Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
После работа отидов на базен да го видам другарче од порано, отворил школо за пливање за мали деца. Во рок од 20 минути, пет пати дојдоа заинтересирани родители за децата нивни и сите со едно исто прашање - Дали е водата ладна? :icon_lol:

Тоа зборевме после цело време, ај што е сега водата едно 15 степена (не претерувам) потопла од пред 15-20 години, потопла е ама како прво ниеден од нашите кога не запишуваа не праша тренер за такво нешто а како второ, кај смеевме да се пожалиме на тренер дека е ладна, сместа во секундата ти уште не си кажал ла.. слушаш папуча упатена од Џајо (фискултурно кој бил, го знае) како го сече воздухот, ти се упатува накај главата и во мрак си добри 10 минути потоа :icon_lol:

До толку бевме исчеличени што во Ниш на еден митинг само ние од Македонија се жалевме дека водата е претопла, цели 26 степени колку што и треба да е по правило и да го исклучат греењето, мислеа се спрдаме :pos: Жими се, се чувствував како во бојлер да пливам.

не дека состојбата тогаш беше сјајна и тренирање во санти мраз е позитивно ама со ваков пристап дете не се челичи, а кивне, ќе си го чуваш на антибиотици цел живот.
 
Е ова!!! Штета што и дел од моите познати (посебно машките) се понашаат ко мали дечиња и на најмала кашлица одма се замотуваат ко да е -20, не пијат газирано, одма антибиотици ко да нема утре. Све тоа е последица на тоа што ко мали цело време им викале не седи на цименто и облечи се ќе настинеш, а тоа +25 надвор. Не е во ред ни да умираш надвор да се челичиш но се си има умереност. Не може на 15 степени ти да носиш зимска јакна и зимска капа за да не настинеш, ја да шетам по кратки и ништо да не ми биде :)
 
@Near лошо ви ја извеле канализацијата, кога бев мал знам дека дома кај мене ја преправаа со двојно колено или не знам како беше, прашајте по мајсторите има мунасип за да не може да излегуваат, има доста работа и раскопување, али сигурно нема да може да ви помине такво чудо, прашај по продавниците можеби сега има и поедноставни решенија :) Апла гнасни и опасни створења се стаорците, зарази колку сакаш, а знаат и да нападнат ако се видат во тесно :uzi:
 
Знам бацко,подрумот порано фул беше,па му ставија нешто отров,ги немаше,ама еве се враќаат сеа..немој да почнат да мутираат само,Сплинтер од Нинџа Желки да ми излезе од канализација у пм :pos:
 
@Near лошо ви ја извеле канализацијата, кога бев мал знам дека дома кај мене ја преправаа со двојно колено или не знам како беше, прашајте по мајсторите има мунасип за да не може да излегуваат, има доста работа и раскопување, али сигурно нема да може да ви помине такво чудо, прашај по продавниците можеби сега има и поедноставни решенија :) Апла гнасни и опасни створења се стаорците, зарази колку сакаш, а знаат и да нападнат ако се видат во тесно :uzi:
Или нека вдоми мачка. Поедноставно решение, здравје. :D
 
@Near пичка од еден стаорец свеста ти се зеде. Јас шо да речам оломнани ова време( мислам дека и пишав тука ) си излегвам онака да мочам од кола, време пред стемнување шо би рекле и дење ни ноќе. Си се мочам и си уживам во тоа вукојебина од природа покрај патот и со крајниот дел од видното поле гледам море повеќе осеќам дека нешто ме гледа . Тоа е она во малиот мозок кога сме биле некаде долу на синџирот на исхрана па инстиктивно се уклучуваат сите можни сетила, адреналини и којзнае уште што. Се вртам ко ќе видам волк така колку помало магаре на едно 15 метри од мене. И тој ме гледа мене. Работата ни ваму ни таму. Си се гледавме така цела вечност( според мене барем) , најверојатно неколку секунди и јас баталив и мочање и се, трк до кола. Не се ни поздравивме. Реалноста е дека или и него му се зеде свеста од мене или имаше вечерано оти да сакаше ке ме стигнеше па макар и да куцал на две нозе пошто јас знајш онака опуштен како за на мочање во природа, а и колата беше скоро на исто растојание. Ме фаќаше во спринт па макар и овој јамаканецот да бев Болт.
 
