Новиот веб сајт на АААВМУ е тапа, пишува дека последен пат официјалниот список на дигитални ТВ канали на Вип ТВ е ажуриран на 19 септември 2017, а во списокот го дава датумот 18 мај 2017.
Така да, повеќе од очигледно е дека списокот кој го објавиле на веб сајтот не е ажуриран, но ако веќе 5 месеци по ред Вип ТВ сеуште емитуваат дигитални ТВ канали за кои им истекле авторските права, тогаш сигурно ќе платат бајаги голема казна.
Но според неажурираниот список на веб сајтот на АААВМУ, на 1 декември 2017 истекуваат авторските права на Вип ТВ за Viasat каналите, а на 31 декември 2017 им истекуваат авторските права за Discovery каналите и за EuroSport каналите, што значи дека или ќе ги обноват авторските права до тогаш - освен ако веќе ги обновиле, да не заборавиме дека ова е неажуриран список - или ќе мораат да ги заменат со нови ТВ канали.
Исто така - според неажурираниот список - на 28 февруари 2018 истекуваат авторските права на Вип ТВ за Спорт Клуб каналите, што значи дека во наредниве 4 месеци Вип ќе имаат полни раце работа за обновување на авторските права за повеќе ТВ канали, или ќе мораат да воведат нови ТВ канали.
Освен ако веќе ги обновиле авторските права за тие ТВ канали се разбира, да се потсетиме дека списокот на официјалниот веб сајт на АААВМУ не е ажуриран веќе 6 месеци по ред.
Како и да е, не им простувам тоа што ги отстранија Djazz и Brava, без разлика што планираат да нудат во иднина.