Либертас од свои упатени извори дознава дека во рамки на комисијата за реформи во правосудството и советот за реформи во правосудството, се појавил судир во идеите како да се реформира правосудството поради формирање на една бирократска „кочничарска“ група во структурите на владеачката партија.
Имено, оваа кочничарска група, според нашите извори, ја сочинуваат членка на бирократските комисии за реформи во министерството за Правда, претседател на изборен штаб на СДСМ за локалните избори и човек во врвот на Министертството за правда.
Taa има за цел да ги контролира реформите и да се претстави како клучен фактор во сенка, и сo злоупотреба на имињата на Прибе и Брисел, наведувајќи дека извесни реформи се „правно невозножни да се изведат“, а со единствена намера членовите на „групата“ да се претворат во фактор во идниот избор на судии – да стави рака и „држи банка“ врз реформите во правосудството.
Во таа смисла, групата, водена од посебен личен и парцијален интерес за влијание и моќ, функционира како кочничар на вистинските реформи.
Примери за ова се крутиот и ригиден став за некои одредби во Законот за амнестија (инсистирање да се препишат одредбите од закон за помилување донесен од ВМРО ДПМНЕ, амнестијата да се намали на 30 наместо на 40 проценти и сл), потоа задукулисни опструкции на можните решенија за брза обнова на постапките во случаите во кои се работи за грубо кршење на човекоевите права и принципите на праведна судска постапка (од 15 до 30 случаи под криминалниот судскиот режим на ВМРО ДПМНЕ).
Згора на тоа, од извори во Министерството за Правда, дознаваме дека оваа група повторно работата врз некои од клучните закони им ги доделува на Камбовски и Тупанчевски, лица кои соработуваа со претходниот режим цо сите негови „реформи“.
Членовите на оваа група , еден познат скопски адвокат на ги нарече нови михајло-маневисти на реформите. Познавачите го одрекуваат (или проблематизираат) капацитетот и знаењето на оваа група да изведат било какви реформи, но не ја одрекуваат нивната можна партиска позиционираност да изведат кочење на реформите.
Оваа група и директно е одговорна за општиот впечаток дека, освен што на хартија се усвоени некои од стратешните правци за идна реформа, сторено е многу малку во рпавец на реформирање на системот.
Непосредно, пред нас се состаноците во Министерството за правда каде ќе се расчистуваат некои од дилемите каде, во кој правец ќе одат реформите.