Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Што мислиш, зошто Исус вели така, а не вели:„при нашиот Отец“?

Така рекол, бидејќи како човек, Отецот за Него е Бог, а доколку другите се ослободени од заблуда, Отецот е и нивен Бог.

Инаку, Исус Христос е Богочовек, т.е. истовремено и совршен човек и Бог, па така во Евангелијата ќе сретнеш дека некаде зборува и делува како човек, а некаде зборува и делува како Бог (опростува гревови, го воскреснува Лазара, ја стишува бурата).

Во посоченото Евангелие според Јован, Исус вели како Бог:„Јас и Отецот едно сме“ (10:13) и „Вистина, вистина ви велам: Јас постојам уште пред да се роди Авраам.”(8:58) и „Ако, пак, Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте должни еден на друг да ги миете нозете.“(13:14) и Исус вели како човек:„одам при Мојот Отец; зашто Мојот Отец е поголем од Мене“(14:28) и „Кој Ме мрази Мене, Го мрази и Мојот Отец.“(15:23), а исто така Исус вели како човек и како Бог:

7. Ако Ме бевте познавале, ќе Го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.”
8. Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!”
9. Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и не си ли Ме познал, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, и како ти велиш: »Покажи ни Го Отецот?«(Eв. Јн гл. 14)

Бог беше Словото (или Логос, Реч) спореди со:

И рече Бог: „Нека биде светлина!” И би светлина. (Битие 1:3). Затоа и евангелистот Јован продолжува: Сè стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана.(Eв. Jн 1:3)
Но исто така кога евреите сакаат да го каменуваат поради богохулие, Исус го кажува и ова:

Јован 10:
33 Евреите му одговорија: „Не те каменуваме поради добро дело, туку поради хула,+ затоа што ти, иако си човек, се правиш бог“.+
34 Исус им одговори: „Зарем не е запишано во вашиот Закон:+ ‚Јас реков: „Богови сте“ ‘?

Овде јасно се гледа дека божественоста не си ја припишува како ексклузивитет.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.640
Поени од реакции
9.253

Мислиш на: „Јас реков: вие сте богови, вие сте сите синови на Севишниот;
но вие ќе умрете како луѓе, и ќе паѓате како секој кнез.”?
 
D

dARK_ElementaL

Гостин

- А ако не е човек тогаш нема да биде отецот поголем од него? Исти ќе бидат? Семоќни и еднакви двајцата?

- Јован 14:
8. Филип му рече: ,,Господи покажи ни го Отецот и доста ни е!"
9. Му одговори Исус: ,,Толку време сум со вас, и не си ли ме познал Филипе? Кој ме видел мене го видел Отецот, и како ти велиш покажи ни го Отецот?

Овде Исус повеќе кажува дека личи на Отецот одколку што кажува дека е бог.

- А ,,Единороден од Отецот" како го толкувате? Дека Отецот бил прв па словото од него е родено?

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Мислиш на: „Јас реков: вие сте богови, вие сте сите синови на Севишниот;
но вие ќе умрете како луѓе, и ќе паѓате како секој кнез.”?
Ако Исус сакал божественоста да ја прикаже како лично негов ексклузивитет, тогаш на обвинувањето на евреите можел едноставно да каже - Да, јас сум Бог. Но тој не го прави тоа, се повикува на стих каде се вели дека сите се богови.
 
Член од
21 јуни 2015
Мислења
37
Поени од реакции
17
Значи ја знаеме дефиницијата која вие муслиманите сте ја дале за бог, дефиницијата која христијаните ја дале за бог, ја знаеме дефиницијата која хиндусите ја дале за хиндуистичките богови..... и тн. Нема потреба ние да даваме дефиниции кои се веќе од некого дадени. Во такви богови не верувам. И пак ќе те предупредам, не тврдиме дека нема богови, ние не веруваме во богови. Тоа се две различни работи. Атеисти се луѓе кои не веруваат во богови а не кои тврдат дека нема богови.
Одлична реплика почитуван Атеист, и те разбирам, и мило ми е што реплицира. Предпоставувам дека имаш лоша слика за Исламот, веруваш дека Исламот е лоша религија, дека е религија поврзана со тероризам! дека не и дава право на жената! дека е религија која е во контрадикторност со науката! Ако поради ова сметаш дека го познаваш Исламот т.е. ја знаеш дефиницијата за Аллах, не е така. Исламот е милостива религија, Исламот е религија која нема никаква врска со тероризам, а ако е така, и јас одбивам такви религии, кои не и даваат право на жената, кои се поврзани со тероризам, кои се во контрадикторност со науката. дури и јас не верувам во такви Богови, затоа што концептот на Бог кој го веруваат такви луѓе е погрешен концепт. Како и вие атеистите не прифаќате, и затоа ви честитам, и јас како муслиман не верувам во погрешни концепти на Бог. Затоа ќе ми биде мило да продолжиме со дискусијава. Можеш ли да ми кажеш, која е првата личност, што може да ми кажеш механизмот на непознат обиејкт? Да претпоставуваме дека пред очите твои, се поставува некој обијект (машина), до тогаш невидена од твоите очи, прв пат гледаш таков објект. Која е првата личност што може да ти каже како работи овој објект, таа машина, да ти го објасни механизмот на функционирањето на таа предочена машина?[DOUBLEPOST=1510101394][/DOUBLEPOST]
Tи ја имаш читано Библијата или некој муслиман ти ја прераскажал, штом тврдиш дека Исус никаде не вели дека е Бог?
Ајде за почеток, прочитај го стихот 13:14 oд Евангелието според Јован.
Прочитај добро.. Каде самиот Исус вели: ЈАС СУМ БОГ, ОБОЖАВАЈТЕМЕ МЕНЕ. Тоа што ти цитираш се однесува на Божјиот закон. Затоа што во неговото време беше и Учител заменик за Господ метафорички кажано, што значи жителите не бену израел треба да го почитуват и слушаат него, и ако го слушаат исто како да го почитуваат и слушаат на Господа, затоа што само така ќе го постигнат Господовото задоволство. Ако ти цитирам сега што пише во Окровение 1:11 каде вели: Јас сум Алфа и Омега што ќе ми кажеш ти? А и по ова е бог....Каде самиот Исус вели: ЈАС СУМ БОГ, ОБОЖАВАЈТЕМЕ МЕНЕ?
 
Последно уредено:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Одлична реплика почитуван Атеист, и те разбирам, и мило ми е што реплицира. Предпоставувам дека имаш лоша слика за Исламот, веруваш дека Исламот е лоша религија, дека е религија поврзана со тероризам! дека не и дава право на жената! дека е религија која е во контрадикторност со науката! Ако поради ова сметаш дека го познаваш Исламот т.е. ја знаеш дефиницијата за Аллах, не е така. Исламот е милостива религија, Исламот е религија која нема никаква врска со тероризам, а ако е така, и јас одбивам такви религии, кои не и даваат право на жената, кои се поврзани со тероризам, кои се во контрадикторност со науката.
Многу лоша реплика, очајна дури.
Од погрешни претпоставки се донесуваат погрешни заклучоци. Каде јас спомнав каква религија е исламот? Нит па тероризам, ни права, ни науки. Иако не е невредно за дискусија, но тоа е веќе сосем друга тема. Зборувавме за богови, ма кои и да се, над 4000 познава историјата. Богови онакви какви си ги опишале самите оние кои веруваат во нив.
Боговите со религиите не се баш толку поврзани како што ти мислиш. Тоа луѓето ги поврзуваат, т.е. би сакале да е така.

Не зборувам за Исус, Мухамед, Брама... Зборувам за сите организирани религии, ексклузивни групи створени за да имаат контрола, дилер кој ќе ги навлече луѓето на дрогата на надеж, неговите следбеници се зависници кои го бараат својот фикс на глупости за да го одржува нивниот допамин на незнаење, зависници кои се плашат да поверуваат во вистината... дека нема моќ, нема поредок, дека сите религии се само метастазирани црви кои треба да не' поделат, за да можат полесно да владеат со нас, шарлатани кои сакаат да не' водат. Мислите дека служењето на бога е некаков клуч за среќа? Така тој ве поседува. Како што на наркоманот очајно му треба неговата доза.

