нужници ама овојпат за пари а не за безпари како досега.
Тоа е таа сатисфакција која ја нуди членството во ЕУ, за сопствениците на државата и локалните моќници лоша но' за обичниот граѓанин за момент ослободувачка, бидејќи за прв пат нуди избор, каков таков.