Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Апсолутно не треба да биде проблем религијата,верата или било која друга разлика. Од срце му посакувам на членот погоре со девојката од Сирија да ако има љубов меѓу нив да се бори за истата, па и да си ја земе за сопруга. Зашто да не.

Сум одел и јас со албанка и си се сакавме еден со друг. Имавме пречки, но и тогаш бевме премногу млади за зимање и на крај си се разделивме. Секој по својот пат
Не сум во интимна врска, туку работев со неа. Се дружевме и бев интригиран баш за таквите што мислиме дека ни се последна цел или воопшто не ни се - какви луѓе се. Сакам да кажам дека е прекрасна личност, полна со разбирање, сочувство, забавна...во тој контекст ми е дискусијата, а ме испровоцира постот на Берик, ама се разбираме ние.
 
Последно уредено:

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Па нема ништо лошо во тоа да се запознаеш уште подобро со неа. Со текот на времето ќе дојдете и до дискусија зошто се облекува "замотано" и што точно ја врзува за таа религија, како она ја разбира. Можеш да ја прашаш и што ѝ е тука интересно во Македонија конкретно, надвор од работата, каде се гледа во иднина итн. Треба да пазиш да не испадне конзервативна и покрај здраворазумноста.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
@Joe Dalton сакав вчера да ти одговорам и ми излезе некоја работа. Постот ти е ептен на место.
Сфаќањето не е прогресивно, туку е природно. Ти се плашиш дека ако дома донесеш жена од друга раса, вера или националност, ќе те исмева средината, нема да ја прифати твоето семејство, чудно ќе ја гледаат комшиите...тоа е ненормалното. А ако таа се грижи за тебе, ужива со тебе, жали и сочувствува со тебе - тоа е небитно? Ти нема да живееш и да правиш семејство со комшиите, туку со личноста која ти си ја одбрал. Тоа е меѓудругото резултат на тоа што сите ние знаеме како треба да праат другите, а за себе ни е страв и да признаеме работи.
Ти го критикуваш исламот и комплетно си во право, ама и ние не сме цвеќиња за мирисање. Во Југославија на големо се склучуваа бракови меѓу сите народи внатре во државата и тоа ако ме прашаш мене беше супер работа, а не го праеа тоа никакви "прогресивни" луѓе, тоа и по селата го имаше, затоа што национализмот и верата беа тргнати на страна. Хаосот настана со нивно враќање на сцена, за жал.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
@Almeida едно 2-3 страни назад има дискусија меѓу @Nemanjici и неколку членови кои имаа конкретни прашања а една запалена форумџика и желба да ја исправи крива Дрина.
Прашањата не се сведуваат само на: Би ли вие ? Ние би ама има многу ама. И покрај тоа што светот е едно глобално село , миксањето не е лесна задача. Имам колега што е оженет со иранка и мојата сопруга не е македонка.Можам да ти кажам дека може да се живее ама си има специфики врската од таков вид.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Од еволутивен аспект многу добро и позитивно е да имаш потомство со некој поразличен од далечен крај.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
@Joe Dalton сакав вчера да ти одговорам и ми излезе некоја работа. Постот ти е ептен на место.
Сфаќањето не е прогресивно, туку е природно. Ти се плашиш дека ако дома донесеш жена од друга раса, вера или националност, ќе те исмева средината, нема да ја прифати твоето семејство, чудно ќе ја гледаат комшиите...тоа е ненормалното. А ако таа се грижи за тебе, ужива со тебе, жали и сочувствува со тебе - тоа е небитно? Ти нема да живееш и да правиш семејство со комшиите, туку со личноста која ти си ја одбрал. Тоа е меѓудругото резултат на тоа што сите ние знаеме како треба да праат другите, а за себе ни е страв и да признаеме работи.
Ти го критикуваш исламот и комплетно си во право, ама и ние не сме цвеќиња за мирисање. Во Југославија на големо се склучуваа бракови меѓу сите народи внатре во државата и тоа ако ме прашаш мене беше супер работа, а не го праеа тоа никакви "прогресивни" луѓе, тоа и по селата го имаше, затоа што национализмот и верата беа тргнати на страна. Хаосот настана со нивно враќање на сцена, за жал.
Моето излагање беше повеќе како теоретско, пробав да дадам осврт на тоа како стојат работите сега, иако моето гледиште на оваа тематика не се разликува многу од напишаното.

Кога велам "прогресивно" пробувам да ставам акцент и јасна дистинкција помеѓу исламското учење и личните ставови. Ниту едното ниту пак другото спаѓа под поимот природно. Сфаќањата се обликуваат низ животот, не се раѓаме со нив туку ги стекнуваме. Какви светогледи ќе имаме зависи во голема мера од нас, но' уште повеќе од средината во која што живееме. Исламот, за разлика од Христијанството во многу поголема мера го обликува животот и сфаќањата на припадниците на оваа религија. Верувам дека на многумина ни е познато дека во голем број муслимански земји религијата не е одделена дури ни од државата. Се практикуваат некои закони кои важеле пред илјада години, правата на жените се сведени на минимум. Тие се единствено машини за репродукција и тука завршува нивната улога.
Е сега замисли какви сваќања и светогледи ќе има една индивидуа растена во такво опшество и во колкава мера ќе и биде дозволено да формира свои гледишта и ставови, да ја гради сопствената личност.
Јас лично не можам да замислам живот со таква индивидуа. Не дека се сметам за некој голем прогресивец или пак некој што слепо упива се што му се сервира, но' сметам дека сум доволно едуциран да направам разлика, да формирам сопствени ставови базирани на информациите со кои располагам. Јас не се потпирам на религиозни учења, јас ги почитувам, меѓутоа јас сум оној кој ја прави разликата. Јас избирам во што ќе верувам. Јас не велам дека религијата е лоша појава сама по себе, јас тврдам дека погрешно се толкува и делови од нејзиното учење се сфаќаат буквално и тука настанува целиот проблем. Во исламот е ускратено правото на избор. Не постои граница помеѓу секојдневното живеење и религијата. Правилата кои важеле пред илјада-две илјади години не можат да важат и сега.
Јас не можам да живеам со личност која поседува такви сфаќања, која е управувана од традициите и обичаите, личност која не е способна да оформи сопствен став и да повлече линија измеѓу сопствените убедувања и она што го налага нејзината верска припадност.
Христијанскиот свет е тука каде што е бидејќи успеа да ја оддели религијата од секојдневното живеење и носењето на одлуките, од законодавството и образованието, од секој сегмент на живеењето. Ти имаш право да веруваш и да си религиозен но немаш никакво право твоите убедувања да ми ги пикаш под нос. Тоа е главната разлика. Муслиманските земји и нивната култура и учење се' сеуште заглавени во среден век.
Јас мразам да генерализирам но едно 90% од муслиманскиот свет е заглавен во среден век без никакви изгледи за прогрес. Арапската култура му ги даде на човештвото едни од најголемите пронајдоци во медицината, математиката и градежништвото се до моментот кога се појавил исламот и неговото учење. Од тогаш па наваму работите се тргнати downhill.
Ти, девојката која си ја сретнал веројатно спаѓа во тие 10% кои се премалку да направат било каква разлика од генералното мислење кое владее за исламската култура. Затоа реков дека таа веројатно има некои прогресивни сфаќања, барем од она што можев да го заклучам од твоето излагање. Тоа сигурно не дошло природно, туку е резултат на средината во која била растена и образованието со кое се стекнала.
Затоа велам дека религиозната припадност, расата не треба во ниту еден случај да ја дефинираат личноста и нејзините сфаќања. Тоа не треба никој, во ниту еден случај да го дозволи. Ете тогаш мене не ми претставува никаков проблем да бидам со таква личност.
Во муслиманскот свет таквите личности се ретки па од таму сум и скептик за ваквите врски. Скептик сум и дека човекот во глобала е дојден до тој стадиум на развој. Ми смета што сето ова е некако усилено, што е практика единствено во Западната култура. Што се користат мас медиумите за да се промовираат ваквите врски, што се пери мозокот на младината, што се прави обид на ваков начин да се обезличи системот на национални држави. Се прави обид за создавања на една глупава безлична маса без свој став, без свое јас, без чувство за припадност.
Една од предностите кај муслиманскиот свет е што овие работи таму ги нема. Оди речи му на рандом албанец да се откаже од идејата за Голема Албанија. Или пак промовирај меѓурасни и меѓуетнички врски во Саудиска Арабија.
Моментот кога во овие држави, кога кај овие националности меѓурасните и меѓуетничките врски ќе станат пракса. Моментот кога жената ќе добие право да одлучува сама за себе, тогаш сериозно ќе размислам за целиот овој концепт. Дотогаш ќе стојам на овој став.

Југославија се угуши баш од овие работи. Беше вештачка творевина која звучеше добро исто како целиот овој концепт на расна, верска и меѓуетничка толеранција меѓутоа за кратко време. Заврши така како што заврши, неславно. Земајќи ги во предвид актуелниве случувања низ светов а претежно низ Европа, јакнењето на десно ориентираните националистички партии, сепарастичките движења...се чини оти и овој концепт за кој говориме на оваа тема му се ближи крајот.
Степенот на еволутивен развој на човекот се чини оти се уште не го достигнал потребното ниво за да разбере и прифати такви напредни идеи каква што беше Југославија.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Од еволутивен аспект многу добро и позитивно е да имаш потомство со некој поразличен од далечен крај.
За кого е добро? За врстата, за поединецот, за следното поколение?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
За врстата, за децата итн
Tоа не е одговор. Објасни ми како е од "еволутивен аспект" подобро за децата да бидат од различни родители. Ќе бидат попаметни, поубави, посилни, поприфатени?
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Tоа не е одговор. Објасни ми како е од "еволутивен аспект" подобро за децата да бидат од различни родители. Ќе бидат попаметни, поубави, посилни, поприфатени?
Па за кого е подобро, праша ти кажав.
Зошто/како е подобро - е друго прашање.

Поразлични родители ставаат поголем спектар на различни гени на располагање на децата. Кога изборот ти е поголем имаш повеќе шанси да избереш подобро.
Во спротивен екстрем потомство од блиски роднини е секогаш лошо, поради истиот принцип.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Па за кого е подобро, праша ти кажав.
Зошто/како е подобро - е друго прашање.

Поразлични родители ставаат поголем спектар на различни гени на располагање на децата. Кога изборот ти е поголем имаш повеќе шанси да избереш подобро.
Во спротивен екстрем потомство од блиски роднини е секогаш лошо, поради истиот принцип.
Ова е тотална фушарија. Врска нема со реалноста. Ова е како мали Џокица го замислува вкрстувањето.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Ова е тотална фушарија. Врска нема со реалноста. Ова е како мали Џокица го замислува вкрстувањето.
Изнапраша се што не знае па тресна дека врска немало хахаха. Да бидам искрен очекував.

Исто како што очекувам да немаш појма ништо повеќе да кажеш на тема освен "нема врска".

Али еве може грешам: повели објасни зошто не било така, и зошто еве не е добро потомство од блиски роднини?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom