@Joe Dalton сакав вчера да ти одговорам и ми излезе некоја работа. Постот ти е ептен на место.
Сфаќањето не е прогресивно, туку е природно. Ти се плашиш дека ако дома донесеш жена од друга раса, вера или националност, ќе те исмева средината, нема да ја прифати твоето семејство, чудно ќе ја гледаат комшиите...тоа е ненормалното. А ако таа се грижи за тебе, ужива со тебе, жали и сочувствува со тебе - тоа е небитно? Ти нема да живееш и да правиш семејство со комшиите, туку со личноста која ти си ја одбрал. Тоа е меѓудругото резултат на тоа што сите ние знаеме како треба да праат другите, а за себе ни е страв и да признаеме работи.
Ти го критикуваш исламот и комплетно си во право, ама и ние не сме цвеќиња за мирисање. Во Југославија на големо се склучуваа бракови меѓу сите народи внатре во државата и тоа ако ме прашаш мене беше супер работа, а не го праеа тоа никакви "прогресивни" луѓе, тоа и по селата го имаше, затоа што национализмот и верата беа тргнати на страна. Хаосот настана со нивно враќање на сцена, за жал.
Моето излагање беше повеќе како теоретско, пробав да дадам осврт на тоа како стојат работите сега, иако моето гледиште на оваа тематика не се разликува многу од напишаното.
Кога велам "прогресивно" пробувам да ставам акцент и јасна дистинкција помеѓу исламското учење и личните ставови. Ниту едното ниту пак другото спаѓа под поимот природно. Сфаќањата се обликуваат низ животот, не се раѓаме со нив туку ги стекнуваме. Какви светогледи ќе имаме зависи во голема мера од нас, но' уште повеќе од средината во која што живееме. Исламот, за разлика од Христијанството во многу поголема мера го обликува животот и сфаќањата на припадниците на оваа религија. Верувам дека на многумина ни е познато дека во голем број муслимански земји религијата не е одделена дури ни од државата. Се практикуваат некои закони кои важеле пред илјада години, правата на жените се сведени на минимум. Тие се единствено машини за репродукција и тука завршува нивната улога.
Е сега замисли какви сваќања и светогледи ќе има една индивидуа растена во такво опшество и во колкава мера ќе и биде дозволено да формира свои гледишта и ставови, да ја гради сопствената личност.
Јас лично не можам да замислам живот со таква индивидуа. Не дека се сметам за некој голем прогресивец или пак некој што слепо упива се што му се сервира, но' сметам дека сум доволно едуциран да направам разлика, да формирам сопствени ставови базирани на информациите со кои располагам. Јас не се потпирам на религиозни учења, јас ги почитувам, меѓутоа јас сум оној кој ја прави разликата. Јас избирам во што ќе верувам. Јас не велам дека религијата е лоша појава сама по себе, јас тврдам дека погрешно се толкува и делови од нејзиното учење се сфаќаат буквално и тука настанува целиот проблем. Во исламот е ускратено правото на избор. Не постои граница помеѓу секојдневното живеење и религијата. Правилата кои важеле пред илјада-две илјади години не можат да важат и сега.
Јас не можам да живеам со личност која поседува такви сфаќања, која е управувана од традициите и обичаите, личност која не е способна да оформи сопствен став и да повлече линија измеѓу сопствените убедувања и она што го налага нејзината верска припадност.
Христијанскиот свет е тука каде што е бидејќи успеа да ја оддели религијата од секојдневното живеење и носењето на одлуките, од законодавството и образованието, од секој сегмент на живеењето. Ти имаш право да веруваш и да си религиозен но немаш никакво право твоите убедувања да ми ги пикаш под нос. Тоа е главната разлика. Муслиманските земји и нивната култура и учење се' сеуште заглавени во среден век.
Јас мразам да генерализирам но едно 90% од муслиманскиот свет е заглавен во среден век без никакви изгледи за прогрес. Арапската култура му ги даде на човештвото едни од најголемите пронајдоци во медицината, математиката и градежништвото се до моментот кога се појавил исламот и неговото учење. Од тогаш па наваму работите се тргнати downhill.
Ти, девојката која си ја сретнал веројатно спаѓа во тие 10% кои се премалку да направат било каква разлика од генералното мислење кое владее за исламската култура. Затоа реков дека таа веројатно има некои прогресивни сфаќања, барем од она што можев да го заклучам од твоето излагање. Тоа сигурно не дошло природно, туку е резултат на средината во која била растена и образованието со кое се стекнала.
Затоа велам дека религиозната припадност, расата не треба во ниту еден случај да ја дефинираат личноста и нејзините сфаќања. Тоа не треба никој, во ниту еден случај да го дозволи. Ете тогаш мене не ми претставува никаков проблем да бидам со таква личност.
Во муслиманскот свет таквите личности се ретки па од таму сум и скептик за ваквите врски. Скептик сум и дека човекот во глобала е дојден до тој стадиум на развој. Ми смета што сето ова е некако усилено, што е практика единствено во Западната култура. Што се користат мас медиумите за да се промовираат ваквите врски, што се пери мозокот на младината, што се прави обид на ваков начин да се обезличи системот на национални држави. Се прави обид за создавања на една глупава безлична маса без свој став, без свое јас, без чувство за припадност.
Една од предностите кај муслиманскиот свет е што овие работи таму ги нема. Оди речи му на рандом албанец да се откаже од идејата за Голема Албанија. Или пак промовирај меѓурасни и меѓуетнички врски во Саудиска Арабија.
Моментот кога во овие држави, кога кај овие националности меѓурасните и меѓуетничките врски ќе станат пракса. Моментот кога жената ќе добие право да одлучува сама за себе, тогаш сериозно ќе размислам за целиот овој концепт. Дотогаш ќе стојам на овој став.
Југославија се угуши баш од овие работи. Беше вештачка творевина која звучеше добро исто како целиот овој концепт на расна, верска и меѓуетничка толеранција меѓутоа за кратко време. Заврши така како што заврши, неславно. Земајќи ги во предвид актуелниве случувања низ светов а претежно низ Европа, јакнењето на десно ориентираните националистички партии, сепарастичките движења...се чини оти и овој концепт за кој говориме на оваа тема му се ближи крајот.
Степенот на еволутивен развој на човекот се чини оти се уште не го достигнал потребното ниво за да разбере и прифати такви напредни идеи каква што беше Југославија.