Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Тие што одминале или го одбиле Законот на Телема не се ниту грешници ниту пак некаков бог ќе ги казнува сега или откако ќе умрат.
Фала Богу.....иначе се засекирав да не ми отиде душата. :D
 
Не, не си запознаен.
Ти си запознаен со православното христијанство и се осудуваш преку него. Наназад низ темиве самиот имаш кажано дека не си запознаен со Телема ниту мислиш некогаш да истражуваш за ова. @Ipsissimus може да ги најде тие изјави, тој повеќе има разговарано со тебе за овие ствари...
Тоа е различно...

Јас сум запознаен со твојата вера, религија, сум читал старци, попови, дипломирани луѓе на богословски факултети... ти, не си читал ништо од Телемити за Телема и философијата на Магика за да може да изградиш СВОЈ став за неа.

Ти се свртуваш кон црквата и прераскажуваш негативни сказни за се што не е дел од она што ти си избрал да ти биде авторитет во животот и се расправаш со луѓето за нивните патишта осудувајќи ги туку така - како да си некаков ти авторитет во нивниот живот.

Пак ќе повторам - има разлика, способните да размислуваат самостојно ќе ја увидат разликата...
[DOUBLEPOST=1510407766][/DOUBLEPOST]
Фала Богу.....иначе се засекирав да не ми отиде душата. :D
Не се плаши, @Атеист не ни има душа ниту страв од било што на земјата, под земјата или на небото - уживај :D
 
Не се плаши, @Атеист не ни има душа ниту страв од било што на земјата, под земјата или на небото - уживај :D
Атеист не го чул Исус од стариот Еон
"If you bring forth what is within you, what you have will save you. If you do not have that within you, what you do not have within you will kill you."
Така да он "нема гајле". :)
 


Тие што одминале или го одбиле Законот на Телема не се ниту грешници ниту пак некаков бог ќе ги казнува сега или откако ќе умрат....
Е ова ми се допаѓа, што не се грешници.
А не како во абрахамскиве. Не веруваш, го одбиваш учењето и тука одма си ,,неверник", безбожник, во заблуда си, пријател или слуга на сатаната и уште како ли ќе не наречат.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Сигурно го има, но го распнал Исус по неговиот пат низ животот и продолжил... опасно е за оние кои се повикуваат на стариот еон, а не го разбираат ниту го живеат истото, распнати помеѓу новото и старото време, кои сакаат жената дома да им е покриена со шамија, но зјапаат во разголени жени, сакаат Исус да им помогне, но не сакаат да одат во црква... тие се опасни фанатици.
Слушај ми зборот, ќе препознаеш многумина такви низ твојот живот, од семејството дома, па се до крајните граници на твојот универзум, дури има шанси и самиот да си таков... бирај мудро, „познавајќи ја куќата божја.“! ;)
[DOUBLEPOST=1510408235][/DOUBLEPOST]
Ние не се грижиме за твоите патишта и надежи во животот ако тие те прават подобар човек во однос на себе си и оние околу тебе ;)
 
Мики веќе е запознаен со Телема и Мики веќе има став за Телема, оти ја препознава како исконска и историски веќе видена лага.
А со ова си запознает??????

11. Прави им на другите добро поради самата добрина, не поради награда, ниту пак поради нивна благодарност или наклоност. Ако ти си великодушен нема да тежнееш кон изразите на благодарност.

А каде е твојот доказ дека е телемата е лага???

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Сигурно го има, но го распнал Исус по неговиот пат низ животот и продолжил... опасно е за оние кои се повикуваат на стариот еон, а не го разбираат ниту го живеат истото, распнати помеѓу новото и старото време, кои сакаат жената дома да им е покриена со шамија, но зјапаат во разголени жени, сакаат Исус да им помогне, но не сакаат да одат во црква... тие се опасни фанатици.
Слушај ми зборот, ќе препознаеш многумина такви низ твојот живот, од семејството дома, па се до крајните граници на твојот универзум, дури има шанси и самиот да си таков... бирај мудро, „познавајќи ја куќата божја.“!
А како тој нов Еон има влијание на луѓето?
Дали медиумите, образованието и сл. е дел од тој нов Еон?
 
