Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Според мене најлогично би било таа група на луѓе да се бира според строго научни криериуми а не според моменалното расположение на мнозинството. На пример за секоја област имаш експерт, докажан и признат и сите тие сочинуваат комисија која има легитимитет да бира и постаува луѓе што ќе раководат со општеството.
Или наместо комисија да има гласање, со таа разлика што секој глас ќе има коефициент зависно од тоа колку стручност има од областа за која гласа. На пример ако си лекар, ќе имаш коефициент поголем за областа од здравство, ако имаш завршено економски факулет, коефициентот за економија ќе ти биде поголем.
На тој начин, гласот на тој што има знаење и стручност ќе има далеку поголема валидност од останатите. Секој би гласал за секој ресор и за секој ресор коефициентите би биле различни зависно од знаењето и стручноста. Со преработката на податоците, би се добила влада со конкретни луѓе избрани од гласови на електорат што има стручност да ги бира.
Aј не зезај.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Aј не зезај.
Не зезам, денеска имаш реалност каде единствен услов за да бираш власт ти е возраста. Според мене возраста сама по себе ниту е квалитет ниту авторитет. Систем каде авторитетите се бираат спиред научен метод е најефикасен.
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Според мене најлогично би било таа група на луѓе да се бира според строго научни криериуми а не според моменалното расположение на мнозинството. На пример за секоја област имаш експерт, докажан и признат и сите тие сочинуваат комисија која има легитимитет да бира и постаува луѓе што ќе раководат со општеството.
Или наместо комисија да има гласање, со таа разлика што секој глас ќе има коефициент зависно од тоа колку стручност има од областа за која гласа. На пример ако си лекар, ќе имаш коефициент поголем за областа од здравство, ако имаш завршено економски факулет, коефициентот за економија ќе ти биде поголем.
На тој начин, гласот на тој што има знаење и стручност ќе има далеку поголема валидност од останатите. Секој би гласал за секој ресор и за секој ресор коефициентите би биле различни зависно од знаењето и стручноста. Со преработката на податоците, би се добила влада со конкретни луѓе избрани од гласови на електорат што има стручност да ги бира.
Добра ти е идејава. :)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Со „бе“ дома на твоите, не тука :)

Јас појдувам од многу порано од римската империја и низ малку подруги канали на „историја“ која не ја учат многу по школите или форумите денес ...

Целата енергија е насочена кон филтрирање на рајата... постојано забораваш и ќе забораваш бидејќи толку можеш сега и тука - дека сите иницијанти, сите способни мажи и жени и сите „месии“ и гении доаѓаат од „простата раја“ - човештвото... Пирамидата не може да ја исечеш во основата! Затоа не ја разбирате пирамидата ниту хиерархијата и сте наплашени и убедени дека никој не може да биде над вас според способност и работливост!
Мрзливите не може да бидат на исто рамниште со оние кои го трошат својот живот во учење и напредување!

А ти може да се убедуваш дека немаш слобода, дека ништо не вреди да се создава, да се изучува, да се менуваш итн итн... бидејќи не си слободен а со тоа и немаш можност за било што. НО не треба да ги убедуваш и другите дека се неспособни како тебе... не секој го има истиот пат како твојот...

Кој муабет ми направи момчаков ... :)
Абе муабетот не беше кој колку има работено. Кој е хиерархиски на врвот од ангелите беше проблематиката. На кого вие му се молите....од што ви се раните на колената?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Абе муабетот не беше кој колку има работено. Кој е хиерархиски на врвот од ангелите беше проблематиката. На кого вие му се молите....од што ви се раните на колената?
Нема бог освен човекот, сите богови, сите демони, сите ангели се дел од нас. Хиерархијата е структурата на универзумот.
Има една кинеска поговорка која вели: ,,Наместо да ја колнеш темнината, подобро запали свеќа."
Немаме ние никакви рани на колената, не чекаме милост од некој бог што е одвоен од нас, си ги помешал работите изгледа.

Еве на кого му се ,,молиме":
2abb4afa01b2a92cb787e48c121a217d--first-principle-atman.jpg
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.327
Абе муабетот не беше кој колку има работено. Кој е хиерархиски на врвот од ангелите беше проблематиката. На кого вие му се молите....од што ви се раните на колената?
Се е до тоа кој колку работи и учи! Ако не се сложуваш со тоа, ете ти го стариот еон и таму зборувај напамет и со „вера“ во работите.

Да работеше/учеше малку подобро ќе знаеше дека за разлика од стариот еон, не очекувајте Телемит да коленичи и моли... ниту богови, ниту пак луѓе.
Забораваш упорно со кого зборуваш и се губиш низ лавиритните на различни луѓе со кои дебатираш или си дебатирал тука за сешто :)
За молење и врвови со оние од стариот еон, со погрешен човек за тоа глаголаш...

Да беше тајно барем сето тоа, да разберам да не знаеш - но од мрза или дамнешно лошо убедување да зборуваш постојано едно та исто - воопшто не разбирам :)
Ќе се повторуваме, не е проблем - велат и тоа е мајка на знаењето иако се сомневам!
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399

Да работеше/учеше малку подобро ќе знаеше дека за разлика од стариот еон, не очекувајте Телемит да коленичи и моли... ниту богови, ниту пак луѓе.
Немаме ние никакви рани на колената, не чекаме милост од некој бог што е одвоен од нас, си ги помешал работите изгледа.
[DOUBLEPOST=1509485062][/DOUBLEPOST]Друго нешто ме интересира....дали и на кој начин се користат опојни дроги и психотропни супстанции во ритуалите?
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.327
Ова е во стилот: еве овде овие клечат а ти велиш дека не клечите... ќе морам да те потсетам на твоето прашање:
На кого вие му се молите....од што ви се раните на колената?
И ти реков дека не се молиме никому и не коленичиме , тоа е старо-еонска пракса да се моли...

Ова е дел од драмските Елевзински ритуали напишани од Кроули. Штета што не се гледаат нозете од одорите и како се клекнати луѓето за да знаете нешто за таа симболика. Но ако не ве мрзи, можете да најдете објаснувања за овие ритуали низ книгите на Кроули.
Има цели книги за драмските ритуали и како се конструирани... или се конструираат ако се заморувате со тоа... иако се сомневам дека некој од вас има барем некоја бледа идеја во однос на тоа...

Не си требало да се мачиш да бараш толку аргументи во однос на клекнувањето - само требаше да прашаш соодветно за да добиеш одговор. Ќе ти наброев многу слики вакви, со објаснувања... но ти не можеш да не си лигав и полн со презир кон се што мислиш дека е непристапно за тебе...

Со подбив и со детски наум не се прашуваат вакви работи :) Ќе почекам да видам дали ќе најдеш некоја симболика по нетов во однос на клекнувањето кој што го има во некои ритуали или ќе останеме на тоа пирамиди, врвови, кој владее со светот и останати секташки размисли... нормално, заедно со идејата дека некој се моли.
Заборави на молењето. Денес или со авторитет или ќе го јадеш ќотекот и ќе паднеш најниско што може.

Јас во ниту еден ритуал од Класа D не сум користел психотропни супстанции кои би влијаеле на мојот ум.
Го делам мислењето на Кроули во врска со дрогите.

Ти, какви дроги користиш при гледањето во сонцето кога изгрева? Со што добиваш инспирација дека си вреден да живееш и да имаш размисла дека си на врвот? Сигурно не е дишењето...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

[DOUBLEPOST=1509485062][/DOUBLEPOST]Друго нешто ме интересира....дали и на кој начин се користат опојни дроги и психотропни супстанции во ритуалите?
Не се користат никакви дроги ниту опојни супстанци во ритуалите, тие се само драмска изведба која има длабоко симболично значење, суштината ти ја кажав погоре. Се друго се злонамерни глупости со кои се создаваат бабароги за возрасни.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Нема бог освен човекот, сите богови, сите демони, сите ангели се дел од нас. Хиерархијата е структурата на универзумот.
Има една кинеска поговорка која вели: ,,Наместо да ја колнеш темнината, подобро запали свеќа."
Немаме ние никакви рани на колената, не чекаме милост од некој бог што е одвоен од нас, си ги помешал работите изгледа.

Еве на кого му се ,,молиме":
Прегледај го приврзокот 179590
Ова доаѓа нешто како еготеизам?

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Незнам што е ,,еготеизам" јас во тоа гледам пантеизам, некој друг може да види нешто друго, се си бива.
Еготеизам е обожување на себе си. Сам на себе бог (ego лат.- јас; theos грч.- бог). Тоа што го кажа и ти, нема бог освен човекот.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.327
Еготеизам е обожување на себе си. Сам на себе бог (ego лат.- јас; theos грч.- бог). Тоа што го кажа и ти, нема бог освен човекот.
Sent from my SM-G318H using Tapatalk

There is no god but man дадено во Liber Oz за тебе значи кованицата еготеизам?
Ајде Разгледај ни ја философијата на Телема подобро, мислам дека можеш подобро...
Не можеш сам на себе да си бидеш било што ...

п.с. Егото во психологијата е препрека заради комплекси и искривена слика која ја дава на умот како алатка. Со егото се работи, се кали и вишокот се отфрла, во еден момент доаѓа друг процес...
Кој ве научи егото да го мразите и да имате негативен став кон истото?
Сите ве прашувам... Њу ејџ бладањата на Ошо, Гурџиев и остали? Православните философи? Кој?
 
Јас нигде не реков дека го мразам егото, ниту дека имам негативен став кон тоа. Ниту пак се однесуваше на телемата моето прашање.

За мене еготеизам претставува осврнување кон себе, не кон некоја виша сила. Бог, не во смисла бесмртно суштество туку да бидеш сам подршка на себе. Самиот да работиш на она што сакаш да го добиеш во животот, наместо да очекуваш од некој натприроден ентитет дека ќе спушти нешто од небо.
Ме интересираше само дали на ист начин го разбираме овој поим, еготеизам.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.327
Еготеизмот е глупост!

Твоето прашање се однесуваше за дел од Телемитска книга, но бидејќи не знаеше, затоа мислеше дека не се однесува прашањето за Телема и целата таа философија...

Тоа што велиш дека „за тебе ова или она значи тоа и тоа“ паѓа во вода бидејќи напиша:
„Еготеизам е обожување на себе си. Сам на себе бог (ego лат.- јас; theos грч.- бог). Тоа што го кажа и ти, нема бог освен човекот.“

Тоа не го кажа @Ipsissimus (обожување на себе си) и сигурно не го мислеше ова од погоре како што ти ги разбираш работите - но ти му го додаде тоа „твое разбирање“ и го израмни со твоето „како ти разбираш“.
За да го разбереш, мора да читаш Телема и да се запознаеш со основните концепти...

Затоа морав да додадам и да те потпрашам во врска со его и останато...

Мислам дека никој никаде не го гледа концептот на бог, божественост итн како „бесмртно суштество“... добро изградено его е дел од божественото и е божество само по себе... ја знаете онаа „храмот мора добро да биде уреден ако сакате во него да се всели бог“, но тоа се работи кои нема смисла да ги дискутираме вака, по форуми - премногу подпрашања излегуваат и патот станува премногу долг, залудно долг.

P.S.
Еготеизам е глупост од збор и идеја. Кај ги наоѓате овие кованици, не знам...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom