@Psyside Само не ја прај грешката дека тоа шо не функционирало за тебе се одразува на другите.
Пример ја боље у живот не сум се осеќал од IF + keto. Буквално со стомаков неам никаква мака, прдам еднаш у недела (шо коа јадам карбс ко леб, компир, грав енд шит ми се дешава страшен хаос у стомак), не сум летаргичен у текот на денот и не ми се приспива после оброци ко ментален, средено ми е спиењето шо цел живот ми било проблем, итн итн да не набројувам.
Он-оф сум бил неколку пати на кето по некој месец, ама летово коа се вратив од одмор (кај шо бинџав срања шо ми душа сака) сфатив едноставно дека не ми се исплати. Задоволството од храна (а невиден гурман сум + хаге, тоа е лоша комба) едноставно не ми се исплати за маката шо ми ја праи. Кето + ИФ ме средува комплетно. Некад заборавам да јадам онака, не мислам на храна не стрепам ко наркоман за храна, раат сум едноставно и сфатив дека едноставно тоа ќе ми е животот од сеа, нема шо да мењам.
Исхраната ми се состои од: сите видови месо/риба + јајца + урда + свинска маст/путер/маслиново/сончогледово/кокосово + секој можен зеленчук со акцент на зелени срања + сите јаткасти плодови. Глеам само да сум околу 100 грама протеин у ден и другото од око, околу 2000 калории (шо за мене е спор булк уствари). И се суплементирам само со мултивитамини и минерали и креатин. Сеа после 3 месеци скоро на кето (да не речам ама 100% се држам пошо коа ќе ти се свичне од темпорари диета у глава до -ова ќе го праам цел живот, едноставно све е друго) перформансот ми е вратен на исти левел ко порано на карбс што се тиче тежински тренинзи.
Коа почнав да се средуем, негде пред 5 години (ефективни 4 поради скршена клучна шо ме извади од шини) почнав со 80кг и сум можел 5 склека макс да напраам дали, пулап ми било сајнс фикшн. Сеа сум 62кг (170цм висок), околу 18% масти, пулап 3x10 со +10кг на мене, DL 5x100, бенч не сум се проверил одамна али у моментов си ја дигам килажата 10 пути сигурно, squat 5x90 итн итн.. поентава ми е дека телово приметуем дека више у трети месец ми е тотално ефикасно при горење масти као гориво. Као знам? Знам зашо коа вежбам јаден и коа вежбам а неам јадено 20 саати иам скоро ист перформанс.
Не знам како дојдовме до моменти на спроедба на weight loss vs што е поздраво али сеедно. Мојата дебата на темава не е за тоа која диета доведува до слабеење, него генерално која е за грото од луѓето најздрава, која промовира супресија на автоимуните заболувања, спречува дијабет и атеросклероза и еден тон хронични болести. Ако било кој мисли дека внес на животински протеин во големи или било какви количини може да биде поздрав од внес на зеленчук/овошје/семиња/јатки итн типот е во огромна, не мала заблуда. Значи не се збори за,
Етичко морални аспекти
Вкуосови за храна
Субјективни ставови и резултати
Confirmation bias
Стрикно зборам за тоа која диета што нуди од здравствен аспект, перфектно јасно ми е дека сите диети во кои има дисциплина, и диети кои се генерално подобри од говнариите што луѓето ги правеле претходно доведуваат до одлични резултати, кога и да изгубиш значајна количина на килажа, почнеш да вежбаш - со сигурност ќе се осеќаш далеку подобро од претходно, крвната слика ќе ти биде осетно подобра од претходно, ќе изгледаш подобро ќе бидеш задолен и што уште не, неизбежно е скоро да немаш подобрувања. Значи тоа повторно не е предмет на дискусија - ако се збори
за загуба на килограми одлично си е кето, поготово ако си на права кето диета, еден тон масти и зеленчук а минимално животински протеин.......
Ултимативно има ли поглупо нешто од тоа да рестриктираш храна заради одреден спајк на инсулин/гликоза, а воедно да не знаеш дека бобинките, цитрусите (сем помаранџата) не прават ниакаков значаен спајк на гликоза/инсулин? ако е така, која е поентата да се рестриктира храна како калинки, малини, капини, рибизли, цитрони, вишни итн? свесни се овие кето фациве што има у тие овошја?
Значи леб не, ориз бел не, компир не, пченка не, пуканки не, овес не, брашна не, (сем бадемово и кокосово а може и соино) банани не, јаболки не, мед не, урми не, суво овошје не итн - другото нема никаква поента да се рестриктира - целата идеологија на палео и кето диетите ми е смешна, бегаат од нешто што
не постои. Кето диета не спречува дијабет/резистетност на инсулин, него само го маскира, кога ќе се опуштиш 2-3 дена со carbs ќе ти стане јасно колку е саат, да видиш како летаргијата и оној замор после оброк ќе се врати. За мешањето на протеини и шеќери, и спинот дека кога ќе се измешаат доаѓа до спајкови, еве демант црно на бело, тој спајк се случува
САМО кога јаглехидратот ќе се измеша со животински протеин/маст.
И повоторно за озлогласената фруктоза, иако се постирани еве уште еднаш...
Чисто информативно, како си со столица? Не ти е страв од заболувања на дебело црево од волку месо?
Заболување на дебелото црево е неговиот најмал проблем, човекот е убеден дека месото не е штетно, и не само тоа - убеден е дека е поздраво од овошје и зеленчук - џабе ти е.
За маџунот, и се што е со поголема количина на шеќер, ако човекот е претходно воспален и под силен оксадативен стрест, он ќе реагира и на минимална количина шеќер - дури и на 1/2 лажиче мед. Така да иако за грото луѓе би бил здрав (ако пазат и се здрави) ако си предиабетичар се што е со многу гликоза (
НЕ ФРУКТОЗА) ќе ти прави проблем, на темава трврдењата дека фруктозата е проблем а не гликозата се тотален BS.
И уште нешто, извадок од видеата горе кои се правени СПОРЕД испитувања, не се ставови на нараторот!
Industrial, not fruit fructose < --- intake is associated with the severity of liver fibrosis in genotype 1 chronic hepatitis C patients.