А со ова си запознает??????

11. Прави им на другите добро поради самата добрина, не поради награда, ниту пак поради нивна благодарност или наклоност. Ако ти си великодушен нема да тежнееш кон изразите на благодарност.

Јок бе, не сум запознает, ни случајно:

„...Се‘ она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие; зашто тоа е Законот и пророците...„.

Матеј, 7.12.
 
Хм, да да, документарците што ги гледаш најмногу се дел од новиот еон :LOL:
Ме прашуваш нешто што не можам да ти го одговорам на форумов бидејќи ќе морам да пишувам многу повеќе од вообичаено...
Tete-a-tete некогаш ќе разговараме за ова твое прашање, само ќе ме потсетиш за истото :)
 
А каде е твојот доказ дека е телемата е лага???

Доказот е очигледен; тоа е Црквата Христова, на која Христос и‘ ја откри вистината во полнота.

И се‘а, ш‘о, мислиш; ако вистината ни е откриена, каква друга и поинаква вистина може да се појави после вистината?
 
Не се плаши, @Атеист не ни има душа ниту страв од било што на земјата, под земјата или на небото - уживај :D
Атеист не го чул Исус од стариот Еон
"If you bring forth what is within you, what you have will save you. If you do not have that within you, what you do not have within you will kill you."
Така да он "нема гајле". :)
А да не се препуцавате преку мене вие двајаца, да не ви пукнам по некој казнен. И двајцата поголеми атеисти од мене, нашле бабури да јадат. Атеисти едни низаедни. :P
 
Јок бе, не сум запознает, ни случајно:

„...Се‘ она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие; зашто тоа е Законот и пророците...„.

Матеј, 7.12.
Ете сега се запозна

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Доказот е очигледен; тоа е Црквата Христова, на која Христос и‘ ја откри вистината во полнота.

И се‘а, ш‘о, мислиш; ако вистината ни е откриена, каква друга и поинаква вистина може да се појави после вистината?
Дај доказ дека црквата е доказ. И дека Исус и ја открил вистината на црквата во полнота.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Хм, да да, документарците што ги гледаш најмногу се дел од новиот еон :LOL:
Ме прашуваш нешто што не можам да ти го одговорам на форумов бидејќи ќе морам да пишувам многу повеќе од вообичаено...
Tete-a-tete некогаш ќе разговараме за ова твое прашање, само ќе ме потсетиш за истото :)
Сигурно за Њу Ејџ мислиш. И Кроули е крив за таа работа.....ама у задње време некако не му се дава многу почит :)
Не мора да образложуваш, наброј само и ќе знаеме сите од каде доаѓа таа трансформација. Само да не речеш дека некои ангели и демони се затоа што ќе се наруши принципот на слободна воља и принципот на созревање на индивидуите.[DOUBLEPOST=1510409817][/DOUBLEPOST]
А да не се препуцавате преку мене вие двајаца, да не ви пукнам по некој казнен. И двајцата поголеми атеисти од мене, нашле бабури да јадат. Атеисти едни низаедни. :P
Атеизмот е мртов...смени си имe :D
 
Ете сега се запозна

Sent from my SM-G318H using Tapatalk

dARK_ElementaL,

ајде едно наградно прашање за тебе.

Еве го твојот допис:

„...11. Прави им на другите добро поради самата добрина, не поради награда, ниту пак поради нивна благодарност или наклоност. Ако ти си великодушен нема да тежнееш кон изразите на благодарност....„

а еве го и мојот:

„...Се‘ она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие; зашто тоа е Законот и пророците...„.

Што мислиш, која од двете цитирани максими има своја смисла и цел а која нема?...

Ќе те причекам...ваљда прашањево не ти е претешко.[DOUBLEPOST=1510409876][/DOUBLEPOST]
Дај доказ дека црквата е доказ. И дека Исус и ја открил вистината на црквата во полнота.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk

dARK_ElementaL,

ова погоре е едно од поглупавите барања, кое некој ми го упатил.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom