Нема да не биде се дур слушаме само и само српско, и кога сме сите со предрасуди за некој друг. Како народ сме многу стегнати, нема шанси да се опуштиш да напраиш муабет да се упознаеш. Кај нас не се игра на музика, кај нас се стои на коњопој и сите се со телефоните. И одма имаш реакции од типот, кој си ти, шо бараш тука, шо ме глеаш и слично
Желба ми е да искочам некаде на запад Германија, Франција а поготово Холандија и Шведска и да видам каков е ноќниот живот таму, за разлика од ноќното мртвило тука. Кај нас сите искачања се едно те исто, пиење дома , чмаење у препун локал со лоша музика, упознавање со 1-2 нови и тоа ако некој друг те упознае со неговите пријатели, па идење до силбо или нешо друго за јадење и секој по дома . Џабе фрлени пари, џабе времето