Закон за забрана на пушење

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го поддржувате законот за забрана на пушење?

  • Не, треба да се укине забраната

    Гласови: 13 7,0%
  • Треба да се модифицира за да имаат угостителите поголема слобода

    Гласови: 25 13,5%
  • Да, супер е во ваква форма

    Гласови: 37 20,0%
  • Треба да биде уште поригорозен

    Гласови: 110 59,5%

  • Вкупно гласачи
    185
А шо не се забранат и цигарите после 7 ко пивото? Шо ми е гајле... :icon_mrgr:
Едно пиво ебате не можеш да купиш на раат да си го испиеш, нигде не идам, не возам, за дома бе сакам, Боже сачувај. И пак нема. Цигари на секое ќоше, санкир ако во рок од 2 саати не испушиш една цигара готово пропадна светот, апокалипса. У ствари не е проблемот во една цигара, проблемот е што се многу повеќе од тоа, без усул, ако се укине законов, гасна комора ќе биде сегде.
Летно време на отворен простор во кафич смета, пошто упорно иде димот накај тебе, не пак зимно време во затворен простор. Преку капут и џемпер, па све до душа да ти корне од цигари, па уште ќе се бунат затвори врата. Е да бе.
Себично или не, ако некој сака да се гуши, нека си се гуши. Ја не планирам.
 
За пушењето ко најтешка зависност прво треба да има бар некоја програма или било шо за да се помогне луѓево полесно да откажат (посебно во земја каде 50% се пушачи едино србиве се бетер) а не да се праат ротации ваму можеш - ваму не.Поголемиот дел од пушачите немаат проблем со тоа да не се пуши во кафичи,самите тие сакаат да ги откажат цигарите,но ова ваљда ти е ретка земја каде проблемов не се сфаќа сериозно.
 
Знаеме и двајцата дека во сите кафичи и кафани ќе се пуши.И сега ние што не се труеме (Јас лично имам проблем со дишење од димот) треба да смрдиме и да дишеме дим? Моето не-пушење не те афектира никако.
Не те разбрав баш... Како мислиш „во сите кафичи и кафани ќе се пуши“? Нели ќе биде регулирано со закон? Нели сами ќе одбираат газдите на кафичите? Нели, вие (непушачите) може да си отворите кафичи и кафани за непушачи и да не дозволувате пушење? Што е проблемот со тоа?

Твоето непушење не афектира никој, нормално.
Исто како што пушењето не би те афектирало тебе, доколку не доаѓаш во кафулиња, на пример.
 
Не те разбрав баш... Како мислиш „во сите кафичи и кафани ќе се пуши“? Нели ќе биде регулирано со закон? Нели сами ќе одбираат газдите на кафичите? Нели, вие (непушачите) може да си отворите кафичи и кафани за непушачи и да не дозволувате пушење? Што е проблемот со тоа?

Твоето непушење не афектира никој, нормално.
Исто како што пушењето не би те афектирало тебе, доколку не доаѓаш во кафулиња, на пример.
По твоево сите газди на кафани и кафичи се пушачи? :)
 
Јас лично секогаш кога пасивно пушам т.е. некој во мојата околина пуши, па и немора да е затворен просторот, а притоа јас да не можам да избегам од димот и го вдишувам, главата ме боли и имам потреба да легнам. А притоа и доста често ми се прави шлајм... И сега зошто јас да имам проблеми со здравјето и да го јадам стапот затоа што некој сакал да се труе... Ајде девојка/дечко може да бираме што не пуши, па да не трпиме цигари и дим со јаглероден моноксид катран и што ли не, другарите горе доле ајде пак можеме ќе се направи споразум, ама во некое рендом ресторантче или на некоја рендом журка во дискотека, ако некој карши тебе или околу тебе почне да пуши, ти си немоќен нема што да правиш, нема каде да бегаш и затоа треба уште помасовен да биде законот и стварно да се казнува и да функционира. Ајде нека се трујат тие - сами одлучиле, ама јас не сум одлучил да се трујам....
 
