Тиранија бре...

збориш ко да земале пушки во раце и оделе по шумине да војуваат со Шпанците. Луѓето организирале референдум, а политичарите во Мадрид ако сакале да го спречат тој настан си требало навреме да реагираат кај Пучдемон...а не да чекаат 5 до 12 па праќај жандармеријата да тепа луѓе. И патем кога цело време викаш дека немале над 50% излезност на гласањето,
МОРАШ да спомнеш дека тој ден беа крадени гласачки кутии, беа затварани објекти, беше малтретирано населението.
Друго викаш Европа мора да се стреми да држи чекор со Кина, Русија и САД, и дека времето на стотици градови-држави завршило.... Не напротив тоа допрва почнува, да беше Европа паметна се ќе завршеше со распадот на Југославија, Чехословачка и СССР. Тука имавме еден "мирен" период од 15на години кадешто никој не се делеше... Али по наредба на некои други тогаш се деси Косово, и се отвори пандорината кутија. Чим можеше Косово, зошто да не може и Крим, Донбас, Шкотска, Каталонија?
И сеа као демек Европа да држела чекор... па нормално дека нема да држи. Кажи ми САД ги штитат интересите на своите граѓани? Ги штитат.... Русија ги штити своите интереси на населението? Да... Кина истотака. Кажи ми што прави Европа? Прима милион и кусур мигранти за помалце од година дена во Германија и Франција и бара
сосила да се распоредат во другите држави членки кои не ги сакаат кај нив. И потоа се чудиме зошто се деси Брегзит, зошто десничарските партии се во подем, и зошто се дешаваат Косово, Крим, Донбас, Каталонија.
Абе дај ти се молам, да држела чекор со останатите... Европа ко прво нека се ослободи од влианието на САД, нека не бидат нивни вазали, потоа ќе правиме муабет за држење чекор со Русија и Кина.
А да тука си во право кога велиш дека ова им одговара на Русија, Кина и САД, си тераат сеир врз ова што се случува во Каталонија. А јас имам само една желба, да му ја видам фацата на гомноно Солана кој беше меѓу првите што го призна Косово... ај сега нека ја признае Каталонија ѓубре едно.