На само едно црево пишува PTT, и тоа најтенкото, што значи дека повеќе од очигледно е дека низ тоа тенко црево ќе поминува бакарен кабел, што вообичаено се применува при преработка на бакарен телекомуникациски приклучок - доколку имало некакво оштетување на постоечки бакарен телекомуникациски кабел, или освен ако е изграден нов објект во близина на училиштето, па инвеститорот побарал објектот да биде поврзан и со бакарната и со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Неотел не купуваат Интернет од Македонски Телеком, туку преку бакарната и преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком нудат сопствени телекомуникациски услуги, што е олеснато благодарејќи на фактот дека сите телекомуникациски услуги кои ги нудат Македонски Телеком и Неотел функционираат исклучиво преку ADSL или VDSL рутер, кој телекомуникацискиот оператор ти го дава на користење. Македонски Телеком единствено наплаќа за користење на неговата телекомуникациска мрежа, не продава никаков Интернет на Неотел. Поранешен Оне, односно денешен Вип, исто така нуди ADSL Интернет преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во реоните во кои сеуште не е достапна неговата кабелска мрежа. Но секако дека кога ќе им се пружи можност, Неотел ќе инвестираат и во сопствена телекомуникациска мрежа за да не бидат целосно зависни од телекомуникациската мрежа на Македонски Телеком.
Очигледно кај тебе во Аеродром, Неотел инвестираат во сопствена оптичка телекомуникациска мрежа заедно со Вип и Телекабел, исто како и во Влае, што е многу поисплатливо за нив, бидејќи поевтино е 2 или повеќе компании да плаќаат за раскопување на улиците и пуштање на цревата за оптичките кабли, отколку една компанија самостојно да го превзема целиот финансиски товар.
Навистина си за зачудување дете, се зачлени пред 2 месеца на форумов за да прашаш кога твојата зграда ќе биде поврзана со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, за сега да испадне дека зградата веќе е поврзана, но од некоја непозната причина во Македонски Телеком ти негирале дека постои техничка можност. Толку не ти текнало да прошеташ низ сопствената зграда за да видиш дали има сандачиња од Македонски Телеком ?
Можеби пред 7 месеци не била направена внатрешната оптичка инсталација во твојата зграда, па затоа сте добиле известување дека нема техничка можност, најдобро би било да појдете повторно до салонот и да поднесете ново барање за миграција од бакарната кон оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Но наспроти тоа што ти го вели @
Име И Презиме, сепак треба да појдеш до одделението за технички услуги за корисници на Македонски Телеком во реон Лисиче, и да го бараш раководителот или заменикот на раководителот на одделението, за да добиеш информација од прва рака. Раководителот и неговиот заменик не можат да те за_бат како што тоа го можат монтерите и техничарите.
Не е тоа малку несериозно од страна на Македонски Телеком за една од најнаселените и најурбанизираните населби во централното градско подрачје на Скопје - да пуштаат оптички кабли и да прават внатрешна оптичка инсталација во станбена зграда, а притоа да не пуштаат доволно оптички влакна за сите станари ?
Ако немаат слободно оптичко влакно во станбена зграда висока до 10 ката, како ли ќе се снаоѓаат во 42 катните висококатници кои се градат кај средното хемиско училиште ?
Знам дека Ериксон ја игра главната улога кај оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, но сепак 7 месеци влечкање кај зграда која веќе е поврзана со оптичката телекомуникацика мрежа е значително несериозна пракса.