Не сипматични се вака кога ги гледаш на телевизија или во золошка, како некоја сорта на куче. Ама кога ќе се видиш очи во очи а нема ограда помеѓу тебе чувството и не е баш :love:. Ко ќе речи некој мочта ми се зеде . Е тоа е тоа точен опис на ситуацијата.
Еве @Agda Beata стави се во ситуацијата на чупето само да нема стакло помеѓу тебе и него. Инаку да и тигрите се.. :love:
 
Мразам луѓе што собираат Т-мобајл поени у Тинекс и мразам дебели деца со тркалезна глава, а најмногу мразам коа ќе видам две вакви сподоби заедно, родител шо замара со тоа телефонот на каса и некое грдо дебело детиште со него.
И не, не се сите деца убави.
 
@Near пичка од еден стаорец свеста ти се зеде. Јас шо да речам оломнани ова време( мислам дека и пишав тука ) си излегвам онака да мочам од кола, време пред стемнување шо би рекле и дење ни ноќе. Си се мочам и си уживам во тоа вукојебина од природа покрај патот и со крајниот дел од видното поле гледам море повеќе осеќам дека нешто ме гледа . Тоа е она во малиот мозок кога сме биле некаде долу на синџирот на исхрана па инстиктивно се уклучуваат сите можни сетила, адреналини и којзнае уште што. Се вртам ко ќе видам волк така колку помало магаре на едно 15 метри од мене. И тој ме гледа мене. Работата ни ваму ни таму. Си се гледавме така цела вечност( според мене барем) , најверојатно неколку секунди и јас баталив и мочање и се, трк до кола. Не се ни поздравивме. Реалноста е дека или и него му се зеде свеста од мене или имаше вечерано оти да сакаше ке ме стигнеше па макар и да куцал на две нозе пошто јас знајш онака опуштен како за на мочање во природа, а и колата беше скоро на исто растојание. Ме фаќаше во спринт па макар и овој јамаканецот да бев Болт.
То е бајо мој,неаме сите античка ВМРО крв у нас па да не чува од се :icon_lol: Брат,океј е сето,ама на 4-ти спрат у зграда да имаш стаорец...онака,на листа на ствари шо би можел да ги видам у вц-то сигурно меѓу последните е стаорец :D
 
Драга, а бе не дека ти е гајле, ама си го најдов шеќерчето тогаш што го загледав кај тоа девојчето во читална пред некој месец. Хеееее. :D:D:icon_mrgr: Да видиш што е лично, шарено, хаааа. :icon_mrgr:

Шо сум изгубена па јас, тоа чудо едно. :toe: Гарант знаеш како е кога ќе отидеш во друга соба и си забораил у ствари кај си тргнал и што бараш... Е па јас во кафич како што бевме седнати надвор, влегов внатре демек накај тоалет и се исклучив скроз. :icon_mrgr: Едниот келнер ме застанува и ме прашува: - Девојче, тоалетот го бараш? Мене мозоков на офф, махинално вратив: - Го барам. Ми покажа на каде, јас со паметов малку скар сме, свртив кругче, пак изгледа на исто место се вратив. Друг келнер ме застанува (овој сеа нов): - Тоалетот ти треба? - Ааа ми треба. :vrtioci::vrtioci: Шипки знам што ми треба.
Што е најтрагично и овој нешто се размавта со рацете да ми објасни, а ја со мозоков одлетана којзнае каде, замаена скроз, демек го слушам. Свртев уште еден круг и ја гледам другаркава од надвор мафта и у ствари ми светна бојлерот у глава дека го барав тоалетот ја. :ROFLMAO:
Се вратив на маса и другаров ми вика: - Фала Богу што не отиде летово со мене у Америка, ќе те изгубев уште на аеродром. :ROFLMAO:

Ај бе се случува и на паметни... се надевам. :ROFLMAO:
Ми се спие, ми се плаче. Нека помине колоквиумскава што следи, аман заман. :vrtioci::sleep:
Ај, чао. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom