А што ако угостителските објекти немаат соодветна вентилација? Или побитна е лиценцата од вентилацијата? Овој муабет за намален промет држеше вода пред едно десет години кога се воведе законот, да не биде сега обратна ситуацијата, намален промет ради тоа што кај некој е пушница? А дека нема ефекти не би се сложил, немам официјални статистики, али апсолутната бројка на пушачи пред и по законов сигурен сум не е иста. И каде тоа ваков закон не донел резултати? Во Македонија да речеме и сега се пуши по кафичи зимно време под тенди и некакви импровизирани огради, додека у Америка рецимо на федерално ниво не само што треба да го напуштиш барот туку и објектот кај што е лоциран барот, ако да речеме барот се наоѓа во склоп на некој мол, не смееш ни на тераса да искочиш и да запалиш. У Шведска да речеме ако пушиш дома на тераса исто смеат да те пријават.
Па со оглед дека скоро пола држава се пушачи, статистиката би кажала дека дефинитивно може да доведе до значително намален промет.
А браво. Не ти смета пушење у кафулиња а зошто тогаш ти смета загадено Скопје?
Мислам ако сакаш да умреш побрзо имаш поефективни начини.
Каква врска има пушење во кафулиња со загаденост на Скопје?
Цитирам:
„Владата прави комплетно нов закон за пушење. Пушењето ќе се дозволи секаде, освен во локалите каде се служи храна.“
Не гледам дека опфаќа само угостителски објекти.
Предлог измениве се за тие донесени на први Јануари 2010-та, еве што опфаќа тој закон -
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕТО Член 1 Во Законот за заштита од пушењето („Службен весник на Република Македонија“ број 36/95, 70/2003, 37/2005, 103/2008 и 140/2008), во членот 2 став 1 алинејата 3 се менува и гласи: „- затворени и отворени простории во кои се одржуваат спортски натпревари,“. По алинејата 3 се додаваат две нови алинеи 4 и 5, кои гласат: „- затворени простории во кои се одржуваат културни и забавни манифестации, собири и други јавни приредби, - простор надвор од деловниот објект, наменет, уреден и опремен за давање на угостителски услуги, кој содржи дополнителна опрема (покриви, ѕидови, стакло, фолии, пластифицирани или најлонски прегради и слично) со која просторот се затвора од сите страни со што станува простор од затворен карактер,“. Алинеите 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10 стануваат алинеи 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12.
Извор -
http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2015/10/7-ZAKON-ZA-ZASHTITA-OD-PUSHEN-ETO-35.10.pdf