Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
После работа отидов на базен да го видам другарче од порано, отворил школо за пливање за мали деца. Во рок од 20 минути, пет пати дојдоа заинтересирани родители за децата нивни и сите со едно исто прашање - Дали е водата ладна? 
Тоа зборевме после цело време, ај што е сега водата едно 15 степена (не претерувам) потопла од пред 15-20 години, потопла е ама како прво ниеден од нашите кога не запишуваа не праша тренер за такво нешто а како второ, кај смеевме да се пожалиме на тренер дека е ладна, сместа во секундата ти уште не си кажал ла.. слушаш папуча упатена од Џајо (фискултурно кој бил, го знае) како го сече воздухот, ти се упатува накај главата и во мрак си добри 10 минути потоа
До толку бевме исчеличени што во Ниш на еден митинг само ние од Македонија се жалевме дека водата е претопла, цели 26 степени колку што и треба да е по правило и да го исклучат греењето, мислеа се спрдаме
Жими се, се чувствував како во бојлер да пливам.
не дека состојбата тогаш беше сјајна и тренирање во санти мраз е позитивно ама со ваков пристап дете не се челичи, а кивне, ќе си го чуваш на антибиотици цел живот.