Заев ги разочара албанците во рекордно брзо време, он би требало да знае дека албанците што гласаа за него на парламентарни, само за да го срушат режимот дпмне-дуи, а не за да Сдсм ги воскресне Дуи.
И Мухамед Зекири побегна во Сдсм, за да се спаси од ДУИ, кои му се закануваа.
Кога Зијадин Села и Беса излегоа на протести заедно со Заев ... Овие од ДУИ ги обвинуваа дека сториле предавство, дека ги споиле знамињата и што уште не.
Заев велеше дека ДПМНЕ и ДУИ ги спојува криминалот.
Секој Македонец и албанец знае што правеа ДПМНЕ и ДУИ во последните 10 години, знаеме колку овие две партии ги скараа граѓаните по разни основи, секоја божја година нешто им текнуваше да ни режираат.
Некој можеби заборавил, само неколку месеци пред парламентарните избори во 2016, на дпмне и дуи им текна, едните поставија споменик на УЧК на граница со општина Бутел, а другите поставија темел за 55 метарски крст ... И ни приредија уште едно сценарио, којзнае кое по ред, цело раководство на Дуи, тргна во поход, за да ги срушат темелите на крстот (договорени).
На прв ред беа, сега омилените на Заев :
-Талат Џафери
-Артан Груби
-Садула Дураку сега министер
-Рамиз Мерки министер и кандидат за Струга подржан од Заев
-Блерим Беџети подржан од Заев за Сарај
И сите останати кои сеуште се активни во ДУИ.
ДУИ кај Албанците беа партија во згаснување, но Заев ги воскреснува, им дава крилја.
Албанците многу јасно избраа промени, појасно и од Македонците.
Од 240.000 Албанци колку излегоа во 2016 да гласаат само 86.000 гласаа за ДУИ.
Од тие 86.000 ви гарантирам дека голем број се изнудени гласови, луѓе на кои им зависи егзистенцијата, мораат да соберат одреден број на гласови, другите кои го продале гласот итн.
Блерим Беџети за кого слушнавме дека местел судии со Дпмне, (а којзнае уште што ние не сме слушнале, но Заев слушнал), сега Заев лобира за истиот тој Блерим за да добие во Сарај.
Зијадин Села којшто најмногу плати за подршката кон Заев и борбата против Груевски, не бил подобар од Рамиз Мерко, на кого Заев сега му дава поддршка, а знаеме дека Мерко стана милионер во времето на Дпмне-дуи.
Артан Груби на 27 април е снимен како пријателски со смеење се поздравува со синот на Мијалков и без влакно да му фали од пресадена коса, ја напушта салата сред толкава група насилници, во време кога Заев и Села се борат за живот.
И Невзад Бејта според Заев е подобар кандидат од Таравари, за кого како министер имаше највисок рејтинг во неговата влада.
Луѓето кои од почеток му изразија поддршка на Заев, беа со него на протестите, му дадоа потписи без двоумење ... сега биваат казнети токму од Заев, срамота и разочарување.