Така е, ние непушачите да си седиме дома, вие нараат, решен проблем.
Па реално, тоа е најдобар агрумент од страна на пушач, поарен нема.
Тоа не е мој аргумент, туку реплика со паралела на глупиот заклучок дека со новиот закон „секаде ќе се пушело“ со новиот закон - читај погоре.
Не да си седите тука, да си одите во локали или просторијата кај што не се пуши, како што ние ќе одиме во таа кај што се пуши.
По твоево сите газди на кафани и кафичи се пушачи? :)
Не. Од каде тој заклучок дека по мое сите газди се пушачи?
Што ви е луѓе со спиновиве? Ко напушени ми делувате :)
 
Последно уредено:
Тоа не е мој аргумент, туку реплика на глупиот заклучок дека со новиот закон „секаде ќе се пушело“ со новиот закон - читај погоре.
Не да си седите тука, да си одите во локали или просторијата кај што не се пуши, како што ние ќе одиме во таа кај што се пуши.

Не. Од каде тој заклучок дека по мое сите газди се пушачи?
Што ви е луѓе со спиновиве? Ко напушени ми делувате :)
Анкетата ја гледаш?
Демократија е ваа пустава или шпанско село?
Башка тргнуваме во разминување со цивилизираниот свет , на арно мислиш дека е? Или ти си пушач тебе ти одговара, другите нека си го гледаат чарето.
Си мислам дека знаеш дека е погрешно ама не тролаш по троа!
 
Цигарите ми сметаат премногу, ама некогаш повеќе ми смета кога на свадба или обична вечер во кафана повеќето од пола луѓе ја поминуваат надвор на цигара и се убива цела атмосфера. Ми се случувало на маса од 8 души, двајца да остануваме дур другиве се заборавиле пред локалот на пуш пауза.
 
Како да ти кажам @Che59, ама да се донесуваа законите според анкети на форум, до сега процветавме :pos:
Дали можеш да го побиеш фактот дека на анкетите на интернет најгласни се тинејџерите, како и асоцијалните типови кои најчесто излегуваат само на Facebook, оние кои најверојатно никогаш не воделе бизнис, ниту биле угостители, ниту пак поминале 13% од искуствата кои ги носи животот. Да беа анкетите некаков реален показател и демократски чин за избор на подоброто или полошото, до сега 100 пати ќе паднеше забраната за купување на алкохол после 19 часот. Дали според тебе и забраната за алкохол е добра и корисна? Дали нешто промени на подобро? И таа ќе падне, зошто е глупа. Ама забраната за пушење треба да остане - секако, со соодветно модифицирање.
 
Дали ако мене ми е дојдено до плукање, вие сте должни да ми ги газите плунките? Дали ако ми се прди, вас ќе ви биде пријатен мирисот бидејќи мене ми требало олеснување? Така е и со цигарите. Ако веќе реши владата да чепка по законот, нека го направи поригорозен.
 
Поригорозен закон и поагресивна кампања против пушењето, а пушењето вистински да се третира како болест на зависност. Тоа би значело најпросто кажано, да не се земат во предвид плачките и "аргументите" на пушачите, туку да им се помогне да се одвратат и излечат од оваа ужасна болест.
 
Добро би било и да ги зголемат цените на цигарите тоест да им наметнат акцизи.Стварно се досадни и саможивни пушачиве.Не сите ама голем дел од нив.
 
Законот си беше супер, таман време помина сите се навикнаа и си функционираше, од кај и текна сега да не враќаат у минатото. Сите кафичи/кафани зимно време си имаа отворени тераси од една страна каде на раат се пуши додека другите гости внатре не дишат срања.
И како сеа ќе и кажам на некоја ај на цигара ако сакам на само да и правам муабет :D
 
Не треба да се укине, туку треба да биде уште построг. Што се однесува до мене би го забранил и внесувањето на цигарите во државава. Ем е добро е за здравјето на сите, ем нема пушачите да ги трујат/малтретираат непушачите:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom