првпат имав екстрасистолис далечната 64, некој систематски преглед пред запишување во средно школо, не се сеќавам сега точно како беше, докторката ми кажа не смееш да работиш на висина, никако во средно градежно...
Некако кај мене беше поврзан со Вагус,желудец и зголемено лачење од желудецот, посебно при проимена на времето; некаде 73 како студент имав јаки киселини ништо живо не ги сопираше и поискусен доктор ми кажа Неуровегетативна дистонија и ми препише 3 месеци по 1 тбл навечер Необеласецал ( на Лек Љубљана), комбинција од Атропа Беладона и додатоци... тој ми ја сопре киселината а и помогна за екстрасистолисот.
После го снема лекот, а повторно го открив истиот лек дури 2000-та, од Блгарија,
Белергамин и од тогаш го земав непрекинато по 1 тбл навечер (детско - бебешка доза). Но пред неполни 2 години и Блгарија го укина, сега има само Тајланд и Канада но тешко за континуирано купување.
Има некој замени Беладона, хомеопатски, но ем се многу поскапи а и послаби се дозите, така во споредба со овој горе лек може и 8х се поскапи, веројатно францускиот производител на хомеопатски лекови кој влезе во Блгарија испозабрани доста од старите класични лекови..
Инаку за екстрасистолис церојатно помагаат и добри седативи ( го фалат Мелатонин/Валериана), одмарање и редовна умерена активност...)
Откако прекинав со беладоната во почеток неколку пати имав боцкања кога малку форсирав ( аматерско нуркање), но мислам дека се се стабилизира и немам веќе проблеми, освен ако има голема промена на барометарот и ми падне многу притисокот...