Зошто би верувал во вашиот измислен пријател? Не сум доволно луд да верувам во вашата искривена “реалност“. Та зарем ви треба “пријателот“ да ви каже дека сте луѓе? Ако тоа не извира длабоко од вас, од длабочинаната на вашата душа, тогаш не сте ни луѓе. Тогаш не ни заслужувате подобро. Живејте си во својата илузија, својот сон. Ваше право. Whatever rocks your boat. Оставете ги другите на мира.
Можеш ли да ми кажеш, која е првата личност, што може да ми кажеш механизмот на непознат обиејкт? Да претпоставуваме дека пред очите твои, се поставува некој обијект (машина), до тогаш невидена од твоите очи, прв пат гледаш таков објект. Која е првата личност што може да ти каже како работи овој објект, таа машина, да ти го објасни механизмот на функционирањето на таа предочена машина?
Искрено појма немам што ти е прашањево. А и баш ме заболе за некаква си машина. Ќе си заминам и не ме занима.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.640
Поени од реакции
9.253
Предпоставувам дека имаш лоша слика за Исламот, веруваш дека Исламот е лоша религија, дека е религија поврзана со тероризам! дека не и дава право на жената! дека е религија која е во контрадикторност со науката! Ако поради ова сметаш дека го познаваш Исламот т.е. ја знаеш дефиницијата за Аллах, не е така. Исламот е милостива религија, Исламот е религија која нема никаква врска со тероризам, а ако е така, и јас одбивам такви религии, кои не и даваат право на жената, кои се поврзани со тероризам, кои се во контрадикторност со науката. дури и јас не верувам во такви Богови, затоа што концептот на Бог кој го веруваат такви луѓе е погрешен концепт.
Знаев дека е така, дека исламот е милостива религија, а каменувањето, бача бази, бача пош, браковите помеѓу крвни сродници, децата-невести, киднапирањето невести, дека во ханбалискиот, маликискиот и шафискиот мезхеб не е дозволено на девојка да го одбере својот сопруг без согласност од својот вали, дека женското генитално сакатење е ваџиб за шафи и ваџиб или махрума за ханбали, сево ова наведено е масло на српските тајни служби.

Toa што во Виена 14-годишна сестра е убиена од својот 18 годишен брат, само затоа што сакала да ја напушти куќата во која се чувствувала заробена и под постојан надзор, брат кој се правдал дека го сторил убиството поради чест (демек ја осрамотила нивната муслиманска фамилија), а самиот тој ѝ бил познат на полицијата поради кражби на мобилни телефони, измами и опасни закани (сигурно претставувал гордост и пример на неговата фамилија, но некој тамошен Грујо го наместил).

Toa што религиозната полиција на вашата идеализирана и шеријатска Саудиска Арабија спречила девојчиња да излезат од училиштето зафатено со пожар, бидејќи не носеле абаја и 15 од нив изгореле во пожарот, сигурно е виновна Велика Британија, нели?

http://news.bbc.co.uk/2/hi/middle_east/1874471.stm

http://english.alarabiya.net/en/News/middle-east/2014/02/06/Death-of-Saudi-female-student-raises-uproar.html

Прочитај добро.. Каде самиот Исус вели: ЈАС СУМ БОГ, ОБОЖАВАЈТЕМЕ МЕНЕ. Тоа што ти цитираш се однесува на Божјиот закон. Затоа што во неговото време беше и Учител заменик за Господ метафорички кажано, што значи жителите не бену израел треба да го почитуват и слушаат него, и ако го слушаат исто како да го почитуваат и слушаат на Господа, затоа што само така ќе го постигнат Господовото задоволство. Ако ти цитирам сега што пише во Окровение 1:11 каде вели: Јас сум Алфа и Омега што ќе ми кажеш ти? А и по ова е бог....Каде самиот Исус вели: ЈАС СУМ БОГ, ОБОЖАВАЈТЕМЕ МЕНЕ?
Види и во Ев. Лука гл.2 и Ев. Јован гл. 20:

5. А Исус, кога ја виде верата нивна, му рече на фатениот: „Синко, ти се опростуваат гревовите твои!”
6. Таму седеа некои од книжниците и си помислија во срцата свои:
7. Што хули Овој на Бога? Кој друг може да опростува гревови, освен единиот Бог?

21. А Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам.”
22. И кога им го кажа ова, дувна и им рече: „Примете Дух Свети!
23. На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.”

И спореди го ова со вашиот Мухамед кој рекол:

Раскажува АбулАжар ал-АнМари:

Koга Аллаховиот Пратеник одеше ноќе в кревет, ќе речеше: во името на Аллах, легнувам бочно за Алах. О Аллах, опрости ми го мојот грев, истерај го мојот ѓавол, ослободи ме од мојата одговорност, и постави ме во највисокото собрание.

http://sunnah.com/abudawud/43/282
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Но исто така кога евреите сакаат да го каменуваат поради богохулие, Исус го кажува и ова:

Јован 10:
33 Евреите му одговорија: „Не те каменуваме поради добро дело, туку поради хула,+ затоа што ти, иако си човек, се правиш бог“.+
34 Исус им одговори: „Зарем не е запишано во вашиот Закон:+ ‚Јас реков: „Богови сте“ ‘?

Овде јасно се гледа дека божественоста не си ја припишува како ексклузивитет.

Ипси,

единствена работа која е очебијна од твојот допис, тоа е дека по којзнае кој пат препишуваш стих од Писмото, чие значење не можеш ниту да го отфантазираш, а се впушташ во „толкување„ на стихот.[DOUBLEPOST=1510160625][/DOUBLEPOST]
Ако Исус сакал божественоста да ја прикаже како лично негов ексклузивитет, тогаш на обвинувањето на евреите можел едноставно да каже - Да, јас сум Бог. Но тој не го прави тоа, се повикува на стих каде се вели дека сите се богови.
Погрешно, по којзнае кој пат.

Евреите, преку своите свештеници, точно знаеја дека Месијата треба да се роди токму меѓу нив. Месијата се роди, на Младенецот не Му се поклони ниту еден еврејски свештеник, туку Му се поклонија незнабожците од Вавилон и пар неуки пастири, а евреите, заслепени од „...жестокоста на своите срца...„, не Го препознаа, туку Го распнаа.

Просто кажано, Христос нема(ше) потреба да нагласува дека Он Е Бог, туку евреите треба(ше) да Го препознаат дека Он Е Бог, оти овоплотувањето на Синот Божји веќе им беше проречено преку нивните пророци.

Ајде сега, обиди се пак со некој препишан стих од Писмото и со уште едно твое „толкување„.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ипси,

единствена работа која е очебијна од твојот допис, тоа е дека по којзнае кој пат препишуваш стих од Писмото, чие значење не можеш ниту да го отфантазираш, а се впушташ во „толкување„ на стихот.[DOUBLEPOST=1510160625][/DOUBLEPOST]

Погрешно, по којзнае кој пат.

Евреите, преку своите свештеници, точно знаеја дека Месијата треба да се роди токму меѓу нив. Месијата се роди, на Младенецот не Му се поклони ниту еден еврејски свештеник, туку Му се поклонија незнабожците од Вавилон и пар неуки пастири, а евреите, заслепени од „...жестокоста на своите срца...„, не Го препознаа, туку Го распнаа.

Просто кажано, Христос нема(ше) потреба да нагласува дека Он Е Бог, туку евреите треба(ше) да Го препознаат дека Он Е Бог, оти овоплотувањето на Синот Божји веќе им беше проречено преку нивните пророци.

Ајде сега, обиди се пак со некој препишан стих од Писмото и со уште едно твое „толкување„.
Јас сеуште чекам од тебе одговор како ќе провериме и како ќе дознаеме дека баш вашите толкувања се оние точните и вистинските. Се до тогаш, се што ти останува е ,,жими мајка".
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јас сеуште чекам од тебе одговор како ќе провериме и како ќе дознаеме дека баш вашите толкувања се оние точните и вистинските. Се до тогаш, се што ти останува е ,,жими мајка".
Одговорено ти е-повеќе од потребното.

Со нетрпение го чекам твојот нареден препис на стих од Писмото со неизбежно промашеното толкување на истиот.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Одговорено ти е-повеќе од потребното.

Со нетрпение го чекам твојот нареден препис на стих од Писмото со неизбежно промашеното толкување на истиот.
Да беше одговорено ќе можевме да го прочитаме, арно ама го нема.
 
Член од
21 јуни 2015
Мислења
37
Поени од реакции
17
Знаев дека е така, дека исламот е милостива религија, а каменувањето, бача бази, бача пош, браковите помеѓу крвни сродници, децата-невести, киднапирањето невести, дека во ханбалискиот, маликискиот и шафискиот мезхеб не е дозволено на девојка да го одбере својот сопруг без согласност од својот вали, дека женското генитално сакатење е ваџиб за шафи и ваџиб или махрума за ханбали, сево ова наведено е масло на српските тајни служби.

Toa што во Виена 14-годишна сестра е убиена од својот 18 годишен брат, само затоа што сакала да ја напушти куќата во која се чувствувала заробена и под постојан надзор, брат кој се правдал дека го сторил убиството поради чест (демек ја осрамотила нивната муслиманска фамилија), а самиот тој ѝ бил познат на полицијата поради кражби на мобилни телефони, измами и опасни закани (сигурно претставувал гордост и пример на неговата фамилија, но некој тамошен Грујо го наместил).

Toa што религиозната полиција на вашата идеализирана и шеријатска Саудиска Арабија спречила девојчиња да излезат од училиштето зафатено со пожар, бидејќи не носеле абаја и 15 од нив изгореле во пожарот, сигурно е виновна Велика Британија, нели?

http://news.bbc.co.uk/2/hi/middle_east/1874471.stm

http://english.alarabiya.net/en/News/middle-east/2014/02/06/Death-of-Saudi-female-student-raises-uproar.html

Види и во Ев. Лука гл.2 и Ев. Јован гл. 20:

5. А Исус, кога ја виде верата нивна, му рече на фатениот: „Синко, ти се опростуваат гревовите твои!”
6. Таму седеа некои од книжниците и си помислија во срцата свои:
7. Што хули Овој на Бога? Кој друг може да опростува гревови, освен единиот Бог?

21. А Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам.”
22. И кога им го кажа ова, дувна и им рече: „Примете Дух Свети!
23. На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.”

И спореди го ова со вашиот Мухамед кој рекол:

Раскажува АбулАжар ал-АнМари:

Koга Аллаховиот Пратеник одеше ноќе в кревет, ќе речеше: во името на Аллах, легнувам бочно за Алах. О Аллах, опрости ми го мојот грев, истерај го мојот ѓавол, ослободи ме од мојата одговорност, и постави ме во највисокото собрание.

http://sunnah.com/abudawud/43/282
Едноставно би те замолил да се едуцираш пред да пишуаш за Ислам. И не ти чини ова вака: по немање на аргументи да одиш со навреди, гледај што си постирал се аматерски напишано, со контрадикции и полно со дупки, типично како во библијата. Кога нешто тврдиш треба да го докажиш тоа со факти и докази. А не да породаваш магла во лопата. Јас кога постирам, или одговорам само ти кажувам дека 2+2=4 а не 5. И не го прашувај на Чичко Гугл за превод на англиски, не преведува добро, прашај некој стручен или научиси.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Одговорено ти е-повеќе од потребното.

Со нетрпение го чекам твојот нареден препис на стих од Писмото со неизбежно промашеното толкување на истиот.
А и јас чекам уште да го покажеш твоето знаење отец Мики. Да ги објасниш стиховите за кои велеше дека моето објаснување било незнаење.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
А и јас чекам уште да го покажеш твоето знаење отец Мики. Да ги објасниш стиховите за кои велеше дека моето објаснување било незнаење.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
И мене ме интересира. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom