Не треба никој да се клања, греву. Јас сум против оние што се жалат дека е тешко, кога не е.
IF+keto, дисциплина, воља и навика. Без глупи оправдувања од типот на немам време, децата треба да ги чувам, немам пари, болен сум, преморен сум од работа, мора да каснам торта на роденденов, ќе се навредат, мора да јадам на славава незгодно ќе биде итн.
Во мојот случај, во период од 4 години ставив 20 кила (80+20). Јадев се што ќе ми текне, кога ќе ми текне, не вежбав.
После, за неколку месеци симнав 15-20 кила и уживав додека го правев тоа освен првите неколку дена, секако. И тоа ова беше без иф + кето, туку со средена исхрана, намалена и кардио вежби 6 дена во неделата (точак, брзо одење, качување скали, обично одење).
Дојдов до 80 кила повторно, и кардио вежбите ги сведов само на обично одење, по 2 саати на ден, а храна почнав пак да си јадам што сакам но горе-долу умерено.
Си се држев 80-81-82 неколку месеци и дојде последново лето и се запнав да го пробам IF + keto (мада кетото многу кратко го држев, али намалив доста на овошје) + водно и трчање + склекови, планкови, чучњеви по дома.
Ослабев до 70 кила за месец и пол.
И сакаш да ми кажеш дека тешко се слабее и дека има којзнае каква филозофија??
4 години „живееш ко крал“ и после за ЕДНА ДВАНАЕСТИНА од тоа време се враќаш ко што си бил.
Па кај се видело ова?
Искрено, потешко се качуваат кила отколку што се симнуваат.
Hurr durr не се сите исти, зависи од возраст, пол, здравствена состојба.
Да, ама тоа игра драстично помала улога од дисциплината, вољата и навиката.
Е сега, ако читаш булшит џенерик информации од типот на јади помалку, јади почесто, јади овошје колку сакаш а си жена во менопауза, под стрес цело време и со несреден сон и недоволно вода, да, тогаш е тешка филозофија да ослабеш
И што тоа филозофирам а не сум направил?
За што сум делел совети а не сум успеал да постигнам?
Ако дискутираш, дискутирај. Не си измислувај глупости.