На ист начин како што Црквата Го испведа Троединиот Бог.
На кратко, ако е можно „на кратко„ да се објасни троичноста Божја, би било вака:
- Бог Отец Е беспочетен и Он Е Господ Бог, гог по природа, првиот лик од Света Троица. Црквата не познава „свето тројство„ кога Бог Е во прашање, но може за други нешта да се употреби тој израз.
- Синот Божји Е роден од Отецот „..пред сите векови...„, односно Синот Е нераздвоен од Отецот. Синот е вториот лик од Троичноста Божја.Синот Е Господ Бог и бог по природа. Синот ја споредува промислата од Отецот во дело.
- Духот Свет исходи/излегува од Отецот и Он Е Животодавец; им дава живот на нештата кои Отецот ги промислил а Синот ги створил. Духот Е третиот лик од Троичноста Божја. Духот Свет Е Господ Бог и бог по природа.
Отецот и Синот и Светиот Дух се едно/единствени, неразделни, неслиени, неограничени, бесконечни, семоќни, сезнајни, сеопфатни...